Телефоните со „Android“ добиваат поддршка за сателитска комуникација? - Канал 5

Телефоните со „Android“ добиваат поддршка за сателитска комуникација?

Мобилниот оперативен систем на компанијата „Google“ од следната година би можел да добие поддршка за сателитска комуникација, а првиот телефон кој треба да ја имплементира оваа функција наводно е „Google Pixel 8“.

Телефоните со „Android“ добиваат поддршка за сателитска комуникација?

Веќе две години се шпекулира дека „Apple“ ќе имплементира поддршка за сателитска комуникација во својата линија „iPhone“. Минатогодишните модели не го добија, но истите гласини се појавуваат и за серијата „iPhone 14“.

Очигледно, „Google“ исто така работи на слична поддршка. Оваа информација ја навести постариот потпретседател на „Android“ - Хироши Локхајмер. Тој истакна дека неговиот тим „дизајнира за сателити“, пренесува „Tech Radar“.

Локхајмер нагласи дека споменатата опција треба да стане достапна во рамките на следната верзија на „Android“ платформата, а тоа е „Android 14“, чии први верзии се очекуваат во мај следната година.

„Tech Radar“ го наведува „Google Pixel 8“ како прв телефон што може да имплементира поддршка за сателитска комуникација.

Сепак, за овој уред ќе треба да чекаме долго, бидејќи „Google“ допрва планира да ги претстави „Pixel 7“ и „7 Pro“, па „осумката“ не треба да се очекува пред септември следната година.

Уредите со „Android“, како телефоните на „Apple“, треба да ја користат сателитската врска само во итни ситуации, кога немаат пристап до мобилните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Фудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите.

Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред.

Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид.

Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар.

Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг.

Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје или див запад? (ВИДЕО)

Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.

Скопје или див запад? (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видеоснимка на која се гледаат малолетни деца како јаваат коњ по фреквентна улица, без надзор од возрасно лице и без соодветна безбедносна опрема.

На снимката се забележува и момент во кој едно од децата паѓа од коњот. Засега нема информации за состојбата на детето, ниту дали при падот се здобило со посериозни повреди.

Случајот отвора прашања за безбедноста на децата и одговорноста на возрасните, особено имајќи предвид дека станува збор за улица на која се одвива јавен сообраќај.

Дополнително, се поставува прашањето дали ваквото однесување претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот и кој би сносел одговорност доколку дојде до сообраќајна несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, односно 4,4 години подоцна од просекот во Европската унија, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Во ЕУ младите во просек заминуваат од домот на родителите на 26,3 години, што е незначително зголемување во однос на 2024 година, кога просечната возраст изнесувала 26,2 години. Од 2002 година европскиот просек се задржува близу 26 години.

Најдолго со родителите живеат младите во Хрватска, каде што домот го напуштаат на просечна возраст од 31,5 години. Следуваат Грција и Словачка со по 30,9, како и Шпанија и Италија со по 30,2 години.

Најрано се иселуваат младите во Финска, на просечна возраст од 21,4 години, и во Данска, на 21,8 години.

Во регионот младите во Србија остануваат со родителите до просечна возраст од 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години.

Податоците на Евростат укажуваат и на поврзаност меѓу вработеноста на младите и возраста на која тие го напуштаат родителскиот дом.

Во Македонија во 2025 година биле вработени 50,2 проценти од младите на возраст од 20 до 29 години, односно 15,3 процентни поени помалку од просекот во европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер