Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен
2Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен
Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
2Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
Други спортовиТаткото на УФЦ борецот Хабиб: Без 100 милиони долари нема реваншПо успешното враќање на Конор Мек Грегор во рингот, повторно се појави прашањето за можен реванш против Хабиб Нурмагомедов за титулата на УФЦ во лесна категорија.Мек Грегор го нокаутира Доналд Церон по само 40 секунди во првото коло и најави дека по победата сака да биде победник на натпреварите против Тони Фергусон и Хабиб Нурмагомедов. Хабиб и Мек Грегор се бореа на 6 октомври 2018 година, кога Хабиб победи со гушење. Пред натпреварот Мек Грегор го навреди Кабиб на верска основи, го спомна неговото семејство, а Дагестанецот го сфати тоа лично и по победата отиде во пресметка со целиот ирски тим. Тој скокна од кафезот и започна тепачка, по што заработи повеќемесечна суспензија. Тој подоцна изјави дека нема намера повторно да влезе во ринг со Мек Грегор, но ако го прашате неговиот татко Адбулманап, постои еден начин како овој реванш да се случи. „100 милиони американски долари. Без тоа, нема борба. За мене парите не се важни, тоа е спортската страна, но вредната спортска страна на борбата Кабиб - Тони“, рече Нурмагомедов постариот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАмерикански центар: Владите да вложуваат повеќе во критичните минералиЗападот треба значително да ги зголеми инвестициите во ископ и преработка на критични минерали за да ја намали зависноста од Кина, предупредува американскиот Центар за стратегии за критични минерали.Главниот проблем за проектите за критични минерали во западните земји е недоволното финансирање, поради што државите остануваат зависни од Кина за суровини неопходни за технолошката и одбранбената индустрија. Ова се наведува во најновиот извештај на американскиот Центар за стратегии за критични минерали, кој повикува владите многу поактивно да ги поддржат инвестициите во рударството. Во извештајот се оценува дека геополитичката трка за критични ресурси нема да ја добијат земјите што само најавуваат стратегии и партнерства, туку оние што ќе успеат брзо да обезбедат капитал и стратешките рударски проекти да ги претворат во производство. Додека западните држави сè повеќе користат јавни средства за поттикнување на нови рударски инвестиции, во Македонија сè уште е во застој единствениот најавен проект за експлоатација на критичен минерал – рудникот за бакар во Иловица, зад кој стои компанијата „Трафигура“. Домашни експерти претходно повикаа Македонија да го искористи својот ресурсен потенцијал и да се вклучи во западните синџири за снабдување со критични минерали. Според плановите, рудникот во Иловица би експлоатирал околу 10 милиони тони руда годишно и би произведувал повеќе од 10.000 тони бакар, со предвиден работен век од околу 23 години. За разлика од препораките за јавна финансиска поддршка, за овој проект веќе е обезбеден приватен капитал. Првата фаза од изградбата е проценета на околу 340 милиони евра, а покрај стотици нови работни места, се очекува секоја година околу 75 милиони евра да се слеваат кон локални и регионални компании од угостителството, земјоделството, прехранбената, текстилната, хемиската и дрвната индустрија, како и кон занаетчиски и сервисни дејности. Во извештајот се посочува и дека Западот се соочува со недостиг од бакарен концентрат за работа на топилниците. Причината е што глобалните капацитети за топење, особено во Кина, растат побрзо од понудата на суровина, што создава силна конкуренција за ограничените количини бакарен концентрат. Дополнително, се наведува дека Кина од 2001 до 2023 година инвестирала околу 98 милијарди долари во проекти за критични минерали, обезбедувајќи долгорочен пристап до стратешки суровини и доминантна позиција на глобалниот пазар. Заклучокот на Центарот е дека создавањето сигурни синџири за снабдување независни од Кина ќе бара тесна соработка меѓу владите и приватниот сектор. Според проценките на Меѓународната агенција за енергетика, за исполнување на поставените цели ќе бидат потребни повеќе од 500 милијарди долари инвестиции во нови проекти за критични минерали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Актерка облече бикини и го истакна задникотАктерка облече бикини го покажа задникот и ги воодушеви фановите .Откако ја раскина свршувачката со Шон Вајт, американската олимписка шампионка во сноубординг, актерката Нина Добрев ужива во животот. Често се појавува на големи настани и во друштво на славни ѕвезди, што и доликува на нејзиниот актерски статус, а не е тајна ниту тоа дека неодамна беше фотографирана во страсна прегратка со своето ново момче. Иако потенцијалниот пар не ги рекламираше провокативните фотографии, тоа не ја спречи убавата Нина да објави компилација од своите провокативни фотографии на Инстаграм. Како што можете да видите, таа ги поминува жешките летни денови во Италија, а слободното време го искористи за да сподели дел од атмосферата од патувањето со своите фанови на социјалните мрежи. Вниманието на јавноста го привлекоа фотографиите во бикини, на кои таа покажа прекрасна фигура и со тоа воодушеви многумина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55
МакедонијаГерасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на теренГрадоначалникот на Општина Центар и претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека клучниот чекор за СДСМ е обединување на членството, враќање на терен. Градоначалникот на Општина Центар и претседател на ОО СДСМ Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека клучниот чекор за СДСМ е обединување на членството, враќање на терен и градење политики заедно со граѓаните. „Пред нас има многу работа. Потребно е повторно да ја екипираме партијата, да ги вклучиме сите луѓе кои со години придонесувале за СДСМ, без разлика дали извршувале партиски или институционални функции. Денес повеќе од кога било ни е потребно единство, искуство и меѓусебна доверба“, истакна Герасимовски. Тој нагласи дека политиката не смее да се води зад затворени врати, туку таму каде што се граѓаните. „Во Општина Центар секојдневно сме на терен. Организираме маалски средби, буџетски форуми и ги слушаме потребите на граѓаните пред да донесеме одлуки. Истиот принцип треба да го применува и партијата – да го слушне секој член, секој предлог и секое мислење. Само така може повторно да ја изградиме довербата“, рече Герасимовски. Тој порача дека сите различни ставови треба да бидат повод за дијалог и дебата, внатре во партијата, а не по кафеани и кулоари. „Предизвиците со кои моментално се соочува партијата е недозволиво и нездраво да се дебатираат надвор од неа. Сите оние различности, сите ставови и размислувања, треба да се дебатираат во партиските простории“, заклучи Герасимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter