Тешка сообраќајна несреќа во Хрватска:Со автомобил влетал во куќа(ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа се случила  вечерва околу 21 часот во хрватскиот град Нова Градишка, во која загинало едно лице, соопшти полицијата.

"Полициската станица Нова Градишка примила пријава за сообраќајна несреќа во која едно лице загина околу 21 часот. Ќе следи понатамошна работа и истрага", стои во полициското соопштение.

Како што дознаваат медиумите, загинал 40-годишен возач.

Како што може да се види на сликите објавени од Радио Нова Градишка, автомобилот удрил во куќа, го пробил ѕидот и завршил внатре во куќата. Како што се утврдило, немало никого во куќата.

Aктер од Прилеп натепан зошто му забележал на сограѓанин дека не носи маска

Миленкоски откако платил за она што го испазарувал излегол од маркетот. На излезот бил дочекал од истиот купувач кој во продавницата не носел маска и не држел растојание.

Михајло Миленкоски млад актер во Прилепскиот театар Војдан Чернодрински деновиве бил претепан од прилепчанец само поради тоа што во маркет каде пазарувал им предочил на еден од продавачите зошто дозволуваат да има купувачи без заштитна маска.А од својот сограѓанин кој бил без маска да држи растојание.

Миленкоски откако платил за она што го испазарувал излегол од маркетот. На излезот бил дочекал од истиот купувач кој во продавницата не носел маска и не држел растојание.

Младиот актер Миленкоски сам пред себе не може да си објасни како може во 21 век во услови на пандемија и владини мерки и препораки да биде тепан само поради тоа што барал нешто за кое инсистираат и државата и медицинските лица.

Дека Миленкоски со право реагира е и фактот што ситуацијата во Прилеп е крајно сериозна потврдуваат и последните податоции.

Со вчерашните 6 бројот на починатите од ковид 19 во Прилеп достигна 120,активни се 1048 а од почетокот на пандемијата заболени се 2708.

Зошто Обвинителството не ги третира сериозно пријавите за пиратерија

ММА веќе подолг период се борат против пиратеријата и непочитувањето на телевизиските права на дел од кабелските оператори за што имаат поднесено повеќе кривични пријави до ОЈО.

Дел од кабелските оператори флагрантно ги кршат авторските и сродните права на македонските национални телевизии, а се толерира и пиратеријата во медиумскиот простор, реагира Сашко Дуковски, адвокатот на Македонската медиумска асоцијација (ММА) која ја сочинуваат петте најголеми национални телевизии.

Сепак, Јавното обвинителство по речиси две години непостапување, ја отфрли кривичната пријава од ТВ Телма против Македонски Телеком за повреда на авторски права, објаснува Дуковски. Станува збор за боксерски меч за кој телевизијата исплатила огромна сума на пари за законско емитување, а истиот спротивно на законот бил прикажуван на друга телевизија. ЈО ја отфрла кривичната пријава без конкрени докази, само врз основа на три дописи кои ги добила однаводниот сопственик на авторски права Ин Нет Медиа, што според Дуковски е недозволиво и пример како Обвнителството не треба да работи.

-Воопшто не го повикува да го сослуша овластеното лице. Дали тоа е навистина сопственик на правата на реемитирање, во кој обем е сопственик, за што е регистрирана таа компанија...туку верува на еден обичен допис со неколку реда, не вади ни тековна состојба, ништо не изведува како доказ, не сослушува никого, туку вели нема умисла кај кабелскиот оператор Македонски Телеком за пиратерија, за повреда на авторско и сродно право затоа што тие не можеле да знаат. Кривичното дело е направено 02. 12. 2020 година. Согласно временската разлика бокс мечот се емитувал во 5 часот наутро. Како може да нема умисла, а во 5 наутро да биде замаглена програмата на кабелскиот оператор затоа што знаат дека е тоа недозволено, изјави Дуковски.

Дуковски најави жалба до Вишото ЈО, а за случајот ќе бидат информирани сите странски амбасади.

-Особено Делегацијата на ЕУ во Македонија која што на секој состанок или брифинг вели дека една од темелните вредности за влегување во европската заедница е владеење на правото. Еве како владее правото во оваа држава. На начин што имаме монопол којшто може да пушта што сака, кога сака, и да биде покриен од страна на Обвинителството, вели адвокатот.

ММА веќе подолг период се борат против пиратеријата и непочитувањето на телевизиските права на дел од кабелските оператори за што имаат поднесено повеќе кривични пријави до ОЈО.

Ковид-19 и по девет месеци останува мистерија за матичните лекари

Пациентка цел месец со температура предизвикана од Ковид 19, други пациентки се позитивни и по три недели од направените контролни тестови, а немаат симптоми, маж два пати заболел од корона вирус. 

Матичната докторка и педијатрка Мира Атансова со набројувањето на овие специфични случаи со КОВИД 19 објаснува колку вирусот е се уште непредвидлив и опасен. Во случајот со повторената инфекција од корона вирусот кај мажот вториот пат симпотмите биле многу потешки од првиот пат.

Според досегашното искуство заразените кои го изгубиле осетот за мири и вкус поминуваат со полесни симпотми. Најтешка клиничка слика се развива кај пациентите над 35 години, заразата почнува со силни болки во мускулите и губење на силата.

За педијатрите се уште е проблем закажувањето на тестовите, термините брзо се резервираат, најголем проблем е кога матичните се втора смена, тој ден не може да најдат термин.

притисни ентер