Тејтум: Повреден сум, но иронично, остатокот од моето тело е посилен од кога било - Канал 5

Тејтум: Повреден сум, но иронично, остатокот од моето тело е посилен од кога било

Кошаркарот на Бостон селтикс кажа дека има и придобивки од долгото закрепнување.

Тејтум: Повреден сум, но иронично, остатокот од моето тело е посилен од кога било

- Една од позитивните страни што ги открив во овој период е тоа што имав 19 недели за да го рехабилитирам и зајакнам десниот лист, да го направам исто толку силен како левиот, или дури и посилен, но исто така и да направам сериозна работа на целото мое тело. Поминав 19 недели без никаков стрес на нозете со трчање или играње кошарка. Одев шест дена во неделата во теретана, работејќи на моето тело, нозете - квадрицепси, тетиви и сè друго. Повреден сум, но иронично, остатокот од моето тело е посилен од кога било. Па затоа сум отворен за можноста да се вратам и да кажам: Знаете, моето тело веројатно не се чувствувало толку добро уште од моите 19 години, изјави тејтум.

Поминаа само четири и пол месеци од руптурата на Ахиловата тетива, но Тејтум веќе се врати на кошаркарскиот терен. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гвинет Палтроу се соблече во топлес среде снимање, а потоа продолжи како ништо да не се случило

Холивудската ѕвезда Гвинет Палтроу повторно се соблече за објава на социјалните мрежи.

Гвинет Палтроу се соблече во топлес среде снимање, а потоа продолжи како ништо да не се случило

Гвинет Палтроу повторно најде начин да ги изненади своите следбеници, а овој пат тоа го стори среде едно навидум обично видео посветено на есенската мода.

Гвинет Палтроу повторно се соблече за објава на социјалните мрежи. 53-годишната актерка им порача на своите следбеници на TikTok дека е „време за џемпери“ и сподели видео во кое прикажа различни плетени парчиња облека, вклучувајќи ги и оние од нејзината луксузна модна линија GWYN.

@gwynethpaltrow

Hope that clears things up

♬ original sound - Gwyneth Paltrow

За да го сними видеото, Гвинет го поставила својот мобилен телефон во дизајнерска фрижидер-торба во нејзиниот дом во Монтесито, Калифорнија, а потоа ненадејно се појавила без горниот дел од облеката. Интимните делови биле покриени со стратешки поставена црна лента. Додека грицкала јаболко, актерката ја покажала својата витка фигура, облечена само во бели фармерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор

Денес, системот на плати во јавниот сектор се уште се карактеризира со различни правила, процедури и практики меѓу институциите. 

Минчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор

Тоа создава нееднаквости и ја отежнува примената на јасни и единствени стандарди за вреднување на работата. Затоа, воспоставувањето поусогласен, транспарентен и праведен систем на плати е една од важните реформи на кои Министерството за јавна администрација посветено работи.

Во насока на оваа реформа, денеска започна петдневната TAIEX експертска мисија посветена на воспоставување единствен и усогласен систем на плати во јавниот сектор. Мисијата ја отворија министерот за јавна администрација, Горан Минчев и вршителката на должноста амбасадор на Република Грција, Христина Василату, а во нејзини рамки експерти од грчкото Министерство за национална економија и финансии ќе го пренесат искуството од грчкиот Единствен систем на исплата, модел кој овозможува централизирано и усогласено управување со исплатите во јавниот сектор.

„Нашата цел е јасна, да воспоставиме систем во кој правилата ќе бидат јасни и еднакви за сите, а принципот „еднаква плата за еднаква работа“ да биде реално применлив во целиот јавен сектор“ порача министерот Минчев. Министерството работи на новата законска рамка за системот на плати, со план законското решение да биде заокружено до крајот на 2026 година, а неговото постепено и систематско спроведување да започне во 2027 година.

„Не сакаме да копираме туѓ модел. Сакаме да го разбереме, да го анализираме и врз основа на нашите институционални, законски и финансиски услови да изградиме решение кое ќе биде функционално и применливо за Македонија“ истакна Минчев. Според него, целта е да се создаде систем што нема само да ги поедностави процесите, туку ќе донесе поголема транспарентност, подобра контрола на јавните средства и поквалитетни податоци за носење јавни политики.

За Министерството за јавна администрација, ова е конкретен чекор во реформата за градење на поефикасен и поправеден систем на плати, систем во кој правилата се јасни, одговорноста е прецизно утврдена, а јавните средства се управуваат поефикасно и потранспарентно.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамија Мицкоски повторно лаже со статистика - „Фич“ не кажа дека се живее подобро

Шефот на ВМРО-ОКГ повторно излезе да слави бројка што не се мрднала.

СДСМ: Арамија Мицкоски повторно лаже со статистика - „Фич“ не кажа дека се живее подобро

2024: BB+

2026: BB+

Тоа не е напредок. Тоа е исто.

А тој тоа го продава како лоша вест за опозицијата и како доказ дека народот живее подобро.

Лаже уште додека ја чита оценката.

Што значи BB+ на јазик што го разбира секој:

Нема инвестициски рејтинг. Инвестицискиот почнува од BBB. Ние сме под тоа.

Државата и натаму се смета за ризична. Зошто?

Затоа што сè уште не сме дел од ЕУ. Затоа што Мицкоски не ги спроведува потребните реформи.

СДСМ го направи првиот чекор и ја обезбеди сигурноста за инвестициите со влезот во НАТО. Сега ни е потребна ЕУ за да продолжиме да напредуваме.

Затоа се Мицкоски задолжува поскапо од земјите со BBB. Истиот ризик. Истата цена на долгот. Истата приказна.

„Фич“ не му напиша пофалница на Мицкоски за стандардот.

Агенцијата со две години ги повторува истите дупки: голем фискален дефицит, ниска продуктивност, демографски проблем.

Државата троши повеќе отколку што собира. Работи помалку вредност отколку што треба. Луѓето си одат.

Тоа не е економски тигар. Тоа е предупредување во фуснота, а арамијата го чита како химна.

И најважно: оваа оценка не зборува за животот на граѓаните. Не ја мери потрошувачката кошничка. Не го мери горивото. Не ја мери киријата. Не ја мери минималната плата што стои.

Не го мери фрижидерот.

Граѓаните не живеат во извештај на „Фич“. Живеат со цени до плафон во продавница, маркет, пазар. Таму цената оди нагоре. Горивото јаде плата. Поскапувањата не чекаат рејтинг.

Минималната плата не расте. А најсилниот показател не е ни БДП ни BB+ туку празни фрижидери и празни паричници на граѓаните. Подобар показател од тоа нема.

Кога Мицкоски вели „денес се живее многу подобро отколку пред три години“, не го гледајте „Фич“. Погледнете ја сметката. Ако оценката е иста како во 2024, а кошницата е потешка, лагата е очигледна.

Арамија чим ќе зине - лаже.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер