Експертите предупредуваат: Затворањето на Ормутскиот теснец ќе ја зголеми цената на нафтата и над 100 долари - Канал 5

Експертите предупредуваат: Затворањето на Ормутскиот теснец ќе ја зголеми цената на нафтата и над 100 долари

Експертите за енергија и инвестициските банки предвидуваат остар скок на цените на нафтата поради конфликтот на Блискиот Исток, а се очекува цената за барел да достигне 90 долари оваа недела.

Експертите предупредуваат: Затворањето на Ормутскиот теснец ќе ја зголеми цената на нафтата и над 100 долари

Експертите за енергија и инвестициските банки предвидуваат остар скок на цените на нафтата поради конфликтот на Блискиот Исток, а се очекува цената за барел да достигне 90 долари оваа недела, со сериозни шанси да ја надмине границата од 100 долари ако продолжат прекините во снабдувањето преку Ормутскиот теснец.

САД и Израел го нападнаа Иран тој викенд, а Техеран возврати со напади врз американските воени бази во регионот.

Во својот основен случај, инвестициската банка Ситигруп очекува цената на нафтата од типот Брент да се движи помеѓу 80 и 90 долари за барел оваа недела, објавува Блумберг.

Нејзините аналитичари претпоставуваат дека конфликтот би можел да биде запрен во рок од две недели, доколку има промена во иранското раководство или САД одлучат да ги запрат своите операции откако ќе ослабат воените капацитети на Иран.

Аналитичарите од агенцијата Вуд Мекензи имаат многу попесимистичка прогноза.

Според нивната анализа, затворањето на Ормутскиот теснец директно загрозува 15 проценти од светските резерви на нафта и 20 проценти од светските резерви на течен природен гас (LNG), па затоа цените на нафтата би можеле да надминат 100 долари за барел доколку транспортните текови не се нормализираат брзо.

Потпретседателот на агенцијата „Вуд Мекензи“, Алан Гелдер, прави паралела со раните денови од конфликтот во Украина, кога стравот од губење на руските енергетски ресурси ги натера цените на нафтата да пораснат на повеќе од 125 долари за барел, објавува порталот „Оилпрајс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лаги

Откако СДСМ јавно го објави документот за ново задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да се оправдаат со нови лаги и манипулации. 

СДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лаги

СДСМ повторно ги разобличува нивните лаги.

1.Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на ЈП за државни патишта (ЈПДП).

Значи Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг.

Но очигледно Кочовска го крши и Законот за јавен долг во кој стои дека во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата.

Долгот за ЈПДП е сокриен и не постои во последната табела за јуни оваа година бидејќи со него веќе долгот би бил над 11 милијарди евра.

Значи со фингирани табели мафта Кочовска.

Позадината на сето ова е во подмолната операција која ја смислија криминалната организација со одлуката ЈПДП директно да се задолжува. Тоа имаше за цел шверцерски да го намалат дефицитот во буџетот.

Но бидејќи пари во Буџетот нема сега сакаат да го фингираат и јавниот долг.

Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата.

2.Обидувајќи се да се оправда за зголемувањето на долговите на 12 милијарди евра, односно 65% од БДП, Кочовска влета во нова лага.

Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра било планирано за 2027 година зошто одлучувале на седница на Влада 5 месеци порано и 4 месеци пред крајот на тековната година?

Вистината е сосема спротивна.

Вистината е дека владата на Мицкоски нема пари во буџетот и може да ја затвори ниту оваа фискална година без ново задолжување.

Вистината е дека се преговара и за нови долгови со некои кредитори.

Вистината е дека до крајот на годината ќе мора да има ново поголемо надворешно задолжување и тоа ќе биде екстремно скапо со вонредно висока камата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Високите температури во Република Српска ги затворија училиштата до 11 септември

Според одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година.

Високите температури во Република Српска ги затворија училиштата до 11 септември

Министерството за образование и култура на Република Српска ги информираше основните и средните училишта во ентитетот дека почетокот на наставата ќе биде одложен поради екстремно високите температури и несоодветните услови за одвивање на образовниот процес. Според одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година. Како што соопштија од министерството, одлуката е донесена првенствено со цел да се заштити здравјето и безбедноста на учениците и вработените во училиштата, како и да се обезбедат соодветни и безбедни услови за спроведување на наставата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за Гренланд

Европската Унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони евра финансиска поддршка за Гренланд.

ЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за Гренланд

Во недела оваа одлука се очекува да ја објави претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, за време на посетата на главниот Град Нук.

Лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на двајца европски претставници запознаени со плановите за посетата, пишува дека предвидените средства за Гренланд ќе се однесуваат на периодот 2026-2027 година. За време на посетата, Фон Дер Лајен се очекува да потпише и декларација за зајакнување на економските врски меѓу ЕУ и Гренланд, арктички остров со околу 57 илјади жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер