3Трагедија во Франција: Авион што превезувал падобранци се урна во предградие на Нанси– се стравува дека има десетина загинати
ТенисТенисерката Вознијацки боледува од тешка болестДанската тенисерка Каролина Вознијацки соопшти дека боледува од ревматоиден артрит , што и бил дијагностициран пред почетокот на US Open.Вознијацки првите симптоми ги забележала во јули , по завршувањето на турнирот во Вимблдон , но помислила дека има грип . Во август во Монтреал се разбудила наутро и сфатила дека не може да ги крене рацете над главата. Тогаш помислила дека има проблем со жлездите и отишла на испитувања кои покажале дека боледува од ревматиден артрит. И покрај страшната дијагноза, тенисерката продолжила да се натпреварува , па дури и го освои првото место на турнирот во Кина. ,,Кога дознав , бев шокирана. Мислите дека како спортист сте максимално физички подготвени, по што сум позната , а тогаш во одреден момент дознавате дека ви претстои тешка битка со автоимуна болест.” , изјави денеска тенисерката. Таа на турнирот во Сингапур денеска изгуби од Укараинката Елина Свитолина и не се пласира во полуфиналето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУжас во Струга: Мајка си ги оставила двете деца да спијат во автомобилот, додека била на работа ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга ги затекнале децата како спијат, соопштуваат од СВР Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВозеле камиони во спротивна насока на патот Гостивар- Тетово, двајцата се уапсени Лишени од слобода двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово, следуваат кривични пријави.На 27.06.2026 во 11:30 часот на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на движење. Исто така, на 27.06.2026 во 12:30 часот, на патот Гостивар– Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници го лишија од слобода и М.Д. (55) од с. Фалише, затоа што со товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец за движење. Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
ЕвропаТрагедија во Франција: Авион што превезувал падобранци се урна во предградие на Нанси– се стравува дека има десетина загинати Авион се урна денеска во предградието на францускиот град Нанси, а се стравува дека има многу жртви, јавуваат локалните медиуми.Авионот паднал на тревна површина покрај улица, во близина на куќи, а бројни противпожарни екипи биле испратени на местото на настанот. Според некои извештаи, се стравува дека може да има десетина жртви. Авионот, како што се вели, превезувал група падобранци кои планирале да изведат скокови на еден настан. Полициските службеници го затвориле тој дел од градот, а префектот на регионот Мерт-ет-Мозел е на местото на настанот, кој подоцна ќе одржи прес-конференција. - Несреќата се случила околу 11 часот наутро. Минував со мојот автомобил додека одев на шопинг, кога го видов авионот како се спушта и паѓа на земја - изјавил очевидец, пренесе РТЛ.Тагови: авион падобранци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook