Течат тивки разговори за нова влада, Алијанса за Албанците против ДУИ

Водат ли сите патишта навистина кон мала речица и ќе успее ли овојпат Ахмети да го мобилизиира албанскиот кампус зад нивниот кандидат за премиер Албанец, низ заеднички став како по примерот со тиранската платформа.

Од Алијансата за Канал 5 тврдат дека премиерот Албанец е предизборен трик на ДУИ, а-Алијансата како што вели генералниот секретар Арбен Таравари не би седнала ниту во иста влада со ДУИ.

Интегративците и натаму тврдат дека од ДУИ зависи кој ќе седне во идната влада, и оти останува условот за премиер Албанец. Насер Зибери вели тој е ставот на Ахмети, а Мала Речица е отворена за разговори со сите.

Иако официјално се молчи, зад сцената партиите веќе се во меѓусебни комуникации.

Социјалдемократите најавија дека преговорите ќе почнат веднаш по втори август, и дека мандатарот е Заев.

Доколку ДУИ не попушта од тврдите позиции засега во оптек се повеќе опции околу формирањето на владиното мнозинство и без ДУИ, во кои би можело евентуално да се смета и на гласовите на Левица. Апасиев досега беше дециден дека целта на партијата не е владата, но и дека тој не би колидирал со СДСМ, заклучно со синоќешната збунувачка објава на Фејсбук за таканаречена скопска платформа во која не се партиите на Албанците.

Ниту од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат кои се нивните адути но по најавата дека влегуваат во процесот на преговори за идната влада од партијата и денеска повторија дека ќе разговараат со сите, но не и со СДСМ како што најави Мицкоски.

Засега и покрај оптимизмот и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја формираат идната влада, не се исклучува ниту можноста од политичка криза , широка влада но и нови избори догодина во пакет со локалните.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Фото:Убавата Дилета ја отвори сезоната на костими за капење

Најатрактивната спортската новинарка и водителка во Европа, Италијанката Дилета Леота, набрзо по раѓањето на своето прво дете, ќерката Арија, се врати на работа пред ТВ екраните и фудбалските стадиони.

Убавата Дилета е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

Благодарение на редовните тренинзи и адекватната исхрана, убавата и згодна мама брзо ја врати линијата што ја имаше пред породувањето, а нејзините обожаватели ширум светот со нетрпение го очекуваа враќањето на Дилета во ритамот од пред бременоста и објавувањето на фотки во бикини.

Тоа на нивна радост и се случи, Дилета објави фотографии од базен, каде со ќерката ужива во приватноста на својот дом, а дека изгледа бомбастично докажа и во едноделен розов костим за капење кој одлично и стои.

притисни ентер