Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина

„Во очи на Велигден, празникот кој носи надеж во срцата, љубов и радост, упатуваме порака за мир, меѓусебно разбирање, но и одлучност за иднината на државата“.

„Во очи на Велигден, празникот кој носи надеж во срцата, љубов и радост, упатуваме порака за мир, меѓусебно разбирање, но и одлучност за иднината на државата“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Битиќи посочува дека во овие денови се судираат два спротивставени политички концепти, при што одредени политичари се вознемирени кога гледаат пријателства меѓу различните.

„Тие политичари знаат дека не може да бидат луѓе со широко срце, со мир во душата, со подадена рака кон различниот, независно дали се Македонци, Албанци. Срби, Роми, Торбеши... или пак христијани или муслимани. Нивниот личен немир се обидуваат да го прелеат на улиците и во секојдневието на нашето општество. Насилството е единствениот начин на кој ја разбираат политиката и не се срамат, ниту воздржуваат на тоа да ги подучуваат и младите, да ги злоупотребуваат и разгневуваат“, вели Битиќи.

Тој истакнува дека треба да се градат мостови кои ќе ги надминуваат поделбите во општеството, а различните етнички, верски и културни припадности се силата на Македонија, кои сме должни да ги штитиме.

„Кога им се насмевнуваме на соседите, кога си подаваме леб едни на други, ние градиме мостови кои ги надминуваат поделбите. Но, кога нетрпеливоста ќе се прелее во нашите домови, тие мостови се рушат. Етничките, верските и културните различности се наша сила, но и должност да ги штитиме“, вели Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ во видео обраќањето апелира христијанскиот празник Велигден да биде мотив за надминување на националистичките нетрпеливости.

„Драги сограѓани, Велигден нека ни биде поука, мотив и инспирација, да се издигнеме над ривалставата и националистичките нетрпеливости. Овој христијански празник нè подучува на жртвување, на љубов. Да нè потсети дека нашите постапки одекнуваат и кај идните генерации. Заеднички да го пронајдеме мирот во себе, но и во нашето општество“, вели Битиќи и повикува да се совладаат стравот и конфликтите со другарство и пријателство.

Упатувајќи честитка до православните граѓаните на Македонија, Битиќи ја истакнува и важноста да се отфрлат политиките кои внесуваат поделби и да се прифати разбирањето.

„Да ја отфрлиме политиката на поделби и да го прифатиме патот на разбирањето. Да се собереме околу идејата за европска Македонија, дом во кој ќе има достоинствено место за секого. Да им подадеме рака на оние на кои им е потребна, да ја прифатиме различноста и да изградиме мостови кои ќе ги поврзуваат нашите срца. На сограѓаните од православна вероисповед од срце Ви посакуваме благословени и хармонични празнични денови“, вели во видео обраќањето ко-носителот на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2, Фатмир Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан

Министерството за надворешни работи на Азербејџан вчера ги отфрли „навредливите обвиненија“ и повтори дека Баку не е поврзан со протестите во Нова Каледонија.

- Наместо да го обвинува Азербејџан дека наводно ги поддржува протестите за независност во Нова Каледонија, Франција треба да се фокусира на неуспешната политика на прекуокеанските територии што доведе до такви протести. Уште еднаш ја повикуваме Франција да престане со неоснованите тврдења против нашата земја, истакна портпаролот на азербејџанското МНР, Ајхан Хаџиев.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на 15 мај го обвини Азербејџан за мешање во политиката на пацифичката територија Нова Каледонија.

- Ова не е фантазија … Жалам што некои од сепаратистите се договорија со Азербејџан … дури и ако има обиди за мешање … Франција е суверена на својот сопствена територија, истакна Дарман.

Но, Дарманин не презентираше докази за вмешаноста на Азербејџан во немирите на Нова Каледонија.

Француската единица за откривање дезинформации преку интернет, „Вигинум“, формирана како одговор на руските активности во Африка, објави извештај во кој се идентификувани најмалку 86 азербејџански профили кои на платформата Икс шират антифранцуска пропаганда.

Немирите на Нова Каледонија почнаа на 13 мај поради уставната реформа, која предвидува промени на изборниот закон на француската територија. Националното собрание во Париз усвои реформа со која на илјадници француски граѓани, кои пред најмалку 10 години се преселиле на јужниот пацифички архипелаг, им се дава право на глас на локалните избори, а со тоа и поголемо политичко влијание. /МИА

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата

Саутемптон синоќа го победи Вест Бромвич во реванш полуфиналниот натпревар од плејофот на Чемпионшип со 3:1. Средбата се одржа на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон.

Во првото полувреме немаше постигнати голови. По паузата, Вилијам Смолбон го отвори резултатот, Адам Армстронг со два погодока зголеми на 3:0. Во последните минути гостите намалија преку Седрик Кипре.

Првиот меч заврши нерешено 0:0, па Саутемптон се пласираше во финалето каде ќе се сретне со Лидс. /МИА

Град Скопје: Без соодведни документи и дозволи се монтира панорамско тркало во Карпош

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски.

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Ги повикуваме надлежните институции и апелирам да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.

притисни ентер