БалканТепачка во косовското собрание (ВИДЕО)Неколку пратеници на косовското собрание се степаа при крајот на седницата на која се разговарало за исчезнатите лица.Прво, настанал вербален конфликт, за да прерасне во физички. Ситуацијата се напнала непосредно пред крајот на сесијата, додека членот на Самоопределување, Сара Богујевци, која била иницијатор на седницата, се обрати на говорницата, пренесува „Косово онлајн“. Според наводите на социјалните мрежи, иницијатори на конфликтот биле пратениците на Демократската лига на Косово на Иса Мустафа. Заменик претседателот на Собранието, Арбери Нагавци неколку пати ги предупредувал пратениците да седнат за да продолжи седницата, сепак тие го продолжиле вербалниот конфликт, што се претворил во физички. После тоа, пратениците заминале на пауза. Косовскиот премиер Авдулах Хоти смета дека е неприфатливо однесувањето и јазикот на некои членови на Собранието на Косово, за време на интерпелацијата во врска со прашањето за исчезнати лица според Вашингтонскиот договор, пренесува „Косово прес“. „Хоти оцени дека ваквото однесување е надвор од кој било стандард на политичка комуникација, особено денес кога тема на дискусија е судбината на исчезнатите, многу чувствително прашање што косовските институции го третираат со голема посветеност“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотФото: Принцот Хари и Меган за првпат заедно во јавност по враќањето во Велика БританијаПринцот Хари и Меган за првпат заедно по враќањето во Велика Британија,-Се прегрнуваат со луѓе и позира за селфија.Војводата и војвотката од Сасекс го посетија хуманитарното студио во Нотингем, а планираат да посетат и други локации. Принцот Хари и неговата сопруга Меган вчера пристигнаа во Нотингем, во регионот Источен Мидлендс. Ова е нивниот прв заеднички јавен ангажман откако се вратија во Велика Британија, по шест години живот во Калифорнија. Според Би-Би-Си, војводата и војвотката од Сасекс го посетија студиото за снимање „Community Recording Studio“, а нивната агенда во градот вклучува посети и на две други локации. За време на средбите со присутните, Хари и Меган се прегрнуваа и позираа за „селфи“ фотографии. Предвидено е двојката да посети и банка за храна. Тие се вратија во Велика Британија во август, придружувани од своите деца – седумгодишниот принц Арчи и петгодишната принцеза Лилибет. Ова враќање доаѓа шест години откако се повлекоа од своите улоги како активни членови на британското кралско семејство и започнаа нов живот во Калифорнија. Во писмо од септември, испратено во име на кралот Чарлс III од страна на Лорд Чемберлејн – висок функционер во британскиот кралски двор – се наведува дека Хари и Меган, како приватни лица, немаат право да ги користат титулите „Негово Кралско Височество“ и „Нејзино Кралско Височество“. Во писмото се потврдува дека договорот постигнат во 2020 година, познат како „Договорот од Сандрингем“ – со кој беа утврдени условите за нивното повлекување од кралските должности – останува во сила. Ова практично ја исклучува можноста за таканаречено делумно членство, односно статус „наполовина внатре, наполовина надвор“. Со други зборови, Хари и Меган не можат истовремено да се занимаваат со сопствени комерцијални потфати и да ги извршуваат должностите како активни членови на британското кралско семејство.Тагови: принц Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Границата решето - Мицкоски го штити швајцарецот ТошковскиГраницата е „швајцарско сирење“ по признание на Тошковски ама тој како министер што раководи со полицијата и е надлежен за границата е заштитен. Христијан Мицкоски му обезбедува заштита на швајцарецот Тошковски. И обратно. Тошковски му обезбедува заштита на Мицкоски и на организираната криминална група. Полицијата наместо да му служи на народот, и служи на бандата. „Кога-тогаш“ вели Мицкоски, значи одговорност нема од никој. Исто како што Тошковски велеше „брат да ми е, ќе одговара“ а никој не одговара. 5 тони дрога поминаа преку граница, одговорност нема. Груби прво го пуштија, па го пречекаа на граница со камери и црвен килим. На крај повторно го пуштија. Видовме сите како, со факли и прослава. Па уште Мицкоски и јавно го брани. Вели не бил организатор, се извинил. Бандата треба да знае дека одговорност ќе има, сите до еден ќе одговараат. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара, пред независно судство и пред Лаура Ковеши. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на Пленарната сесија од Годишните средби на ММФ и Светска банкаВо услови на глобална неизвесност фискалната дисциплина и структурните реформи се клучни за одржлив раст.Фискалната дисциплина, ефикасното управување со јавните расходи и забрзувањето на структурните реформи се клучни за зачувување на економската стабилност и обезбедување одржлив раст во услови на зголемена глобална неизвесност. Глобалната економија и натаму покажува отпорност, но повторените економски шокови ги намалуваат расположливите фискални и енергетски резерви, додека инфлациските притисоци остануваат предизвик за голем број земји. Во вакви услови, внимателното водење на макроекономските политики е од суштинско значење за зачувување на ценовната стабилност и спречување на дополнително засилување на инфлацијата. Ова беа клучните пораки на Пленарната сесија од Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествуваше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. На Пленарната завршна сесија на Годишните средби во Бангкок се обратија генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, претседателот на Групацијата на Светската банка, Аџај Банга, и претседателот на Годишните средби и гувернер на Централната банка на Парагвај, Карлос Карваљо Спалдинг. „Во услови на глобална неизвесност и повторени економски шокови, одговорното управување со јавните финансии е основа за стабилна економија. Нашиот фокус е на фискална консолидација, поефикасно користење на јавните средства и спроведување структурни реформи што ќе ја зголемат продуктивноста, ќе ги поттикнат инвестициите и ќе ја зајакнат конкурентноста на домашната економија. Целта е да обезбедиме одржлив раст и подобри перспективи за граѓаните и компаниите“, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во рамки на Годишните средби кои се одржуваа во Бангкок изминатата недела, министерката Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на ИФЦ за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на Светската банка за Конституенцата во која членува нашата земја, Јуџин Ругенат. На средбите беше истакната важноста на забрзувањето на реформите, реализацијата на стратешките инвестиции и поддршката на приватниот сектор како двигател на економскиот раст. Министерката исто така оствари средби и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај. Во фокусот на средбите беа фискалната консолидација на среден рок, одржувањето на фискалната дисциплина и спроведувањето реформи за зајакнување на отпорноста на јавните финансии, со истовремена поддршка на инвестициите и економскиот раст. Учеството на Годишните средби овозможува размена на мислења и искуства со претставници на меѓународните финансиски институции и носители на економските политики, како и согледување на глобалните економски трендови и нивното влијание врз националните економии. Пораките од средбите ја потврдуваат важноста на доследни и одговорни економски политики, одржливи јавни финансии и континуирани реформи како основа за долгорочна стабилност, конкурентност и економски раст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter