Телефоните со „Android“ ќе можат да испраќаат и примаат пораки преку сателит - Канал 5

Телефоните со „Android“ ќе можат да испраќаат и примаат пораки преку сателит

Се чини дека сателитското поврзување е новата „голема“ работа кај паметните телефони.

Телефоните со „Android“ ќе можат да испраќаат и примаат пораки преку сателит

Откако „Huawei“ прв го претстави телефонот со сателитско поврзување, следеше и „Apple“, а сега се чини дека сите други производители на „Android“ телефони го земаат својот ред. Имено, „Qualcomm“ на саемот „CES“ го најави „Snapdragon Sattelite“ кој ќе овозможи двонасочна сателитска комуникација со „Android“ телефони од новата генерација.

Оваа функционалност ќе биде поддржана почнувајќи од чипот „Snapdragon 8 Gen 2“ (кој ќе се појави на овогодинешните водечки телефони), а е можна благодарение на партнерството со „Iridium“, кој има 66 сателити во ниска орбита. Но, како е ова подобро од она што „Apple“ го претстави за „iPhone“?

Клучот е во фразата „двонасочна комуникација“. Додека „Apple“ ги ограничи своите сателитски комуникации само на итни случаи, „Qualcomm“ отиде чекор понатаму. Така, оваа услуга нема да се користи само за итни случаи, туку и за рекреативни цели, т.е. ќе можете да испраќате и примате СМС пораки преку сателит додека сте на некое оддалечено место без традиционална мобилна врска. Покрај СМС, „Qualcomm“ спомна и „други апликации за пораки“, но тоа најверојатно ќе бара прилагодување од креаторот на апликацијата.

„Qualcomm“ нагласи дека „Snapdragon Satellite“ ќе биде достапен и за други уреди како лаптопи, таблети итн. Соработката со „Garmin“, кој веќе е искуснен кога станува збор за СОС пораките преку сателит, ќе биде клучна за итни случаи. „Garmin Response“ се справува со илјадници СОС инциденти секоја година.

Секако, фактот што „Snapdragon 8 Gen 2“ ја носи оваа функционалност не значи дека сите телефони со тој чип ќе ја поддржуваат. Дополнително, останува да се види како тоа ќе функционира во пракса. Претпоставката е дека, поради потребата од мала потрошувачка на енергија, ќе бидат потребни речиси идеални услови за да може да се испрати (и прими) порака во разумен рок. За споредба, „Apple“ тврди дека се потребни околу две минути за да се испрати итна СМС порака до службите за итни случаи на „iPhone“ под идеални услови.

„Qualcomm“ исто така нагласи дека оваа функционалност нема да биде лансирана до втората половина на 2023 година и првично ќе биде достапна во „одбрани региони“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 3. јули 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 3. јули 2026 година.

Дневен хороскоп за 3. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка.

Кариера

На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив.

Здравје и совет

Вежбајте јога за подобра концентрација.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред.

Кариера

Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење.

Здравје и совет

Останете мирни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е.

Кариера

Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите.

Здравје и совет

Вежбајте на отворено.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред.

Кариера

Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце. Ќе помине.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови.

Кариера

Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време.

Здравје и совет

Имате право да уживате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате.

Кариера

Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво.

Кариера

Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови.

Здравје и совет

Наспијте се добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни.

Кариера

Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте.

Здравје и совет

Одморете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот.

Кариера

За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите.

Здравје и совет

Следете ги своите сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака.

Кариера

На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава.

Здравје и совет

Продолжете да го градите започнатото.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне.

Кариера

Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе копнеете консвојот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас.

Кариера

Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка.

Здравје и совет

Грижите што ќе се појават се обична илузија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митко Ѓоргиев и Умејер Мухамеди вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Митко Ѓоргиев и Умејер Мухамеди

Митко Ѓоргиев и Умејер Мухамеди вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжение на кул видеото за Хрватска со Малкович, се придружува Модриќ

Новото видео се одвива во Задар.

Продолжение на кул видеото за Хрватска со Малкович, се придружува Модриќ

Пред вечервашниот натпревар помеѓу Хрватска и Португалија во осминафиналето на Светското првенство, објавено е продолжението на промотивниот филм за хрватскиот туризам „ХРВАТСКА - Слушнав дека е прекрасно“ (CROATIA - I hear it's beautiful), во кој главните улоги ги играат капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, и холивудскиот актер со хрватски корени, Џон Малкович.

Морските оргули во главната улога

Новото видео се одвива во Задар. Џон Малкович доаѓа до Морските оргули, каде што разговара со Лука Модриќ по телефон. Капитенот на хрватската репрезентација му објаснува зошто е толку посебно и како морето и брановите создаваат уникатна мелодија што не може да се чуе никаде на друго место.

Откако го слуша звукот на Морските оргули, Малкович ентузијастички вели: „Лука, сите беа во право. Хрватска е прекрасна.“

Но, Модриќ нема многу време за разговор бидејќи го очекува тренинг.

„Џон, немам време. Уживај во Хрватска... и избриши го мојот број“, одговара тој, завршувајќи го нивниот разговор.

YouTube video

Нова разгледница од Хрватска за целиот свет

Како и првиот филм од кампањата, и овој е потпишан од Пит Радовиќ, наградуван телевизиски и спортски продуцент со хрватски корени, кој беше креативен директор на проектот.

Хрватскиот туристички одбор им се заблагодари на Хрватската фудбалска федерација, селекторот Златко Далиќ, Лука Модриќ и сите репрезентативци за нивната соработка и им посака среќа на тимот во вечерашниот натпревар против Португалија.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер