ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
1Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција, пристигнуваат 100 нови амбулантски возила
2ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
ТехнологијаТелескопот „Еуклид“ полетува во вселената- ќе ги истражува темната материја и енергија (ВИДЕО)Од космодромот Кејп Канаверал во Флорида, денеска со ракета Фалкон 9 на компанијата Спејс Икс треба да биде испратен во вселената европскиот вселенски телескоп Еуклид.Од космодромот Кејп Канаверал во Флорида, денеска со ракета Фалкон 9 на компанијата Спејс Икс треба да биде испратен во вселената европскиот вселенски телескоп Еуклид кој ќе ги истражува двете големи мистерии на универзумот - темната материја и темната енергија. Тие два елемента, теоријски и невидливи, сочинуваат 95 отсто од универзумот, но речиси ништо не се знае за нивната природа. Вселенскиот брод што ќе ја го понесе Еуклид треба да полета во 15:11 часот по средноевропско време. Се верува дека темната материја објаснува зошто, меѓу другото, галаксиите не се распрснуваат во ѕвездени јата. Што се однесува до темната енергија, нејзиното постоење е неопходно за да се објасни забрзаното ширење на универзумот. Во обид да се отстрани превезот од овие мистерии, мисијата на Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе изработи тридимензионална мапа на универзумот, која опфаќа две милијарди галаксии, но само една третина се видливи за луѓето. Третата димензија на мапата ќе биде времето. Еуклид ќе нурне во далечното минато на универзумот, создаден пред 13,8 милијарди години. Еуклид ќе биде лоциран блиску до вселенскиот телескоп Џејмс Веб, на 1,5 милиони километри од Земјата, што ќе му гарантира трајна изложеност на сонце со соларни панели. Неговите први слики се очекуваат во октомври, но од ЕСА велат дека ќе биде потребно многу подолго за какви било откритија, по анализата на планината податоци што се очекува да ги обезбеди Евклид. Мисијата вредна 1,5 милијарди евра би требало да трае до 2029 година, а можеби и подолго доколку се дознае нешто повеќе за универзумот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени. Под влијание на серија влажни воздушни бранови во четврток и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило12 возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, a двајца под дејство на алкохол.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник и двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол. Три лица во Битола, две лица во Прилеп (еден малолетник), две лица во Скопје и по едно лице во Ропотово, Кичево, гостиварско, Гостивар и Ресен. На возачот во Ресен му биле измерени и 0,92 промили алкохол во крвта. Под дејство на алкохол, исто така, возеле по едно лице во Кратово и Македонска Каменица. Возачот во Кратово претходно предизвикал сообраќајна незгода, односно со возилото кое го управувал удрил во паркирано товарно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКонтурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
МакедонијаКонтурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерваКонтурите на владината реконструкција начелно познати, кадровските решенија се уште остануваат во доменот на шпекулациите.Кој заминува, кој ќе дојде, а кои ресори ќе бидат ротирани? Официјално ќе се знае вечерва, по извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Пред партиското седиште е Маја Стојановска. Кога се очекува и официјално да бидат објавени имињата? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter