3Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
Шоу бизТејлор Свифт мораше да се снаоѓа за време на кореографијата на концерт во Токио (ВИДЕО)Првиот концерт на Тејлор Свифт во 2024 година помина без проблем - речиси.Таа во средата настапи во Токио по двомесечната пауза од нејзината турнеја Ерас. Пејачката за време на изведбата на песната „Vigilante S**t“ најчесто седи и танцува на стол, но овој пат погрешно го пресметала растојанието до столот кога тргна да седне. Во видеото, кое стана вирално на X, поранешен Твитер, се гледа дека Свифт изгледа моментално шокирана додека седнува и сфаќа дека столот не е зад неа. И покрај тоа што лебди во воздухот, Свифт не ја изгуби рамнотежата бидејќи остана наведната додека ја подаде раката за да се задржи. Таа уште еднаш покажа дека е голем професионалец затоа што поради оваа несреќа не го пропуштила ритамот од песната додека настапувала пред 55.000 луѓе. she’s been doing her squats bc i would’ve fallen right on my ass pic.twitter.com/cN9XFou1yO — kiks 💋⸆⸉ (@intoherfantasy) February 7, 2024 Многу фанови забележаа дека напорниот тренинг очигледно се исплател. „Ги работела своите чучњеви, додека јас ќе паднев на задникот“, напишала личноста под видеото. „Бутовите ѝ се веројатно толку силни што може така да седи цела песна без стол“, напишал друг. Покрај тоа што седеше во воздух, Свифт имаше уште една несреќа. Имено, таа збрка неколку редови од песната „Драг читателу“ за време на делот од концертот на кој пее изненадувачки песни. „Овие немирни солзи на проколнат човек“, пееше Свифт, наместо „Овие очајни молитви на проколнат човек“. Сепак, тоа не мора да биде случајност, бидејќи Свифт сака да им дава на своите фанови индиции за тоа што допрва ќе објави. Пејачката и текстописец често им дава на фановите навестувања за нејзините претстојни проекти со нејзините модни избори, активноста на социјалните мрежи и криптични цитати. Обожавателите бараат индиции сега повеќе од кога било кога Свифт треба да издаде сосема нов албум, The Tortured Poets Department, во април. Всушност, многумина веруваат дека белиот лак што го носеше за време на концертот во средата е исто така знак за новиот албум, кој содржи црно-бела комбинација на бои. Свифт треба да излезе на сцената четири последователни вечери во Токио, пред да се врати во САД за да присуствува на Суперболот, каде што ќе игра нејзиното момче Тревис Келче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
СветСо дрон погодени два трговски брода во Црното море кај брегот на Бугарија Два трговски брода се погодени од дронови во Црното Море, во близина на бугарскиот брег. Едениот брод веќе потонал соопштија од владата на Бугарија. Во тек е потрага по исчезнатите членови на екипажот, а засега никој не е обвинет за нападот, кој според досегашните информации е прв таков напад врз бродови во економската зона на земја-членка на НАТО. Бугарскиот премиер Румен Радев ќе ѝ се обрати на јавноста во 11:15 часот по локално време, на почетокот на вонредната седница посветена на нападите со дронови во кои беа погодени два трговски брода во Црното Море во близина на Бугарија – од кои едниот потона – соопшти владата. Не се знае од каде дошле дроновите. Екипажот на потонатиот брод се води како исчезнат, додека членовите на екипажот на другиот брод се спасени, изјави Румен Николов, раководител на операциите за спасување во Варна, како што пренесе јавниот сервис БНР. Бугарскиот портал Maritime.bg објави дека станува збор за бродовите „Алфа Ватан“ (Alfa Watan), кој плови под знамето на Того и за кој се наведува дека потонал, и „Ејбл“ (Able), кој плови под знамето на Палау. Сите 18 членови на екипажот на вториот брод го напуштиле пловилото откако избувнал пожар и биле спасени од бугарскиот ферибот „Диоскурија“ (Dioscuria). Некои од нив се повредени. Сè уште не е утврдено од каде дошле дроновите, објави порталот. Инцидентот се случи само еден ден откако најмалку еден дрон нападна товарен брод во сопственост на Турција, кој превезувал жито во Црното Море. Бродот на крајот потона по избувнувањето на пожарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Славјанка Петровска на дело покажа дека Филипче е со двојни аршиниСлучајот со Славјанка Петровска на дело покажа дека Филипче е со двојни аршини, зборува за ЕУ а води селективна борба против корупцијата.Случајот со Славјанка Петровска е доказ дека Венко Филипче зборува за корупција и е против, единствено кога тоа му оди во прилог нему. Венко Филипче го отвори случајот во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, што е доказ за двојните стандарди на Филипче. Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра. Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија а самиот води селективна борба против корупцијата и криминалот. Филипче да каже од кога знаел за случајот и зошто молчел? И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот? Филипче како за овој случај така и за останатите доколку има сомнеж за криминал да достави информации до јавното обвинителство. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбатаПретседателката на Европската комисијата ja кажа вистината во лице. Македонскиоот идентитетот е заштитен. Јазикот е заштитен. На маса се реформите, европското обвинителство и промена на Уставот. Нема нови услови. Нема нова преговарачка рамка, нема гаранции. Нема ниту поништување на Преспанскиот договор, ниту враќање на името како што ветуваше Мицкоски. Лагите со кои дојде на власт паднаа во воа. Кога нема нова лага што сега ќе може да ја продава како магла, арамијата се обидува повторно да разгорува. Пред заминувањето на Тимчо Муцунски на средба следната недела, Мицкоски зборува за капитулација на фашистичка Бугарија и за окупација на територијата на денешна Македонија во Втората светска војна. Не зборува за решение. Зборува за да не може ниту да се седне на масата. Сам вели: разговараме, не преговараме. Точно. Не преговара затоа што не бара исход. Бара конфликт што трае. Со Грција така. Со Бугарија така. Од кампањата до денес. Така не се оди ни кај сосед, а камоли во преговори за врата кон Унијата. Така не се доаѓа до решение. Пример што секој го разбира. Не го каниш соседот ако не сакаш да го пречекаш. Потоа да се чудите што масата останала празна. Тоа не е дипломатија. Тоа е изговор да не се влезе. СДСМ не спори со историјата. Историјата ја решаваат историчари. За државата тука се институциите, тие треба да обезбедат напредок. Арамијата ја користи првата за да ја запре втората. Затоа што ЕУ носи правила, а правилата не му одговараат на шефот на бандата. Средбата следната недела веќе е поткопана. Од Мицкоски. Од човек што, штом ќе остане без лага, разгорува тензија. Скопје, 06.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter