3Тројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристи
ТехнологијаТелевизија во Словенија доби робот за водителка на вести, гледачите згрозениПоследниве денови Словенците беа прилично згрозени од фактот дека вештачката интелигенција во оваа земја почна на големо да ги менува луѓето.Досега најдалеку во овој поглед отиде Меркатор, кој ја замени вистинската ТВ водителка од крв и месо на својот канал М Сосеска со дигитален. Таму Ота Р. Мерц, чие име е анаграм на зборот Меркатор, ги пречекува гледачите и ги информира за сите новости. Овој потег на Меркатор предизвика огорченост кај многу Словенци, меѓу кои и новинарот Миша Марган, пишува Журнал 24. „Гледам филм и наеднаш на екранот се појавува Ота Р. Мерк, дигитална вештачка водителка која кажува бла бла пораки без трошка емпатија и емоции. Ми падна вилицата, не поради рекламата затоа што не се сетив што рече, но поради фактот што нашиот „најдобар сосед“ ни нуди застрашувачки поглед во иднината. Иднина во која повеќе нема да ни требаат ТВ водители, доктори, наставници... туку сите ќе бидат „ вештачки интелигентни“ луѓе. А потоа се прашувам дали човештвото сè уште е потребно на овој свет“, напиша Марган. Во продолжение го пренесоа и појаснувањето на Меркатор. „Ние во Меркатор сме иноватори. Бевме првите што ги воведовме фискалните каси на TikTok, бевме меѓу првите што понудивме автоматски каси, а како иноватори со задоволство пробуваме нови технологии и пристапи. Ова важи и за употребата на вештачка интелигенција да ги тестираме на податоци врз основа на кои можеме да донесеме подобри деловни одлуки или ги тестираме во други области, како што е комуникацијата“, велат тие и додаваат дека дигиталната водителка Ота служи за пренесување класични корпоративни пораки на неделна основа. „Бидејќи се работи за неделни содржини, класичното производство на овој формат би било исклучително напорно во однос на време и трошоци, но вештачката интелигенција ни помага во брзото и агилно создавање“, велат во Меркатор и својот потег го оцениле како храбар, објави Јутарњи лист.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилствоДенеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде непосредно се запозна со нивната секојдневна работа, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите што ги постигнуваат.Во периодот од 2022 до 2026 година евидентирани се вкупно 1.275 пријавени настани на семејно насилство, и тоа: 326 во 2022 година, 216 во 2023 година, по 273 во 2024 и 2025 година и 187 во 2026 година, заклучно со денес. Податоците покажуваат и значително унапредување на ефикасноста во постапувањето. Во 2022 година по брза постапка биле процесуирани 10 случаи и изречени четири мерки на претпазливост, во 2023 година 18 случаи и седум мерки, во 2024 година 25 случаи и 11 мерки, во 2025 година 34 случаи и 15 мерки, а во 2026 година, заклучно со денес, процесуирани се 52 случаи и изречени се 23 мерки на претпазливост. Во споредба со 2022 година, бројот на случаи процесуирани по брза постапка и изречени мерки на претпазливост е зголемен за повеќе од пет пати, што укажува на побрза, поорганизирана и поодлучна институционална реакција. Министерот Тошковски истакна дека семејното насилство се третира со највисок степен на сериозност и дека приоритет останува обезбедувањето навремена заштита за секоја жртва, како и брза и решителна реакција кон сторителите, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп за средбата со Зеленски: Му реков: „Сакам оваа војна да заврши“Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека одржува добри односи со претседателот на Русија, Владимир Путин, и со Владимир Зеленски, и покрај тековниот конфликт во Украина.-Во добри односи сум и со двајцата. Во добри односи сум со претседателот Путин. Во добри односи сум со претседателот Зеленски - рече Трамп за време на обраќањето пред новинарите во Овалната соба. Тој истакна дека му рекол на Зеленски оти сака војната да заврши. Би сакал тој да ја заврши војната... Му реков: ;Сакам оваа војна да заврши; им изјави Трамп на новинарите. Зеленски се сретна со Трамп во Белата куќа во вторникот вечерта, а средбата се одржа зад затворени врати. По средбата, Зеленски изјави дека Трамп наводно се согласил да му додели на Киев дозволи за производство на пресретнувачки ракети за противвоздушните ракетни системи Патриот. Самиот Трамп, без да наведе детали, рече дека разговорите со Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поминале многу добро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
БалканТројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристиЈужна Европа и натаму е во пламен. Разорните шумски пожари и натаму беснеат во повеќе европски земји, оставајќи зад себе уништени домови, опожарени шуми и илјадници евакуирани жители и туристи. Најтешка е состојбата во Грција, каде што во борбата со огнената стихија животот го загубија тројца пожарникари. На југот на островот Крит беснеат најголемите пожари. Двајца пожарникари загинале откако со службеното возило ја изгубиле ориентацијата во густиот чад, додека уште еден нивен колега бил пронајден мртов во близина на пристаништето Гитео на Пелопонез. Причината за неговата смрт сè уште не е соопштена. Поради силните ветрови, хеликоптерите и противпожарните авиони привремено ги прекинаа летовите, што дополнително ја отежна борбата со пожарите. Евакуирани се неколку населени места, а околу 6.000 туристи биле погодени од евакуациите. Грчките власти предупредуваат дека опасноста останува исклучително висока и во наредните денови. -Во името на целиот владин кабинет изразувам длабоко сочуство кон семејствата на загинатите пожарникари, кои ги загубија своите животи во борбата со пламените јазици, додека се обидуваа да ги спасат животите на своите сограѓани, и нивните домови. Државата ќе ги одликува со најголеми почести. Владата ќе застане зад нивните семејства и ќе ги зајакне акциите со кои ќе се превенираат ефективно заканите од климатската криза – изјави Мицотакис. Во Франција пак, пожарникарите се борат со десетици активни пожари. Во јужниот департман Вар се евакуирани неколку стотици жители, а нови огнени жаришта се регистрирани и во шумите, јужно од Париз, каде што веќе изгореле повеќе од 120 хектари. Во регионот кај Бордо, каде што пожарите ова лето уништија околу 42 илјади хектари, состојбата постепено се стабилизира и властите најавуваат враќање кон нормален живот. Во исто време нови пожари се шират и во Шпанија. Најкритично е во Националниот парк на границата со Португалија, каде што се евакуирани дванаесет населени места и речиси илјада жители. Иако во делови од земјата мерките постепено се укинуваат, околу 9.500 луѓе во регионот на Мадрид сè уште не можат да се вратат во своите домови. Со пожарите се бори и Турција. Во туристичката област Анталија противпожарните екипи веќе неколку дена интервенираат на повеќе жаришта, а дел од населението е евакуирано како мерка на претпазливост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter