СДСМ: Седум починати од западнонилска треска - осум недели молк за водата во Гостивар, одговорни нема
Мицкоски за критиките на опозицијата за јавниот долг: СДСМ покажа непознавање за економијата, освен арамилук друго не им е во политичката матрица
1СДСМ: Седум починати од западнонилска треска - осум недели молк за водата во Гостивар, одговорни нема
2Мицкоски за критиките на опозицијата за јавниот долг: СДСМ покажа непознавање за економијата, освен арамилук друго не им е во политичката матрица
3Ристовски: Големите спортски резултати стануваат дел од историјата на државата – доделени државните награди „8 Септември“
СветТехеран објави кој смее да помине низ Ормутскиот Теснец, другите добија предупредување: Сигурно ќе бидат погодениИранската револуционерна гарда денеска објави дека Ормускиот теснец, еден од најважните водни патишта во светот, каде што сообраќајот е речиси целосно суспендиран од почетокот на војната, е затворен.Иранската револуционерна гарда денеска објави дека Ормускиот теснец, еден од најважните водни патишта во светот, каде што сообраќајот е речиси целосно суспендиран од почетокот на војната, е затворен исклучиво за бродови од САД, Израел, Европа и други западни сојузници, објави CNN. - Претходно рековме дека, врз основа на меѓународните закони и резолуции, во време на војна, Исламската Република Иран има право да го контролира преминот низ Ормускиот теснец - соопшти Исламската револуционерна гарда (IRGC), како што објави државната телевизија IRIB. ИРГК предупреди дека доколку бродовите што им припаѓаат на САД, Израел, Европа „и нивните поддржувачи... бидат забележани, тие сигурно ќе бидат погодени“, пишува CNN. Теснецот е практично затворен откако САД и Израел започнаа заедничка операција против Техеран во саботата, што доведе до нагло зголемување на цените на нафтата и се закани да ја потресе глобалната економија.Тагови: Ормутскиот теснец Техеран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Седум починати од западнонилска треска - осум недели молк за водата во Гостивар, одговорни немаОсум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, каде 5.000 граѓани завршија во болница и сè уште нема одговори, нема извештај за видата и нема кој е одговорен.Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани проблеми со безбедноста на водата. Проблеми имаше и со четири реки и локални извори од кои граѓаните користат вода. Одговори нема, одговорност нема. Трагедијата со западно нилска треска продолжува да отвора сериозни прашања за институционални пропусти. Уште еден човечки живот е загубен, судум лица се починати досега. Власта задоцни со реакција, задоцни со прскање против комарци, задоцни со преземање мерки. Одговорни нема. За секој скандал – молк. За секое прашање – криење. За одговорност – никој надлежен. Мицкоски и неговите функционери должат одговори, а институциите должат постапување. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски за критиките на опозицијата за јавниот долг: СДСМ покажа непознавање за економијата, освен арамилук друго не им е во политичката матрицаХристијан Мицкоски, претседател на Владата, денеска, одговарајќи на новинарско прашање дека има многу дилеми во јавноста за јавниот долг, односно што сè стои во структурата на јавниот долг, изјави:„Ја слушав онаа прес-конференција којашто ја имаа пратеници од СДСМ во рамките на Македонското Собрание, каде што имаше две тези коишто сами по себе се небулозни и на отворена сцена покажуваат непознавање. Но, во ред, јас ги разбирам, сепак тоа не е фабрика за јужно овошје или компанија за јужно овошје, па да тргуваат со стабри вакцини или, пак, да горат модуларни болници — тука се експерти. Но, кога станува збор за економијата, освен арамилук и лоповлук, друго не им е во нивната политичка матрица. Но, каква е вистината и каква е реалноста? Првата теза беше зошто не биле запишани оние заеми коишто Државното јавно претпријатие за државни патишта ги зема, затоа што тие не влегуваат во јавниот долг — и тоа треба да го знаат, затоа што има Закон за јавен долг и тие заеми се рамковни, односно во зависност од тоа како се напредува на терен и како се завршуваат активностите, така се испорачуваат фактури, така се повлекуваат заеми и така се плаќаат. И втората теза — зошто онаа одлука на Владата од 31 август за задолжување на меѓународниот пазар не била предвидена во ребалансот на Буџетот, затоа што таа е да се издаде еврообврзница во следната година за да можеме да ги вратиме нивните долгови, коишто го крадеа народот и ги празнеа буквално институциите и министерствата. За да можеме да ја вратиме обврзницата којашто тие ја земаа во корона-кризата, за да можат да горат модуларни болници, за да можат да набавуваат стабри вакцини, а притоа граѓаните да бидат на дното според превенцијата, а на врвот по бројот на жртви за време на корона-кризата. Ете, таа опозиција денеска ја имаме во Македонија. Значи, бандитска опозиција којашто продолжува да биде континуитет на бандитска власт во периодот кога СДСМ и ДУИ беа Влада во Македонија.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаРистовски: Големите спортски резултати стануваат дел од историјата на државата – доделени државните награди „8 Септември“По повод Денот на независноста 8 Септември, Министерството за спорт денеска на пригодна свеченост во Собранието на Република Македонија, ги додели државните награди за високи остварувања во областа на спортотот.Државната награда „8 Септември“, со која Република Македонија им оддава признание на спортистите, тренерите и спортските работници кои со своите резултати, посветеност и долгогодишна работа оставиле трајна трага во македонскиот спорт, годинава се одржа по четиринаесетти пат. Годинешни добитници на еднократната наградата за остварувања во областа на спортот се: Димче Ангелов (борење), Ацо Крстов (борење), Дејан Ангеловски (атлетика) и Ангел Мицевски-Скакар(борење), а наградата за животно дело која е од траен карактер му припадна на Трајче Димков, човек чиј живот е нераскинливо поврзан со борењето – како спортист, тренер, селектор и спортски работник. Министерот за спорт Борко Ристовски, ги поздрави добитниците и во своето обраќање истакна дека државната награда што го носи името на Денот на независноста има посебна симболика, бидејќи со неа државата им оддава почит на луѓето чии спортски достигнувања станале дел од нејзината историја. „Постојат спортски резултати што остануваат запишани во статистиката, но постојат и луѓе чии резултати, карактер и дело стануваат дел од колективната меморија на една држава. Денеска сме тука токму поради такви луѓе. Луѓе кои победувале, создавале шампиони, граделе спортски генерации и го носеле името на Македонија тогаш кога зад нив стоеле само нивниот труд, нивната дисциплина и вербата дека можат да успеат“ - истакна Ристовски. Тој нагласи дека спортот има вредност многу поголема од освоените медали, пехари и рекорди, бидејќи големите спортски успеси создаваат моменти во кои целата држава се препознава во успехот на еден спортист или една репрезентација. „Спортот има една исклучителна моќ – во неколку секунди да обедини цел народ. Кога македонски спортист стои на победнички подиум, кога се крева македонското знаме или кога нашите спортисти се борат со најдобрите во светот, тогаш нивниот успех престанува да биде само личен. Тој станува успех на Македонија. Токму затоа државата има обврска да ги памети луѓето кои ги создавале тие моменти“- порача министерот. Ристовски им честиташе на годинашните добитници, посочувајќи дека зад нивните признанија стојат децении работа, тренинзи, натпревари, откажувања, победи и порази, но и огромен придонес во создавањето нови генерации македонски спортисти. Посебно значење има наградата за животно дело, која му беше доделена на Трајчо Димков, за повеќе од четири децении посветеност на македонското борење како спортист, тренер, селектор и спортски работник. Во неговата долгогодишна спортска кариера особено се издвојува 1995 година, кога со БК „Бучим“ од Радовиш станува европски клубски првак. Како селектор, Димков ја предводеше македонската репрезентација и на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, а низ неговата тренерска кариера неговите борачи освојувале медали на европски првенства, Медитерански игри и други големи меѓународни натпреварувања. „Животно дело не се создава со една победа, една сезона или еден медал. Тоа се создава со децении во кои човекот останува верен на спортот, го пренесува своето знаење и зад себе остава луѓе кои продолжуваат таму каде што тој започнал. Тоа е наследство кое не може да се измери само со бројот на освоени медали“ - истакна Ристовски. Државната награда „8 Септември“ е востановена во 2012 година, а годинава се доделува по четиринаесетти пат. На конкурсот за 2026 година беа поднесени девет кандидатури за државната награда и шест кандидатури за наградата за животно дело. Изборот на апликантите го спроведува Одборот за доделување на државната награда кој го сочинуваат 13 лица, истакнати спортски работници и професори од областа на спортот.Тагови: 8 Септември Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook