Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.
Законите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?
1Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.
2Законите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?
Шоу бизТејлор Свифт ги налути луѓето со својата донација за Флорида: За неа се како да дала 5 долариФлорида се соочува со разорните ефекти од ураганите Хелен и Милтон, а многу познати личности одлучија да донираат за да им помогнат на луѓето кои настрадаа.Една од нив е и Тејлор Свифт, која донирала 5 милиони долари за помош на подрачјата погодени од ураганите, но веста налути некои луѓе бидејќи сметале дека требало да донира многу повеќе со оглед на тоа дека е милијардерка. „Нејзините 5 милиони се како 5 евра за повеќето од нас“, „Ова е глупост. Единствената причина поради која го прави ова е да го подобри нејзиниот јавен имиџ“, „Тоа е убав гест, но не е преголема жртва за неа “, велат тие во коментарите. I really think Taylor swift is more fake then trum. — opinionated russian🇷🇺🇺🇸 (@Katsbigopinion2) October 12, 2024 „Ваквите луѓе можат да си дозволат повеќе... Таа е целата лажна и нарцисоидна“,е уште еден коментар на X. “Oh no someone donated money to help people let’s try to twist it to make it seem like they’re not doing any good”. She can do whatever she wants with it and she’s choosing to use some of it to help others. What’s funny is if she donated nothing nobody would’ve cared. pic.twitter.com/UJs7fzUhts — InvestmentKage (インベストメント影) (@Investmentkage) October 11, 2024 Но, имало и такви кои застанаа во нејзина одбрана. „Ако некој каже дека 5 милиони не се доволни, тогаш донирајте ја таа сума“, напишал еден од нејзините обожаватели. „Не сум нејзин обожавател, но да ја омаловажувам по донирањето е глупаво“, додаде друг. “Oh no someone donated money to help people let’s try to twist it to make it seem like they’re not doing any good”. She can do whatever she wants with it and she’s choosing to use some of it to help others. What’s funny is if she donated nothing nobody would’ve cared. pic.twitter.com/UJs7fzUhts — InvestmentKage (インベストメント影) (@Investmentkage) October 11, 2024 „Тажно е што луѓето секогаш наоѓаат нешто лошо, дури и кога има нешто позитивно“, беше друг коментар, а многумина се согласија со него. Веста за донацијата на Свифт ја објави извршната директорка на непрофитната организација Feeding America, Клер Бабинео-Фонтенот. „Ние сме неверојатно благодарни на Тејлор Свифт за нејзината дарежлива донација од 5 милиони долари. Овој придонес ќе им помогне на заедниците да се обноват и закрепнат, обезбедувајќи основна храна, чиста вода и залихи на луѓето погодени од овие разорни бури“, напиша таа на Инстаграм. „Ти благодариме, Тејлор, што стоеше со нас и им помагаш на заедниците во потреба“, додаде таа на крајот. Ова не е првпат Тејлор да донира пари за помош на сиромашните. За време на турнејата Ерас, во градовите каде што настапувала, таа редовно донирала на локални народни кујни и организации кои им помагаат на оние со послаба финансиска состојба. Во 2016 година, таа донирала за жртвите од поплавите во Луизијана, во 2017 година донирала пари за погодените од ураганот Харви, а во 2020 година донирала 1 милион долари за помош на жртвите од торнада кои уништија домови и убија најмалку 24 луѓе во Тенеси, каде што започна нејзината кариера. Во 2023 година, таа ја повтори донацијата во истата држава по поразорните торнада. За потсетување, Тејлор Свифт официјално стана најбогатата само-направена музичарка во светот со проценета нето вредност од 1,6 милијарди долари. Оваа вест ја потврди и Форбс, нагласувајќи дека американската пејачка станала милијардерка по големиот успех на нејзината минатогодишна турнеја Ерас. Тејлор ја престигна Ријана, чие богатство се проценува на 1,4 милијарди долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.Во Основниот суд во Кочани се одржа првото рочиште во судскиот процес против Ива Михаилова, по нејзиното бегство во Бугарија. Таа е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани, а по бегството, судот по предлог на обвинителство донесе решение да и се суди во отсуство и по неа да се распише потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски. Михајло, Ива Михаилова преку тамошните медиуми порача дека нема намера да се враќа во земјава и побара да учествува на судењето преку видео-врска, но судот го одби барањето. Кое е образложението? Михаилова не планира да се враќа, побара да ја учествува на судењето он-лајн од Бугарија, што е одбиено од судот. -Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаконите или непостапувањето на институции – кои се причините што фемицидот зема замав во Македонија?Македонското женско лоби, кое поднесува иницијативи до Собранието за унапредување на правата на жените, остро го осудува фемицидот во Богданци и ги поддржува барањата упатени од вчерашниот протест во Скопје.Македонското женско лоби, кое поднесува иницијативи до Собранието за унапредување на правата на жените, остро го осудува фемицидот во Богданци и ги поддржува барањата упатени од вчерашниот протест во Скопје за подобра законска заштита од насилство врз жените. Сепак, извршната директорка Даниела Димитриевска, за Канал 5 посочи дека пред да се пристапи кон измени на постојното законско решение, мора да се утврди зошто тоа не ја дало очекуваната заштита и дали институциите доследно ги спроведуваат предвидените мерки. – Се случува сега со закон да имаме многу повеќе насилство отколку во минатото кога немавме закон за семејно насилство. Што е причината, како да го ставиме во функција овој закон и да се сплотиме да најдеме заедничка платформа за акција,- изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на македонско женско лоби. Во однос на конкретни мерки за превенција и спречување насилство, Димитриевска вели дека Собранието прво треба да размисли за воведување на електронски алки за насилници – предлог кој од порано не доби зелено светло во законодавниот дом, а за кој пратеничката Моника Зајкова од ЛДП поднесе и петиција истиот повторно да биде ставен на дневен ред. – Мислам дека не е лоша идеја ова за нараквицата што се споменува – од едноставна причина што на жртвата ќе и даде време да не биде во близина насилникот – ќе и даде време да реагира да повика помош и така натака. Ова случување и сите претходни ни даваат еден индикатор дека ние мораме некако да реагираме,- изјави Даниела Димитриевска, извршна директорка на македонско женско лоби. Последниот фемицид во Македонија се случи на 3 ноември во Богданци, кога телото на 17-годишната Билјана Ќириќ беше пронајдено во изгореното возило кое било опожарено од 21-годишниот виктор гунтаров, кој потоа и самиот си го одзел животот. Малолетничката и од претходно го пријавувала насилството, а од обвинителството за Канал 5 велат дека на насилникот не му бил одреден притвор бидејќи било утврдено дека ги почитувал претходно определените итни мерки за заштита од насилство, кои вклучуваат забрана за комуникациај со жртвата. Ова е седми фемицид во земјава од почетокот на годината, а бројките на МВР покажуваат дека од 2021 до 2025 година биле убиени 26 жени. На вчерашниот протест во Скопје, покрај усвојување на заглавените законски измени во Собранието, присутните побараа и разрешување на сите функционери кои го оправдуваат или нормализираат насилството врз жените. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецотПремиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка наскоро да добие нов сопственик, нагласувајќи дека веќе има заинтересиран купувач. Со тоа вели нема да се реализира сценариото за стечај, за кое според него се залагала опозицијата. Мицкоски посочи дека поминал тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а сега тече десетдневниот рок по кој Народната банка треба да ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Потоа следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Аукцијата, како што најави Мицкоски се очекува кон крајот на месецов или почетокот на идниот. - И денеска сум голем оптимист дека, за жал, од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно, ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката – тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банка. А тоа е лоша вест за нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај итн.,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Кој е заинтересираниот купувач не е познато, а претходно, гувернерот Трајко Славески изјави дека интерес покажале шест инвеститори, меѓу нив и две домашни банки. Во меѓувреме, Алта банка од денеска ги отвори вратите и во Тетово и Струмица, за шалтерска исплата до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Од денеска, зголемен е и неделниот лимит за користење на картичките и подигнување пари од банкоматите од 15 на 20 илјади денари.Но првиот ден од проширувањето на шалтерската мрежа не помина без проблеми..Слична слика како и во Битола, денеска имаше во експозитурата во Струмица, редици граѓани пред банката и незадоволство. Дел од граѓаните утрово реагираа дека чекале со часови, бидејки на шалтерите ниту во банкоматите немало пари, па се очекувало тие да бидат донесени од Скопје. - Внатре немаат пари, ниту пак во банкомат има. - Од 7 саат чекам тука и што да правам болна жена ако ми стане лошо кој ќе одговара? - Таму нема на шалтерите, чекаат од Скопје да донесат, а кога ќе дојдат не знам. Од Народната банка попладнево соопштија дека проблемот бил решен и дека исплатите на сите шалтери продолжиле да се одвиваат непречено. Велат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44