Тепачка на крузер - Канал 5

Тепачка на крузер

Сигурно вака не си го замислувате вашето крстарење

Тепачка на крузер
Инцидентот се случил на еден од бродовите на Карнивал

Додека чекале ред за храна неколку патници почнале да се расправаат со една жена бидејќи сакала да земе храна без да чека ред.

И поради тоа настанала кавга која набрзо прераснала во физичка пресметка.

Почнале и столици да летаат наоколу. Обезбедувањето реагирало брзо а со тоа спречило и поголем инцидент.

Погледнете:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит Швајцарија

Македонија и Швајцарија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го отвораат новиот циклус во Лигата на нации.

Лига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит Швајцарија

За првпат Македонија е дел од Б-сегментот, а во првиот напревар ќе се соочи со фаворитот во групата, во која се наоѓаат уште и Шкотска и Словенија.

Селекторот Гоце Седлоски очекува во овие натпревари репрезентацијата да покаже поголем карактер, отколку на последните четири натпревари, на кои немаше постигнато гол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во Дуќанџик

Во Косово вчера бил уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик.

На Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во Дуќанџик

Според информациите, тој бил уапсен од косовската полиција, во меѓународна акција за недозволена трговија со дрога на територија на Република Косово. За Кучи беше распишано централна и меѓународна потерница, а по вториот осомничен сè уште се трага.

Тешкиот инцидент се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Кучи заедно со И.С. се сомничи дека пукал кон група лица од мотоцикл во движење. Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сенаторите бараат од Трамп да ја повлече поканата на Путин: Му се дава легитимитет со доаѓањето на Г20

Група од 14 американски сенатори од Републиканската и Демократската партија побараа од американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече поканата до рускиот претседател Владимир Путин .

Сенаторите бараат од Трамп да ја повлече поканата на Путин: Му се дава легитимитет со доаѓањето на Г20

Група од 14 американски сенатори од Републиканската и Демократската партија побараа од американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече поканата до рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на самитот на Групата 20 (Г20) во Мајами во декември.

„Претседателот (на Русија) Владимир Путин сноси единствена одговорност за започнувањето на војната против Украина“, велат сенаторите во писмо, според Вашингтон пост (WP).

Сенаторите рекоа дека учеството на Путин на самитот на Г20 во САД би предизвикало сериозна загриженост бидејќи, како што рекоа, тоа би ги легитимирало и нормализирало односите со владата која, како што рекоа, продолжува да напаѓа украински цивилни цели секојдневно.

Американските сенатори, исто така, рекоа дека Путин можеби има помал поттик да се согласи на прекин на огнот во Украина ако не е изолиран од остатокот од меѓународната заедница.

Писмото го предводеа сенаторите Роџер Викер, републиканец од Мисисипи, и Џин Шахин, демократска сенаторка од Њу Хемпшир, а го потпишаа уште шест демократи и шест републиканци.

Викер е претседател на Комитетот за вооружени сили на Сенатот, додека Шахин е највисоко рангиран демократ во Комитетот за надворешни односи на Сенатот.

Американскиот државен секретар Марко Рубио во среда објави дека Путин е поканет и рече дека самитот е „можност да се разговара не само со претседателот, туку и со други светски лидери“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер