Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка
1Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка
СветТереза Меј ги критикуваше сопартијците за популизамПоранешната британска премиерка Тереза Меј ја критикуваше сопствената политичка партија, Британските конзервативци, за свртување кон крајно десничарскиот популизам.Тереза Меј вчеравечер ја критикуваше одлуката на конзервативците да го укинат Законот за климатски промени од 2008 година, кој бара од британската влада да ги намали емисиите на јаглерод за 80 проценти до 2050 година, оценувајќи дека тоа е „екстремна и непотребна мерка што фатално би го поткопала лидерството на Велика Британија во климатските политики, објавува Би-Би-Си. Обединетото Кралство вети дека ќе достигне нето нулта емисија за време на администрацијата на Тереза Меј, што тогашната лидерка на конзервативците, Ками Баденох, го оцени како „невозможно“ и се залагаше за екстензивно зголемување на експлоатацијата на нафта и гас од Северното Море. „Оваа објава само ја зајакнува климатската политика како линија на поделба во нашата политика, наместо да биде обединувачко прашање какво што некогаш беше“, им рече Меј на колегите членови на Домот на лордовите. Според Би-Би-Си, таквата изјава на поранешната британска премиерка би можела да го охрабри британскиот десничар, поранешен член на конзервативците и евроскептик Најџел Фараж.Тагови: Тереза Меј Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питкаДодека институциите работат и ги решаваат проблемите, СДС се обидува политички да профитира преку ширење страв и паника меѓу граѓаните.Последен пример е ширењето на лаги и манипулации за наводна загадена вода во Скопје. Прво пласираат обвинувања, а кога ќе бидат демантирани со факти, нема ниту извинување ниту одговорност. Исто беше и со водата во Гостивар. Надлежните институции ги направија потребните испитувања и потврдија дека водата е безбедна за пиење. Наместо да ги прифати фактите, СДС продолжува да создава сомнеж кај граѓаните. Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на СДС. Водата во Гостивар е безбедна, а институциите ја следат состојбата и постапуваат одговорно. Додека Филипче е на Паљури со Заев, хаосот во СДС е поголем од кога било. Наместо да измислуваат кризи, во СДС треба да се справат со сопствениот хаос. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ:По Гостивар и над 50 места низ цела Македонија, четири реки, сега и лоша вода во КривогаштаниМакедонија без безбедна вода.По пет недели од труењето на над 5.000 луѓе во Гостивар, по новиот случај, од пред два дена, во Демир Капија и по предупредувањата дека во повеќе од 50 места низ државата нема редовни анализи - еве нов случај. Во јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани утврдено е присуство на бактеријата Escherichia coli, интестинални ентерококи, Pseudomonas aeruginosa и зголемен број на колиформни бактерии. Водата и од оваа јавна чешма не е безбедна за пиење. Ова веќе е системски колапс. Гостивар. Демир Капија. Кривогаштани. И уште десетици места за кои јавноста нема никакви информации. Додека премиерот Мицкоски оди на увид на фекална канализација во Идризово и држи здравици преку посредници, граѓаните низ цела Македонија продолжуваат да пијат вода со фекални бактерии. За Гостивар сè уште нема официјален документ со кој се потврдува чистотата на водата и комплетна анализа. Сè уште нема одговорна личност која стои зад таа одлука - освен „чувството“ на Мицкоски. Сè уште Обвинителството не дало одговор кој дозволил Гостивар со недели да пие отруена вода. Одговорноста не може вечно да се избегнува. Скопје, 16.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУкраински дронови нападнаа повеќе цели близу Москва, Русија возврати со ракетни напади врз КиевУкраинските сили во текот на ноќта извршиле напад врз цели во московскиот регион во Русија. Според каналите што ја следат војната, меѓу целите биле магацин на големиот руски онлајн-трговец „Wildberries“, како и неколку населени места во близина на Москва. Каналот „Exilenova Plus“ известува дека избувнал пожар во најголемиот магацин на „Wildberries“ во Русија – лоциран во селото Коледино близу Москва – по украинскиот напад. Истиот извор пренесува дека за време на нападот се запалил и производно-логистичкиот комплекс „Северен Домодедово“ во градот Домодедово. „Exilenova Plus“ исто така известува за украински напади и дејствување на противвоздушната одбрана во градот Чехов. Руските власти сè уште официјално не ги коментирале нападите. „Kyiv Independent“ не можеше независно да ги потврди овие наводи. Украина редовно изведува напади врз воената инфраструктура длабоко во руската територија и на окупираните територии. Целта на овие операции е да се ослабат воените капацитети на Русија. „Exilenova Plus“ исто така известува за украински напади и дејствување на противвоздушната одбрана во градот Чехов. Руските власти сè уште официјално не ги коментирале нападите. „Kyiv Independent“ не ги потврди овие наводи. Украина според овие медиуми редовно изведува напади врз воената инфраструктура длабоко во руската територија и на окупираните територии. Целта на овие операции била слабеење навоените капацитети на Русија. Руските сили, пак, извршија ракетни и беспилотни напади врз Киев рано утрината, предизвикувајќи пожари во најмалку два округа на главниот град на украина, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко, посочувајќи дека најмалку три лица биле повредени.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter