Тешко болен Американец сакал да посети фабрика во Јапонија, му ја исполниле желбата со парада во Флорида (ВИДЕО)

Болеста го спречила да ја оствари желбата и да ја посети фабриката за автомобили во Јапонија, па тие му ја исполниле неговата желба.

19-годишниот Даниел од Коконат Крик на Флорида е голем обожавател на Субару, но поради тешката болест бил спречен да патува во Јапонија за да ја посети нивната фабрика. Откако се разболе од карцином на крвта, тој бил подложен на третман со хемотерапија, за што е потребно долго закрепнување. И тогаш пристигна пандемијата, што целосно му го оневозможи патувањето.

Фондацијата Make-A-Wish дојде на спасувачка идеја и со помош на локалните фан клубови и дистрибутерот на Субару организира караван на автомобили Субару кои минуваа по улицата на Даниел, веднаш до неговата куќа. Со оваа парада, на која учествувале над 100 модели на Субару , фондацијата, заедно со локалната заедница, му дадоа поддршка на Даниел во неговите напори да се излекува.

притисни ентер