ТЕЛЕШКО МЕСО НА БЕРОВСКИ НАЧИН

Рецепт на СЛАВЧО ДЕМИРОВСКИ

Потребни состојки : 200 гр. телешко месо, 100 гр. печурки, 1 главица кромид, 1 пиперка, 3 кисели краставички, 1 лажица путер со зачини, 3 лажички еспањол сос, малку слатка павлака, 1 компир и неколку парчиња беровско печено сирење.

Постапка:

Црвената пиперка се сече на долги ленти и се става на скара.

Кромидот, печурките и киселите краставички се сечкаат и се ставаат на скара.

Телешкото месо се сече на долги ленти и се става на скара.

Mесото се пече на страна од зеленчукот и се додава 1 лажица путер со зачини.

За тоа време во загреана тава се ставаат 3 лажички еспањол сос.

Сите состојки од скарата се ставаат во тавата и се додава малку павлака.

За тоа време на скара се пече сечкан компир на кругови и неколку парчиња печено беровско сирење.

Состојките во тавата се пропржуваат неколку минути и се сервираат во чинија.

Како прилог се додаваат печените компири и печеното сирење.

Колку е штетна течноста за плакнење уста? (фото)

 Стоматолог тврди дека со неа ги уништуваме забите...

Совети за орална хигиена.

Кога станува збор за здравјето на забите, кариесот е еден од најголемите проблеми. Стоматологот Ками Хос предупредува дека некои секојдневни навики би можеле сериозно да ја загрозат состојбата на забите, нагласувајќи дека здравјето на усната шуплина има значајно влијание врз целокупното здравје на организмот.

Течности за плакнење на уста

Стоматологот Хос особено укажува на штетноста на течностите за плакнење на уста, нагласувајќи дека тие можат да предизвикаат сериозно оштетување на забите. Огорчен од нивното дејство, тој тврди дека овие течности убиваат голем број микроби во устата, оставајќи простор за репродукција на најопасните. Ваквиот пристап, според д-р Хос, може да доведе до катастрофални последици.

Хос советува дека усната шуплина треба да се гледа како градина, со многу добри и лоши бактерии од кои треба да се ослободите исто како од плевелот.

- Ако во градината имавте плевел, сигурно немаше да го полевате со киселина. Токму тоа го правиме кога користиме средство за плакнење на устата, тоа убива сè што живее во неа - вели д-р Хос, а пишува Ординација.хр

Совети за одржување на оралното здравје

За да се зачува здравјето на усната шуплина, д-р Хос дава низа совети кои вклучуваат промена на секојдневните навики. Препорачува утринска орална нега пред појадокот, со користење на блага течност за плакнење на устата со цел да се обнови pH вредноста на усната шуплина и да се отстранат наслагите, како и редовно чистење на забите со конец и интердентална четка.

- Исчистете го јазикот со средство за таа намена, бидејќи на него може да се наталожат наслаги штетни за здравјето на усната шуплина. На забите им наштетуваме кога ги негуваме со производи што содржат алкохол или други состојки кои можат да ја променат микробиотата во устата, која се развила во текот на милиони години – тврди стоматологот Хос.

За да се зачува здравјето на усната шуплина, од клучно значење редовните посети на стоматолог, како и употребата на благи препарати за нега на усната шуплина и правилна хигиена.

Тргнала да истражува пукнатина во карпа, а потоа одеднаш исчезнала (видео)

Луѓето со страв и неверување гледаат каде завршила оваа жена! 

Необичните адреналински авантури во последно време стануваат сè повеќе популарни.

Многумина од нас се подготвени да се испробаат во многу активности за да ја тестираат сопствената издржливост, форма и пред сè сопствената бестрашност. Додека некои се занимаваат со спортски вештини и акробации за кои е потребна исклучителна физичка подготвеност, некои се одлучуваат за екстремни спортови, алпинизам и слично.

На социјалната мрежа Tикток се појави видео на кое е прикажана млада жена која, како дел од екстремните спортови, се занимава со вовлекување во пукнатини и дупки на карпи. Додека повеќето добро би размислиле дали да се впуштат во таква авантура или не, или би побарале посебни услови што би им гарантирале некаква безбедност, оваа жена не го сторила тоа. Исклучително храбра и бестрашна, таа се осмелила да ѕирне во внатрешноста на голема карпа, на чија површина има пукнатина.

Таа вешто се спушта внатре, додека кацигата ѝ ѕирка над земјата. Меѓутоа, членовите на нејзиниот тим прво ѝ ја вадат кацигата за таа да може непречено да влезе во пукнатината на карпата, а потоа и ја подаваат за да биде побезбедна за време на нејзината експедиција. Колку што може да се види од површината, дупката е длабока, но е затрупана со камења и затоа местото е небезбедно, бидејќи во случај на одрон, би можела да се случи голема несреќа. За среќа, жената со насмевка излегува од дупката, додека нејзините колеги и пријатели воодушевено го надгледуваат нејзиниот подвиг.

Клаустофобите признале дека не би се шегувале со вакви ситуации и дека не можат ни да ја замислат ситуацијата во која се впуштила оваа жена.

- Како излезе од таму?

-Зарем не се сеќавате на момчето што се заглави и умре?

- Мојата клаустрофобија.

- Би испаничила ако блузата ми се закачи на лицето.

- Зошто некој си го ризикува животот? Ова за мене нема смисла – коментираат дел од корисниците на мрежата.

Меѓу коментаторите, некои изјавиле дека никаква парична сатисфакција не би ги натерала на ваква авантура. Други прашале дали постои некаков спасувачки тим и дали жената е безбедна. Подобро упатените во ваквите екстремни спортови одговориле дека има доброволци кои ги придружуваат авантуристите во нивните потфати, а за понапорни истражувања и влез во пукнатини и дупки ги придружуваат и пожарникари.

Сепак, мнозинството корисници се согласи дека не треба да се биде толку сигурен бидејќи безбедноста никој не ја гарантира и дека паниката би го направила своето дури и кај оние кои себеси се сметаат за бестрашни.

@unilad I feel claustrophobic just watching! 🤢 🎥 @bonniemaelyons #unilad #fyp #foryou #foryoupage #hole #holes #tighthole #claustrophobia #claustrophobic #climbing #adventure ♬ Suspenseful and tense orchestra(1318015) - SoLaTiDo

Видео: На Северина и долета штикла на бината, ја потшиша и ја врати

Северина минатата недела настапи во Минхен, а на Инстаграм објави неколку снимки од концертот.

Додека таа ја пееше песната „Моја штикла“, една обожавателка и ја фрли својата штикла на бината. Северина го фати чевелот и го потпиша.

„Ти благодарам драга Северина што ја потпиша штиклата“, објави обожувателката под видеото објавено на Инстаграм.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер