Теодоракис: Го следиме националниот, а не партискиот компас и затоа го поддржавме договорот

Парламентот денеска донесе одлука што им служи на интересите на Грците и ја зајакнува безбедноста во регионот, рече лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис по ратификацијата на Договорот од Преспа.

Теодоракис, заедно со двајца негови сопартијци, кои поради распаднатата пратеничка група на Река станаа независни пратеници гласаа „за" ратификацијата на Договорот од Преспа.

-Река, имајќи го како водич националниот, а не политичкиот компас го поддржа Договорот од Преспа кој ја крши монополизацијата на „Македонија" од соседната земја. Грчката Македонија нема од што да се плаши. Напротив, во наши раце е да остане примарна сила во економијата, производството, во културата. Нашето геополитички чувствително соседство има потреба од доверба и соработка. Континуирано да ги зајакнуваме оние работи што не обединуваат, а не оние кои не разделуваат. Ова беше и ќе остане голем залог на Балканот. Треба да го добиеме, рече Теодоракис. /MИА

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

притисни ентер