Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
2Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
БалканТензии во и пред Собранието на Војводина додека се гласаше за буџетотВо тензична атмосфера денеска беше изгласан експресно и без расправа буџетот на Собанието на Војводина, по што опозицијата најави дека ја напушта салата поради несогласување и ќе им се придружи на студентите кои протестираат, јавија српските медиуми.Новинарите не можат да присуствуваат на седницата бидејќи не им дозволува обезбедувањеето и тие се во холот меѓу излезот и салата за седници. Влез во салата им беше овозможен само на 15 минути на фоторепортери и сниматели, јавија новосадските медиуми. Претставниците на опозицијата во Собранието на Војводина денеска побараа оставки од претседателот на Парламентот на Војводина, Балинт Јухас и од претседателката на покраинската влада, Маја Гојковиќ. Отгкако тоа не им беше прифатено најавија напуштање на Собанието иако има уште точки за разгледуавње и гласање. Покраинскиот пратеник од Движењето на слободни граѓани (ПСГ) Радивоје Јововиќ изјави дека опозицијата бара кривична одговорност и за поранешниот потпретседател на Собранието на Војводина, Дамир Зобеница. „Дамир Зобеница испрати насилници да тепаат студенти и организирано насилство врз граѓани. Тој поднесе политичка оставка, но бараме и кривична одговорност. За таквите има само едно место, а тоа е затворот“, изјави Јововиќ. Го обвини Јухас дека спречува слободно изразување од говорницата. „Не спречува слободно да зборуваме на собраниската говорница, а овој дом го претвори во касарна за режимските полицајци, насилници и тепачи. Или ќе поднесе оставка или ќе биде разрешен“, рече Јововиќ. Според него, опозицијата бара оставка од Маја Гојковиќ бидејќи таа рекла дека зградата на железничката станица во Нови Сад била најбезбедна во Европа, а таму загинале 15 лица. „Покрај овие теми, немаме за што друго да разговараме денеска, додека со нашата држава и покраина владеат криминалци, ако нема правда за народот, ако нема правда за Војводина, додека криминалците не ја напуштат оваа куќа, висок дом на Војводина - нема да има мир за владата“, рече Јововиќ, пренесе Бета. Обезбедувањето на Собранието на Војводина утрово пред почетокот на седницата ги претресуваше пратениците од опозицијата, а потоа го заклучи главниот влез на зградата на покраинскиот парламент, јави Бета. „Ние новинарите практично се наоѓаме во некаква тампон зона, во собраниската сала. Не ни е дозволено да влеземе во салата и не можеме да излеземе затоа што сме заклучени надвор“, извести репортерот на Бета од покраинскиот парламент. Пред зградата има голем број студенти кои прават голема врева - дуваат свирчиња и вувузели. Студентите носат транспаренти „Дали се слушаме?“, „Ние сме овде во мир, а вие сте во панцири“, „Каде нема правда, отпорот станува должност“, „Вие сте пирејот на Србија, време е да се искорени“. Фото: 192Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаНов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евраДве вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа. Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани. Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските. Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литарОд ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното.. Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08