Тесла ја рекламира безбедноста на контроверзниот Cybertruck (ВИДЕО) - Канал 5

Тесла ја рекламира безбедноста на контроверзниот Cybertruck (ВИДЕО)

Не долго откако Cybertruck на Tesla заработи оценка за безбедност со пет ѕвезди, Tesla објави промотивно видео.

Тесла ја рекламира безбедноста на контроверзниот Cybertruck (ВИДЕО)

Tesla објави видео „зад сцената“, снимка од внатрешни безбедносни тестови. Crash Lab укажува на сеопфатен пристап кон активна и пасивна безбедност, така што патниците ќе останат заштитени во кабината во секое сценарио.

Безбедноста на Cybertruck досега била тестирана исклучиво од американската NHTSA (Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата) и му додели оценка со пет ѕвездички. Одличната оценка доаѓа откако ќе ги положи сите испити, но не сите со максимална оценка. Така, Cybertruck заработи една ѕвезда помалку на тестот за превртување, како и при фронтален судир, односно судир на две слични возила при брзина од 56 km/h.

Тестовите биле спроведени на модел Cyberbeast во декември минатата година. Во деталниот извештај се наведува дека тестот за удар на предната бариера покажал „100 проценти задржување на шофершајбната и немање навлегување во заштитната зона на шофершајбната“. Понатаму се наведува дека вратите на возачот и совозачот останале затворени при судирот и можеле да се отворат по судирот.

Воздушните перничиња на коленото на возачот и совозачот не се активирале, а Тесла објасни дека тоа е „намерно направено за оваа специфична тест конфигурација“. Од друга страна, предните воздушни перничиња се активирани за да ги заштитат возачот и совозачот.

Тестот за страничен удар со цврста бариера на столбот не дал значајни наоди, а страничните воздушни перничиња се активирале како што се очекувало. Слично на тоа, тестот од страничен удар со подвижна деформабилна бариера, исто така, не покажал ништо необично.

YouTube video

Tesla е без сомнение задоволен од резултатите, но вреди да се напомене дека Cybertruck не е единствениот електричен пикап со пет ѕвездички, бидејќи Ford F-150 Lightning исто така има највисока оценка за безбедност. И да, цената на оваа верзија (Cyberbeast) е дури 99.990 УСД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. 

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.10.2026 до 09.10.2026 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. 

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Случајот е документиран и со снимка од телесните камери кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД.

Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја.

Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 05.10 до 11.10.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

ЈП ПОЦ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер