3Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата
ФормулаТажна вест! Почина најстариот возач на Формула 1 Поранешниот возач на Формула 1, Ермано Жоао да Силва Рамос, попознат како Нано, почина на 101-годишна возраст во Бијариц, Франција.До последните денови, Нано го носи епитетот најстар жив учесник на тоа натпреварување, кој го стекна на 8 април 2023 година по смртта на Британецот Кенет МекАлпин. Нано остави зад себе богата и историски значајна кариера во мотоспортот. Тој беше последниот жив возач кој се натпреваруваше во сезоната на Формула 1 во 1955 година, како и последниот кој освои поени во таа деценија. Во исто време, тој се сметаше за последен преживеан учесник на познатото и трагично издание на трката 24 часа Ле Ман од 1955 година. Роден е на 7 декември 1925 година во Париз, во семејство на француска мајка и бразилски татко, претприемач и возач. Дел од младоста ја поминал во Бразил, каде што ги направил своите први сериозни чекори во светот на автомобилизмот. Веќе на 21-годишна возраст учествувал на Гран прито на Интерлагос, по што ја продолжил кариерата во Франција. Тој влезе во историјата како втор Бразилец кој ја возел трката 24 часа Ле Ман, каде што дебитираше во 1954 година заедно со Жан-Пол Колт. Нивниот настап заврши по 14 часот поради дефект на менувачот, но Нано подоцна истакна дека следното издание на оваа трка, кога во катастрофата загинаа најмалку 82 лица, е најдлабоко врежано во неговото сеќавање. Само осум дена по таа трагедија, тој го имаше своето деби во Формула 1 и веднаш ги освои првите бодови, освојувајќи го осмото место на Големата награда на Холандија зад воланот на автомобилот „gordini straight-6“. За време на неговата кариера во најбрзиот циркус во светот, тој возеше вкупно седум трки, а својот најдобар резултат го постигна во 1956 година во Монако, каде што го освои петтото место. Со неговата смрт, листата на најстари живи возачи на Формула 1 е променета, па тоа место сега го зазема Џон Роудс, кој има 98 години. Британецот го имаше својот единствен старт во Формула 1 во 1965 година во Силверстоун, а тркачката кариера ја заврши дури на 80-годишна возраст, по сериозната несреќа во 2006 година во која го изгуби окото.Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ЗабаваФото: Татко и ќерка заедно на црвениот тепих: Антонио Бандерас ја покажа својата наследничка Холивудската ѕвезда, актерот Антонио Бандерас предизвика внимание кога се појави на црвениот тепих со својата ќерка Стела, која ја има од врската со колешката Мелани Грифит.Познатиот Антонио Бандерас (66) се појави со својата ќерка Стела (30) на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, на светската премиера на филмот „Up Against It“ – нова драмска комедија во режија на Труди Стајлер. Филмот привлече бројни холивудски ѕвезди во Торонто, но токму таткото и ќерката го привлекоа целото внимание. Стела изгледаше елегантно и софистицирано во тесен црн миди-фустан со асиметричен изрез и драпирани детали, додека позираше покрај својот татко. „Up Against It“ го означува враќањето на Бандерас на филмот, откако во последните години беше силно ангажиран во театарот и во продукциската работа. Појавувањето во Торонто се случи речиси една година откако Стела се омажи за Алекс Грушински на романтична церемонија во опатијата Абадија де Ретуерта во Ваљадолид, Шпанија. „Се познаваат уште од четиригодишна возраст. На крајот на краиштата, тоа е многу долга врска, врска што трае 25 години“, изјави тогаш актерот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неаСветската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неа: под црната тантела се гледаше апсолутно сè Атрактивната Џенифер Лопез го воодушеви Милано во смела чипкана комбинација што го откриваше долниот веш, по ревијата на „Долче и Габана“. Џенифер Лопез ја покажа својата смела модна страна во Милано, а со проѕирна чипкаста комбинација по модната ревија на „Долче и Габана“, таа едноставно не можеше да остане незабележана. Актерката и пејачка Џенифер Лопез се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа за време на нејзиниот престој во Милано. За вечерното излегување по модната ревија на „Dolce & Gabbana“, таа избра смела комбинација. Пред фоторепортерите се појави во впечатлив комплет од црна тантела, кој поради проѕирниот материјал го откриваше нејзината долна облека. Кројот што ја следеше линијата на нејзиното тело дополнително ја истакна силуетата на 57-годишната ѕвезда, додека длабокото деколте ѝ даде уште позаводлив шмек на целата комбинација. Преку чипката таа облече долг црн крзнен капут, со кој накратко ја покри провокативната комбинација.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
СветАмериканските сили се повлекоа од последните бази во Ирак, се стравува од безбедносен вакумАмериканските сили денеска се повлекоа од преостанатите свои бази во Ирак, предизвикувајќи стравувања дека зад себе оставаат безбедносен вакуум што би можел да ги зајакне проиранските милиции и да доведе до прегрупирање на Исламската држава.Повлекувањето што го поздравија Иран и неговите сојузници, беше договорено во 2024 година, за време на претседателствувањето на Џо Бајден, а се спроведува во услови на војна против Иран кој има свое влијание и во Ирак преку одредени вооружени групи. Повлекувањето се случува 23 години откако американските сили го соборија од власта Садам Хусеин, што предизвика бунт и хаос во државата во која подоцна се појави џихадистичката организација Исламска држава. Иако ирачаните се задоволни од заминувањето на американските војници, постојат стравувања дека безбедносните сили што ги финансираа и обучуваа САД, не се во состојба да ја заштитат земјата во која за изминатите 20 години загинаа повеќе од 4.500 Американци. Американските сили го нападнаа Ирак во 2003 година и практично ја окупираа земјата, поставија шиитска влада и се бореа против лојалистите на Садам, а потоа и против Ал Каеда, пред да се повлечат кон крајот на 2011 година. Тие се вратија три години подоцна за да им помогнат на ирачките сили да ја поразат сунитската исламска држава во војната од 2014 до 2017 година. Во операцијата „ирачка слобода“ загинаа двојно повеќе американци отколку во војната во Авганистан, од каде исто така американската војска се повлече во 2021 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11