Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ФудбалТер Штеген: Сакав да бидам дел од Жирона, тие се како семејство, но најлошото се случи, ќе отсуствувам неколку месеци поради операцијаГолманот Марк-Андре тер Штеген проговори за својата повреда. - Повеќето од вас не ме познаваат лично, па затоа сакам да споделам нешто со вас. Јас сум позитивна личност. Отсекогаш сум имал ваков став и го одржував низ сите тешкотии со кои се соочив, но оваа е особено тешка за мене. Минатиот викенд се случи најлошото: се повредив за време на натпревар. Токму пристигнав во Жирона, каде што бев пречекан со топло и пријателско добредојде уште од првата минута. Навистина се радував што ќе бидам дел од тимот и ќе помогнам во остварувањето на нашата заедничка цел. Мојата улога сега е целосно променета, но мојата поддршка за тимот ќе остане непоколеблива. Ова не е само одлична група играчи и тренерски персонал, тие се како семејство и ја чувствував нивната поддршка и блискост од самиот почеток. За спортистите, најголемата радост е натпреварувањето, тренингот и играњето. Ќе морам сето тоа да го одложам на неколку месеци бидејќи решив да се оперирам. Ќе се вратам“, напиша Тер Штеген на социјалните мрежи. Тој е член на Барселона и е позајмен на Жирона. Се повреди на натпреварот против Овиедо (0-1). Беше објавено дека Германецот претрпел сериозна повреда на мускулот - кинење на тетивата. Тој ќе биде опериран в петок. Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Кочани, пронајдена дрога, лишени од слобода три лицаНа 22.09.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода С.Д.(30), Р.К.(30) и 24-годишната Д.А., сите од Кочани. При претрес во домот на С.Д. во кој биле затекнати Р.К. и Д.А., извршен со наредба од Основен суд Кочани, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, дигитални ваги и пари во различни апоени. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНапаѓачот кој пукаше кај училиште во Маниса го најавил нападотПо вчерашниот вооружениот инцидент во средно улилиште во Маниса во кое беа повредени 11 ученици, истрагата утврдила дека напаѓачот преходно го најавил нападот не негов роднина, но дека не бил сватен сериозно.Истрагата утврдила и дека напаѓачот, кој пукаше со пушка кон учениците, претходно околу еден месец пред нападот вежбал пукање со пушката на неговата баба, муницијата ја купил во продавница за ловна опрема за 600 турски лири што му ги дала неговата баба. Меѓу приведените се и родителите на осомничениот,неговите баба и дедо, како и сопственикот на продавницата за ловна опрема каде што била купена муницијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијатаНа две собраниски комисии денеска беше разгледана национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година. Според првиот човек на антикорупциската и дел од рпатениците стратегијата не смее да остане на хартија и порачаа дека е потребна заедничка воља за нејзино спроведување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter