Тешка сообраќајка во близина кај скопскиот аеродром - Канал 5

Тешка сообраќајка во близина кај скопскиот аеродром

Тешка сообраќајна несреќа на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром..

Тешка сообраќајка во близина кај скопскиот аеродром

Автомобил се преврте од надвозникот во правец на аеродромот.

Според првичните податоци на МВР повредени се повеќе луѓе. На местото на несреќата се врши увид, а засега не се познати причините за несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врачени највисоките фестивалски признанија на 65-тите Струшки вечери на поезијата

Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“ и „Браќа Миладиновци“, и меѓународното поетско читање „Мостови“ вечерва на Мостот на поезијата во Струга заврши 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата.

Врачени највисоките фестивалски признанија на 65-тите Струшки вечери на поезијата

Наградата „Златен венец“ на холандската поетеса Анеке Брасинга ѝ ја врачи в.д. директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш.

Претседателката на жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година, Наташа Аврамовска, ѝ ја додели наградата на Николина Андова Шопова за збирката „Во куќата“. Наградата се доделува за најдобра поетска книга на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата.

Во рамките на фестивалската програма, на Даниел Хајндс од Обединетото Кралство му беше врачена наградата „Мостови на Струга“, што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата ја доделуваат за најдобар поет-дебитант за стихозбирката „Нови познати фрази“. Наградата „Стојан Христов“ за 2026 година, која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и Агенцијата за иселеништво му беше доделена на Ибраим Џемаил – Скарабеус за книгата „Патешествие низ времиња“.

Уметничкиот директор на Струшките вечери на поезијата, Мите Стефоски оцени дека овогодишното издание беше успешно реализирано со околу 50 настани, богата програма и учество на значајни домашни и странски автори.

„Веројатно публиката тоа подобро ќе го оцени и сите оние кои присуствуваа на педесеттината настани кои беа дел од овогодишното издание на фестивалот. Несомнено е дека имавме успешен фестивал, ако се погледнат работите кои сме ги направиле во пресрет на изданието и кои беа реализирани. Од исклучителните творци кои ги поканивме оваа година и кои учествуваа, покрај лауреатката Анеке Брасинга, тука беше Даниел Хајнс, Михаел Кригер, Шји Чуан и шкотскиот национален поет Питер Мекеј...“, посочи Стефоски.

Тој ја нагласи и континуираната соработка со 35 фестивали во Европа во рамките на платформата „Версополис“, преку која се промовираат поети кои се сметаат за значајни идни гласови на европската поетска сцена. Оваа година во рамки на програмата учествуваа Ален Бешиќ од Србија и Гаја Џованоли од Италија, со тројазични избори од нивното творештво.

Враќањето на фестивалот во неговиот оригинален термин, според Стефоски, претставува позитивен чекор, кој не само што не го намалил квалитетот, туку придонел за подобра организација и за развој на дополнителни содржини. Тоа, подвлече,овозможува и понатамошно сообразување на фестивалот со современите културни текови и отворање кон нови модели на соработка со образовните институции, како универзитетите, основните и средните училишта, со цел развој на публика за книжевноста и за поезијата.

На 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата, учествуваа околу 70 поети од земјава и странство. Учесниците на фестивалот од Струга уште еднаш ја испратија пораката дека поезијата е универзален јазик без граници, кој ги обединува луѓето и народите од сите страни на светот.

Манифестацијата почна во средата со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитничката на „Златен венец“ и палење на фестивалскиот оган во Домот на поезијата. Струшките вечери на поезијата се одржуваат под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова, а финансирани се од Министерството за култура и туризам.

Според фестивалската програма, во рамките на „Поезијата на пат“, утре „Поетско матине“ ќе се одржи во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ин мемориам: Почина режисерот Сашо Миленковски

На 63-годишна возраст почина театарскиот режисер Сашо Миленковски.

Ин мемориам: Почина режисерот Сашо Миленковски

Роден во Битола во 1963 година, Миленковски зад себе остави богата театарска кариера во која режираше повеќе од 50 претстави, поставувајќи дела од автори како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет.

Неговиот опус се одликува со разновидност – од класични автори како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет до современи драмски текстови. Особено значајно место во неговото творештво имаат поддршката и афирмацијата на современата македонска драма.

Меѓу најзначајните негови режии се праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски во Битолскиот народен театар (1992), која освои четири награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и беше изведена на „Охридско лето“ и „Млад отворен театар“. Со оваа претстава, како и со „Буре барут“ поставена во Македонскиот народен театар во 1994 година, Миленковски даде значаен придонес во промоцијата на Дуковски, кој подоцна се етаблира како еден од најизведуваните македонски драмски автори во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија за да не си ги наруши личните релации со нив

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано работи да ја зајакне меѓународната позиција на Македонија, работи на развој на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија за да не си ги наруши личните релации со нив

Од друга страна, од СДС и од опозицијата се трудат да и штетат на Македонија.

Кога во прашање се доведуваат државни интереси, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, треба да се бранат истите.

Дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата, ни Венко Филипче, ни некој од СДС не го осуди.

Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став.

Оттука, може да се заклучи дека молкот на Филипче значи дека тој повеќе се грижи да не ги наруши личните односи со Софија, отколку да ги брани националните позиции.

Венко Филипче никогаш нема да го видите да застане на страната на Македонија, тој се позиционира таму каде што има корист, а во случајов на страната на Бугарија.

Него не го засега Македонија, ни македонските граѓани, тој има свој зацртан пат да слугува на Бугарија, оти мисли дека ќе добие нешто за возврат.

Така ја кодошеше и државата, така вели дека ќе потпише уставни измени со што Бугарите би биле внесени во македонскиот Устав, без гаранции, оти за него ништо не значи тоа.

За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе.

Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Тоа што на чело на некогашната голема СДС стои човек кој веднаш би направил ново национално предавство, а луѓето кои ги има поставено околу себе се спремни да го поддржат во тоа.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи доследно да ги брани македонските национални интереси, достоинството и позициите на Македонија, затоа што тоа е наша обврска кон граѓаните и државата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер