Текстилниот кластер во Штип брои 126 заразени со коронавирус

 Во текстилниот кластер во Штип има 126 позитивни случаи на коронавирусот, а за 40 работници се чекаат резултатите од масовното тестирање во седумте штипски конфекции.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова на денешната прес-конференција истакна дека во ова тестирање биле опфатени над 800 работници.

-Според нашите анкети кои ги почнавме на 24 мај, со првиот позитивен случај во конфекција е дека она што го заклучивме досега и се уште се работи на анкетирање лицето, кое прво бешe позитивно и понатаму лицата кои се појавуваат позитивни, е дека остварувале контакт за време на работен процес, за време на пауза, за време на слободни дружења после работа и за време на патување во автобус, вели Димитрова.

Работниците кои имаат позитивни тестови не смеат да одат на работа, додека не добијат два негативни тестови, остануваат во домашна самоизолација и на 14-тиот ден им се прави прв тест, а по 24 часа ако им е негативен се зема вториот брис.

Досега имаат откриено пет кластери, но се појавуваат нови случаи и постојано се врши анкетирање и се лоцираат контактите, за да се спречи ширењето на заразата. Димитрова смета дека ситуацијата со коронавирусот ја држат по контрола.

-Ситуација во најголем процент ја држиме под конторола, околу 90 отсто ни е под контрола. Имаме случаеви секојдневно на појава на нови за кои се вршат анкети денеска. Анкетирањето што го прваиме или појавата на новите случаи е работа, што не може да престане. Новите случаи кои се појавија треба да ги анкетираме денеска, вели Димитрова.

За разлика од порано кога населението имаше отпор за тестирање и покрај тоа што има асимптоми не се јавуваа на матичен лекар за да побараат тестирање на пунктовите, сега оваа ситуација се смени, па поради зголемениот интерес за тестирање е побарано да се зголеми бројот на пациентите, кои се пријавуваат на „МојТермин".

-Реагирано е од страна на Центарот за јавно здравје да се дозволи преку „МојТермин" на матичните лекари да пријавуваат лица кои треба да се тестираат и тоа веќе е одобрено. Моментално има многу лица кои сакаат да се тестираат. Тоа е причината што „МојТермин" и покрај тоа што се зголеми бројката не може да одговори на сите лица, кои сакаат да се тестираат, вели Димитрова.

Таа истакна дека над 500 лица се ставени во самоиозолација.

-Денонокно анкетираат пет лица и се обидуваат да ги откријат сите контакти на заразените. Има заразени и во други институции. Тоа што со труд го направивме е да ја стабилизираме ситуацијата моментално, сите лица кои се позитивни се ставени во самоизолација и нивните семејства и контактите, кои тие ги остваруваат, вели Димитрова.

Забележува дека бројките кои се појауваат во здравствениот билтен се совпаѓаат со тоа што тие го тестираат на терен, ако тестираат повеќе ќе имаат нормално и повеќе позитивни случаи, а денешниот број на позитивни од Штип е во истиот сооднос со тестираните, а тој процент се движи од 10 до 15 отсто позитивни од вкупната бројка тестирани./МИА.

Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина

„Во очи на Велигден, празникот кој носи надеж во срцата, љубов и радост, упатуваме порака за мир, меѓусебно разбирање, но и одлучност за иднината на државата“.

„Во очи на Велигден, празникот кој носи надеж во срцата, љубов и радост, упатуваме порака за мир, меѓусебно разбирање, но и одлучност за иднината на државата“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Битиќи посочува дека во овие денови се судираат два спротивставени политички концепти, при што одредени политичари се вознемирени кога гледаат пријателства меѓу различните.

„Тие политичари знаат дека не може да бидат луѓе со широко срце, со мир во душата, со подадена рака кон различниот, независно дали се Македонци, Албанци. Срби, Роми, Торбеши... или пак христијани или муслимани. Нивниот личен немир се обидуваат да го прелеат на улиците и во секојдневието на нашето општество. Насилството е единствениот начин на кој ја разбираат политиката и не се срамат, ниту воздржуваат на тоа да ги подучуваат и младите, да ги злоупотребуваат и разгневуваат“, вели Битиќи.

Тој истакнува дека треба да се градат мостови кои ќе ги надминуваат поделбите во општеството, а различните етнички, верски и културни припадности се силата на Македонија, кои сме должни да ги штитиме.

„Кога им се насмевнуваме на соседите, кога си подаваме леб едни на други, ние градиме мостови кои ги надминуваат поделбите. Но, кога нетрпеливоста ќе се прелее во нашите домови, тие мостови се рушат. Етничките, верските и културните различности се наша сила, но и должност да ги штитиме“, вели Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ во видео обраќањето апелира христијанскиот празник Велигден да биде мотив за надминување на националистичките нетрпеливости.

„Драги сограѓани, Велигден нека ни биде поука, мотив и инспирација, да се издигнеме над ривалставата и националистичките нетрпеливости. Овој христијански празник нè подучува на жртвување, на љубов. Да нè потсети дека нашите постапки одекнуваат и кај идните генерации. Заеднички да го пронајдеме мирот во себе, но и во нашето општество“, вели Битиќи и повикува да се совладаат стравот и конфликтите со другарство и пријателство.

Упатувајќи честитка до православните граѓаните на Македонија, Битиќи ја истакнува и важноста да се отфрлат политиките кои внесуваат поделби и да се прифати разбирањето.

„Да ја отфрлиме политиката на поделби и да го прифатиме патот на разбирањето. Да се собереме околу идејата за европска Македонија, дом во кој ќе има достоинствено место за секого. Да им подадеме рака на оние на кои им е потребна, да ја прифатиме различноста и да изградиме мостови кои ќе ги поврзуваат нашите срца. На сограѓаните од православна вероисповед од срце Ви посакуваме благословени и хармонични празнични денови“, вели во видео обраќањето ко-носителот на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2, Фатмир Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат со татко му

Полицаец, заедно со уште двајца скопјани, се осомничени за грабнување и разбојништво, бидејќи киднапирале маж, а откако го повредиле, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко доколку не им исплати 10.000 евра.... 

Полицаец учесник во киндапирање, заедно со уште две лица тешко повредиле 34 годишен скопјанец, а потоа му се заканиле дека ќе го убијат него, а и татко му. Филмските сцени се одиграле на 23 април по полноќ, тројцата го извикале 34-годишникот од неговиот дом со изговор да им помогне, при што насилно го внеле во автомобилот кој го управувал полицаецот. Се упатиле кон мосот „Беласица“ а попатно осомничениот А.Н. му нанел убоди со нож во рамото и ногата. Кога пристигнале, го изнеле под мостот и сите тројца го клоцале и го удирале со тупаници нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Агонијата не завршила тука, пред да го пуштат му одзеле 8.000 денари и му се заканиле, ако до први, кога и пријавил во полиција, не им даде 10.000 евра ќе го убијат него и татко му. Од тројцата осомничени две се во притвор, додека по едно се трага бидејќи е во бегство...

„Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.“

Од МВР за Канал 5 велат дека по однос на изјавите на пријавителот се утврдило дека еден од осомничените е полициски службеник, за кој додаваат дека се преземени си законски дејствија.

„Според првичната пријава тој не отишол на преглед и не го пријавил настанот во полициска станица затоа што лицата му се заканиле. По преземени мерки на полициските службеници е утврдено дека лицето кое го управувало возилото е всушност полициски службеник. За случајот со полицискиот службеник е известен одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди и по добивање на кривичната пријава ќе биде поднесен предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспензија на полицискиот службеник од работното место се до завршување на постапката.“

Јавен обвинител од ОЈО Скопје веќе донел наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела разбојништво и против право лишување од слобода според кривичниот законик...

Мицкоски ја известил меѓународната заедница и ОБСЕ за изборни нерегуларности од ДУИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека ја известил меѓународната заедница и претставници на ОБСЕ/ОДИХР за изборните нерегуларности на дел од гласачките места во првиот круг од претседателските избори.... 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека имало полнење на гласачките кутии во првиот изборен круг од претседателските избори и дека зад тоа стои ДУИ. Вели дека за ова ја известил меѓународната заедница и претставниците на ОБСЕ/ОДИХР но и дека слични нерегуларности очекува и на 8 мај.

„Доставивме список на избирачки места, кадешто во определен врменски интервал гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува дека таму имаме полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно, но вистинито, фингер-принт апаратите не работеле во тој период

Генерално, станува збор за избирачки мета во скопски Сарај, Липково, Арачиново итн. Треба граѓаните да знаат дека ДУИ преку своите политики не ги освојува гласачите, туку таа буквално под притисок и со мерки и средства недозовлени за демокрaтијата ги добива гласовите.“

СДСМ пак очекуваат подобар изборен резултат во среда. За вицепремиерот и секретар за меѓународна соработка на партијата Бојан Маричиќ, е рано да се прогнозира колку пратеници ќе имаат социјалдемократите во следниот парламентарен состав. Веднаш по изборите, на Бихаќка ќе се анализираат резултатите и нивните последици, но без разлика кој ќе ја освои власта, вели Маричиќ, партијата ќе остане на своите позиции и принципи.

„Во среда, на 8 мај, очекуваме прво секако подобар резултат од првиот круг. СДСМ е силна партија, која има и процедури и демократски потенцијал да ги отвори сите дискусии и да ги анализира сите причини за резултатите, но и последиците по државата и по партијата.

Сето она што ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ планираат да го загрозат. Ние сме автентична партија, не сме дериват на ниту една друга политичка партија, ниту сме создадени да помогнеме на ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, како што е случајот со ЗНАМ и Максим Димитриевски.“

Вториот круг од претседателските и праламентарните избори ќе се одржат на 8 мај, ден претходно, е изборен молк откако изборната кампања ќе заврши в понеделник на полноќ.

притисни ентер