Телата на две бебиња се пронајдени во замрзнувач во семејна куќа во Франција - Канал 5

Телата на две бебиња се пронајдени во замрзнувач во семејна куќа во Франција

Телата на две бебиња се пронајдени во замрзнувач во семеен дом во францускиот департман Горна Сона, а една жена е уапсена во врска со случајот, објавија француските медиуми.

Телата на две бебиња се пронајдени во замрзнувач во семејна куќа во Франција

Двете бебиња биле пронајдени во вторникот во куќа во градот Авилерс-ет-Лијамон, изјави извор близок до истрагата, според BFMTV.

Таткото (50) го открил првото бебе во замрзнувачот, а потоа ја известил полицијата, која, по пристигнувањето на местото на настанот, го пронашла телото на второто бебе на истото место.

Потоа полицијата започнала потрага по неговата партнерка.

Жената, чија врска со двете новороденчиња е непозната, е уапсена вчера во Булоњ-Бијанкур, објави францускиот телевизиски канал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите

Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов.

Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите

Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот.

Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв.

-Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР.

Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии

Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите.

Обвинителството продолжи со изведување докази од вештачење на телефон одземен од затворската полиција од Ардит Арифи за која Обвинителството водело постапка против повеќе лица за проституција, продажба на дрога и перење пари, а Арифи е меѓу прво обвинетите.

Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

Азир Алиу и официјално му ја отстапи министерската фотелја на досегашниот Директор на Фондот Сашо Клековски.

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

Дел од петте столба на Алиу ќе останат приоритети, како што е изградба на нов Клинички и покрај личниот став дека не се потребни нови згради туку ефикасна регионализација, потврди Клековски на последната прес-конференција што тој ја одржа како Директор на Фондот. Тој потврди дека нема да запре дигитализацијата, но за тоа дали во сите државни болници лекарите ќе се евидентираат со отпечаток од прст наместо со картичка, Клековски вели дека ќе разговара со директорите за методите на евиденција и контрола.

Клековски е задоволен од сработеното за време на изминативе две години во Фондот. Вели дека е горд што постигнал нешто повеќе од половина од она што било планирано како што е проширување на позитивната листа, зголемување на платите и повеќе пари за болниците. Но, како незавршени ги остава е-рецепт кој не функционира во целост, но и најавата дека секое дете треба да добие право на свое име да има осигурување од државата без разлика дали родителите му се осигурени или не.

За безмалку 35 години независност, Министерството во просек добивало нов министер на секои неполни две години – поточно на околу една година и осум месеци. Дваесет различни луѓе го раководеле Министерството, а поради двата одделни мандати на Арбен Таравари, Клековски стапува на функцијата како 21-ти Министер по ред. Најболниот сектор останува лидер по смена на функционери, а единствената реформа која остана во континуитет е „мој термин“, додека нов клинички центар беше ветување на многу министри, но никој досега не удри камен темелник.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Кривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска.

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Кривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат..

Пред судот е Дејан Трајкоски, Дејан кои се аргументите на судот?

Во видеото погледнете го целиот извепштај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер