Телефонскиот именик на Хитлер продаден за 33 000 фунти

Телефонски именик за кој се верува дека му припаѓал на Адолф Хитлер е продаден на аукција во Велика Британија за неверојатни 33 000 фунти., цена што е два пати поголема од очекуваната.

Телефонскиот именик инаку е пронајден во канцеларијата на Хитлер пред крајот на Втората светска војна од британски истражувачи , а во него се наоѓаат повеќе од 200 имиња напишани со рака меѓу кои и оние на Хајнрих Химлер, Јозеф Гебелс, Рудолф Хес, Херман Геринг, Алберт Борман и други пренесува „Дејли маил“.

Почетната цена на телефонскиот именик на аукцијата била 15 000 фунти.

-Тоа е единствен примерок од историјата кој на историчарите и колекционерите им нуди пристап до досега до огромна количина на информации од највисокото ниво на еден од најопасните режими во модерната историја. Бараш лошо момче и тоа е тука. Единствената личност која ја нема во именикот е Адолф Хитлер“изјави колекционерот Ендру Одлриџ.

Кој воедно и појасни дека со сигурност не може да се потврди чии бил телефонскиот именик , но едно е сигурно бил на некој висок нацистички функционер.

Сајкоски: Со програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на инвестиции во патната инфраструктура

Со програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на инвестиции во патната инфраструктура, повисоки плати и пензии

Идната влада во Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ на чело Христијан Мицкоски како премиер ќе донесе и нови инвестиции, ќе донесе подобрување на инфраструктурата, ќе имаме подобро образование, ќе има повеќе и за пензионерите, рече од митингот во Маврово Ростуше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во петтата изборна единица, Ѓорѓија Сајкоски.

Затоа, додаде Сајкоски, повикуваме да ја поддржите програмата „Платфрома 1198“, бидејќи тука има за пензионерите, бидејќи со неа се обврзуваме дека во рок од три месеци по формирањето на владата ќе има зголемување од пет илјади денари за секој пензионер или во текот на целата година ќе добиваат плус 60 илјади денари.

„Но, кажуваме дека ќе има покачување и на платите, дека ќе ја завршиме инфраструктурата во Македонија, бидејќи останаа не дозавршени и Градско – Прилеп, остана незавршен и Извор – Бошков Мост, патот Кичево – Охрид и многу други работи останаа незавршени. Но, ние ветуваме и се обврзуваме дека ќе ја завршиме патната инфраструктура. Ќе го изградиме патот Букојчани – Кичево, ќе го завршиме патот Гостивар – Кичево, ќе направиме да има побрз проток на стоки и услуги со што ќе се даде можност на новите инвеститори да вложуваат во Република Македонија“, рече Сајкоски.

Додаде дека Македонија мора да ја ресетираме, институциите да ги реорганизираме, да станеме репрезент во регионот, бидејќи денес сме срам во регионот, а тоа можеме да го направи само ако добиеме силна и недвосмислена поддршка и ако сите, масовно излеземе на овие избори.

„Излезете сите и масовно гласајте за Македонија биде економски просперитетна, да биде правна држава, да ги искорениме криминалот и корупцијата. За да имаме правна држава, за да имаме економски просперитетна Македонија треба да имаме влада која што може да испорача за сите и која што нема да биде уценувана од никого, а тоа зависи од вас. Да направиме Македонија да биде не уценувана, да излеземе во што поголем број, да ги победиме со пенкало овие криминалци на власт и да донесеме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што ќе донесе раст, развој и правна држава“, истакна Сајкоски.

Волстрит Џурнал: Осигурувањето ќе плати 350 мил. долари поради уривањето на мостот во Балтимор

Осигурителната компанија „Чаб“ се подготвува да плати 350 милиони долари на американската сојузна држава Мериленд поради уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор во март, објави денеска „Волстрит Џурнал“.

Весникот наведува дека исплата на отштетата се очекува да биде одобрена за неколку недели. Исплатата од 350 милиони долари би можела да биде првата од многуте други поради уривањето на мостот, а аналитичарите велат дека инцидентот би можел да ги чини осигурителните куќи четири милијарди долари, што би била рекордна исплата во областа на транспортот. Шест лица загинаа кога товарен брод, кој пловел под знамето на Сингапур, удрил во еден од столбовите на мостот во Балтимор долг 2,4 километри, поради што се урна целата конструкција.

Осигурителната компанија „Чаб“ заедно со државата Мериленд и семејствата на жртвите од несреќата најверојатно ќе го тужат сопственикот на бродот за да ги надомести загубите поради уривањето на мостот, пишува „Волстрит Џурнал“./МИА

Петковиќ на средба со амбасадорите на Квинта

Белград го поддржува процесот на Лајчак за формирање ЗСО

Директорот на владината канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска на средба со амбасадорите на земјите од Квинтата во Белград изјави дека Србија го поддржува процесот за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО) на специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

На средбата на која присуствуваа српскиот амбасадор во Америка, Марко Ѓуриќ и претставникот на Делегацијата на Европската Унија, беше разгледана неопходноста од формирање на ЗСО, последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, која неодамна се одржа во Брисел, како и политичко-безбедносната ситуација во Косово.

Петковиќ ја пренесе јасната порака од Белград за неопходноста од формирање на ЗСО, на која Србите на Косово чекаат 11 години.

Петковиќ и Ѓуриќ го повторија ставот на Белград дека нацрт-статутот на ЗСО изготвен од ЕУ, кој се однесува на јурисдикцијата и структурата на ЗСО, како што стои во договорите во 2013 и 2015 година, може да биде добра основа за продолжување на дискусиите и договорите за конечен статут на ЗСО. /МИА

притисни ентер