Таткото на Тејлор Свифт обвинет за напад врз фотограф во Сиднеј - Канал 5

Таткото на Тејлор Свифт обвинет за напад врз фотограф во Сиднеј

Таткото на Тејлор Свифт е под истрага во Австралија за наводен напад на папараци на пристаниште во Сиднеј. Настанот се случил по нејзиниот последен концерт во градот. 

Таткото на Тејлор Свифт обвинет за напад врз фотограф во Сиднеј

Додека со ќерка сѝ се симнувале од луксузната јахта, Скот Свифт (71), според обвинението, го удрил фотографот.

Според „Сиднеј морнинг хералд“ (Sydney Morning Herald), ниту еден од двајцата мажи не е повреден. Бен Мекдоналд (51), извршен директор на „Матрикс медија груп“ (Matrix Media Group), потврди дека тој е тужителот, т.е. оштетениот фотограф на пристаништето.

- Ја вршев својата работа, одејќи по Тејлор. Таа штотуку се симна од јахтата во заливот Нутрал Беј и одеше по пристаништето со неколку чувари околу неа. Обезбедувањето сакаше да нè оттурне со своите чадори, а потоа татко ѝ реши да се вклучи. И ме удри... Бев шокиран. Не требаше така бидејќи обезбедувањето имаше сè под контрола... Сега случајот ќе ѝ биде препуштен на полицијата, појасни Мекдоналд.

Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека истрагата е во тек.

- Две лица беа агресивни кон Тејлор туркајќи го нејзиното обезбедување и заканувајќи се дека ќе фрлат еден од обезбедувачите в море, изјави претставник на американската поп-ѕвезда.

Концертот во Сиднеј е последниот дел од турнејата на Свифт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Устевн,Костадиновски на работна средба со претседателот на турскиот Уставен суд, Озкаја

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја. 

Претседателот на Устевн,Костадиновски на работна средба со претседателот на турскиот Уставен суд, Озкаја

Во фокусот на средбата беа разговорите посветени на натамошното унапредување на билатералната соработка и размената на искуства во областа на уставното судство. На средбата беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалните односи меѓу двата уставни суда преку интензивирање на меѓусебната комуникација, размена на добри практики и организирање идни заеднички активности од заемен интерес.

Посебен акцент беше ставен на претстојните активности во рамките на Балканскиот форум на уставни судови (BCCF), како и на можностите за понатамошна меѓународна афирмација на Форумот во пресрет на европските и светските конгреси на уставните судови. Претседателот Костадиновски го запозна претседателот Озкаја со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд на Република Македонија, како и со активностите што Судот ги презема за унапредување на транспарентноста, отвореноста кон јавноста и справувањето со дезинформациите, лажните вести и манипулациите поврзани со неговата работа.

Воедно, претседателот Костадиновски изрази благодарност до Уставниот суд на Република Турција и до Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за континуираната поддршка што ја обезбедуваат за Уставниот суд на Република Македонија.

„Уставните судови, преку заемна соработка и размена на искуства, придонесуваат кон јакнењето на владеењето на правото, независноста на уставното судство и заштитата на уставните вредности. Искрено ја цениме подготвеноста на Уставниот суд на Република Турција за натамошно продлабочување на нашите односи и заедничко дејствување во рамките на меѓународните уставносудски иницијативи. Истовремено, за нас е особено значајно што имаме искрен партнер кој ја поддржува модернизацијата, транспарентноста и институционалниот развој на Уставниот суд“, изјави претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски. Средбата е дел од континуираните активности на Уставниот суд насочени кон зајакнување на меѓународната институционална соработка, унапредување на билатералните односи со сродните институции и афирмација на улогата на Уставниот суд на Република Северна Македонија на меѓународен план.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Одмазда за „рускиот Амазон“, силен напад врз Киев

Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во рускиот напад со балистички ракети врз Киев и неговата околина што се случи ноќеска.

Видео: Одмазда за „рускиот Амазон“, силен напад врз Киев

Според првичните информации, кон главниот град на Украина биле истрелани 31 балистичка ракета и осум хиперсонични ракети „Циркон“.

Првите експлозии во Киев одекнале околу 1:30 часот по локално време, а низ централна и источна Украина се огласија сирените за воздушна опасност. Нападите траеле до 2:38 часот. Украинските воздухопловни сили сè уште го немаат потврдено вкупниот број на ракети, но известија за неколку бранови на балистички ракети насочени кон Киев, почнувајќи од 1:24 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Денес според изветајот од УХМР времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

УХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер