Технологија за анализа на квалитетот на сточната храна за прв пат ќе се воведува во Македонија

Прва од циклусот обуките за анализа на квалитетот на сточната храна со користење на „NIR" (Near Infrared Spectroscopy) уреди се одржа денеска во Битола. Овие уреди за прв пат се воведуваат во млекопроизводствениот процес во земјата.

Два NIR уреди и придружен софтвер за анализа на сточната храна се набавени од италијанската компанија „Гранит" и тие ќе бидат користени од Млекара АД Битола и од другите членки на здружението „Знак за квалитет" за да се добијат подетални информации за составот на сточната храна што ја користат нивните кооперанти. Анализата ќе им помогне на млекарите да ги советуваат кооперантите како да го подобрат квалитетот на сточната храна од која пак директно зависат приносите и квалитетот на сировото млеко. Подобрувањето на составот на сточната храна во Северна Македонија може да резултира со зголемување на приносите на млеко за 10-15 отсто, што би претставувал голем скок во продуктивноста на целата млечна индустрија во земјата.

Од Канцеларијата за комуникации во УСАИД информираат дека на обуката присуствувале 14 стручни лица од млекопреработувачката индустрија кои ќе бидат задолжени за тестирање на сточната храна на кооперантите на нивните компании и за советување како да се подобри нејзиниот квалитет, а со тоа и квалитетот и приносите на млеко.

– Со користење на оваа технологија, фармерот во неколку секунди може да дознае каква сточна храна произведува и дава на своите крави. Оваа технологија се употребува на самата фарма, нема потреба од лабораторија и реагенси. Користејки го скенерот во „NIR" уредот, фармерот може да дознае од што е составена храната и со внесување на овие податоци во софтверот за балансирање на исхраната ќе се дознае каков микс треба да биде припремен, заштедувајки пари на прекумерни состојки или пак дополнителни концентрати кои се додаваат во сточната храна, објаснува професорот Паоло Берзаги од Универзитетот во Падова, кој е и експерт за анализа на сточната храна од италијанската компанија „Гранит".

Денешната обука е дел од циклусот од три обуки кои Берзаги оваа недела ќе ги одржи за преработувачите и производителите на млеко во земјата.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер