Тенискиот менаџер Циријак со навреди кон Серена Вилијамс, таа е дебела!

Еден од најмоќните луѓе во светскиот тенис, милијардерот Јон Циријак повторно упати навредливи зборови за легендарната шампионка Серена Вилијамс.

Циријак и порача на Серена дека е време за пензија.

Уште од почетокот на кариерата, најтрофејната светска тенисерка Серена Вилијамс е цел на критика поради својот физички изглед.

Циријак кој е сопственик на тенискиот мастерс во Мадрид сега упати срамни зборови кон 39-годишната Серена.

- Ако има и малку пристојност, таа мора да замине во пензија. Со толку години и толкава тежина, таа веќе не се движи како некогаш. Серена беше сензационална тенисерка, но сега мора да се повлече, кога ќе се погледнат сите аспекти, изјавил романскиот милијардер.

Серена Вилијамс со освоени 23 Грен слем титули е најтрофејната светска тенисерка и денеска на 39-годишна возраст таа и понатаму е една од најдобрите тенисерки на планетата.

Коментари на сметка на нејзиниот изглед имало и ќе има.

По овој коментар на Циријак сега се чека на реакцијата на Серена која редовно знаела да одговори на навредите.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер