Тенк прегази автомобил на влезот на Киев (Вознемирувачко видео)

Sky News ја потврди автентичноста на снимката на која се гледа како воено возило преминува цивилен автомобил во Киев.

Инцидентот се случил на околу 10 километри северно од зградата на украинскиот парламент.

Објавено е видео на кое се гледа како група луѓе се обидуваат да го извлечат возачот од згмечениот автомобил. Би-Би-Си јави дека еден постар маж бил извлечен жив од смачканиот автомобил.

Индипендент наведува дека до видеото дошле преку локален жител кој рекол дека „руските ослободители“ газат цивилни автомобили на улиците на Киев.

Сепак, се уште нема официјална потврда на која земја и припаѓа тенкот. Некои пишуваат дека всушност се работи за украинско оклопно возило, а не за руско и дека возачот изгубил контрола над тенкот.

Иранската влада свика итен состанок по смртта на Раиси

Иранската влада за денеска свика итен состанок по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амир Абдолахиан во хеликоптерска несреќа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Според фотографијата што ја објави агенцијата, столицата на која обично седи Раиси е празна и покриена со црна лента во спомен на претседателот.

Иранските државни медиуми емитуваат исламска молитва меѓу извештаите за смртта на Раиси и уште осум други лица откако хеликоптерот со кој патуваа се урна во иранската провинција Источен Азербејџан.

На профилот на Раиси на Х се објавени стихови од Куранот.

„Мир со Ебрахим. Навистина, така ги наградуваме оние што прават добро. Тој беше еден од нашите верни слуги“, се вели во стиховите од Куранот на профилот на Раиси.

Раиси беше втората најмоќна фигура во политичката структура на Иран по врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори

Девет лица загинаа во два напада врз кандидати на локалните избори на 2 јуни во Чиапас, јужно Мексико, соопшти синоќа обвинителството во тој регион познат по организираниот криминал.

Еден од двајцата кандидати е повреден во нападите што се случија ноќта меѓу саботата и неделата, се наведува во соопштението.

Чиапас веќе неколку дена е цел на напади врз кандидатите за општинските избори.

Од септември, најмалку 28 кандидати за локална функција се убиени низ Мексико, според најновите податоци на невладината организација Дата Сивика.

Насилството ги погодува сите партии и владејачката левичарска Морена, како и опозициските партии и коалиции.

Нарко картелите и организираните криминални банди сакаат да „наметнат кандидати“ на изборите, изјави неодамна локалниот обвинител.

Според него, начинот на работа е речиси ист. „Криминалците избираат кандидат и им даваат до знаење на другите дека немаат право да се кандидираат“, рече тој.

На 2 јуни, Мексико се подготвува да ги одржи најголемите избори во својата историја - претседателски, парламентарни, регионални и локални.

Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица

 Русија погоди одморалиште во близина на Харков и ги нападна околните села, при што загинаа најмалку 11 луѓе, а повеќе се повредени.

Ракетните напади се најнови во серијата континуирани руски напади во последните недели врз регионот на вториот по големина град во Украина во североисточна Украина, каде руските сили започнаа офанзива.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги повика западните сојузници да испратат дополнителни системи за воздушна одбрана во Киев за да го заштитат Харков и другите градови.

„Светот може да го запре рускиот терор, а за да се направи тоа, мора да се надмине недостигот на политичка волја меѓу лидерите“, напиша Зеленски на Телеграм.

„Два 'Патриота' за Харков можат да направат темелна разлика. Системите за противвоздушна одбрана за другите градови и дополнителната поддршка за војниците на фронтот ќе го осигураат поразот на Русија, додаде Зеленски.

притисни ентер