Таткото на Ѓоковиќ објави кога тој се враќа теренот - Канал 5

Таткото на Ѓоковиќ објави кога тој се враќа теренот

Новак Ѓоковиќ се опоравува од операција на лактот и веќе почна да тренира во салата.

Таткото на Ѓоковиќ објави кога тој се враќа теренот
Медиумите шпекулираат кога српскиот тенисер ќе се врати на теренот, а одговорот на ова прашање го даде неговиот татко, Срѓан Ѓоковиќ, кој истакна дека рехабилитацијата од по планот.

Враќањето на Новак се очекува во мај, кога почнува сезоната на земја.

- Не се работи за криза, туку природата си го прави своето. Уморот, повредите... На такви нешто неможеш да влијаеш. Паузата еднаш мораше да се случи. Можеби имаше пропусти во третманот, но тоа не било намерно. Сега е се во ред, Ноле започна со рехабилитација и ако даде Господ ќе почне да игра во следниот период. Очекувам тој да биде на терен за „Мастерс“ турнирите на земја во мај, изјави Срѓан Ѓоковиќ за „Новости“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лазар Еленовски на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Лазар Еленовски.

Лазар Еленовски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Реконструкцијата на Влада е само замена на Курто со Мурто

Најавената реконструкција на Владата на Мицкоски е само замена на Курто со Мурто и ништо повеќе. 

СДСМ: Реконструкцијата на Влада е само замена на Курто со Мурто

Замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт.

По две години владеење, Владата на Христијан Мицкоски не испорача ниту економски резултати, ниту повисок животен стандард, ниту правда, ништо. Ниту едно изборно ветување не е исполнето.

Економијата е во сериозна криза, буџетскиот дефицит е речиси целосно потрошен за само шест месеци, нема пари ниту за пензии, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра, а премиерот како решение за иселувањето на младите најавува увоз на „економски работници“.

Во тендер-коалицијата ништо суштински не се менува. Театарот е ист, глумците се исти.

Старите политики остануваат, старите практики продолжуваат, а новите имиња се само нова амбалажа за истото неуспешно владеење, на истото старо, корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните.

Симни се Курто да се качи Мурто, а газадата останува ист.

Македонија не оди напред. Со оваа власт Македонија забрзано се движи кон пропаст.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Усвоен законот за органодарителство

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се отвора можност секој полнолетен граѓанин лично да се изјасни дали сака да биде органодарител по својата смрт.

Усвоен законот за органодарителство

Законот, кој беше донесен по скратена постапка, доби поддршка од 58 пратеници, додека шест гласаа против.. Од министерството за здравство оценуваат дека со овие измени значително се унапредува правната и институционалната рамка за органодарителство и трансплантација во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер