Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје, има повредени (ВИДЕО) - Канал 5

Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје, има повредени (ВИДЕО)

Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците Франклин Рузвелт и Теодосиј Гологанов во центарот на Скопје.

Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје, има повредени (ВИДЕО)

Според очевидци во сообраќајната несреќа има повредени патници, но не е познато колку се тешки повредите.

До несреќата дошло кога автомобил ,,Пасат” со скопски регистарски ознаки удрил во две други возила . Од силината на ударот , се одбил и попатно соборил столбови на улицата.

Нема детали за несреќата , а се очекува МВР да излезе со повеќе информации. Според сведок на несреќата, црниот Пасат ја поминал крстосницата на црвено и директно удрил во другото возило.

Увидот е во тек. Се очекуваат повеќе информации и видео материјали од несреќата.

Ова е третото возило, Тојота Аурис кое што исто така настрадало од директниот удар на Пасатот. Не е познато во каква состојба се возачите на овие возила , освен дека има двајца тешко повредени во цалата сообраќајка .

Неофицијално дознаваме дека две лица се тешко повредени.

YouTube video

Осомничениот за убиството на рускиот генерал Москалик тврди дека бил платен од Украина

Руските власти денеска соопштија дека осомничениот за убиството на рускиот генерал во Москва, Игнат Кузин признал дека го платила украинската безбедносна служба. Кузин призна вина по обвиненијата за тероризам.

Осомничениот за убиството на рускиот генерал Москалик тврди дека бил платен од Украина

Рускиот истражен комитет соопшти дека Кузин призна дека бил платен да го елиминира генерал-потполковникот Јарослав Москалик.

Заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руската армија, Москалик загина на 25 април во Москва откако во неговиот автомобил беше поставена бомба.

Украинските власти сè уште не го коментираа нападот.

Рубио: Наскоро треба да биде постигнат мировниот договор помеѓу Русија и Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека е потребно наскоро да се постигне мировен договор помеѓу Русија и Украина.

Рубио: Наскоро треба да биде постигнат мировниот договор помеѓу Русија и Украина

- Не можеме да продолжиме да посветуваме време и ресурси на тоа, ако не се реализира, истакна Рубио.

Но, тој не прецизира колку администрацијата на Доналд Трамп е подготвена да чека на резултатите од преговорите.

- Минатата недела беше посветена на тоа да откриеме колку овие страни се навистина блиски и дали се доволно блиски за да заслужат вложување на нашето време како посредник, посочи Рубио.

Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански, порачаа дека ќе се борат за своите права

Со порака дека ќе се борат за своите права, припадниците на македонската заедница во бугаРија денеска го чествуваа споменот на Јане Сандански, еден од најголемите македонски револуционери.

Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански, порачаа дека ќе се борат за своите права

Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин за Канал 5 вели дека ваквиот вид на настани ќе продолжат и во иднина, а иако имало најави, сепак одбележувањето поминало без инциденти.

Со него разговараше Јован Ѓорговски.

YouTube video

притисни ентер