ВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во Гостивар
1ВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во Гостивар
ФудбалТаткото на Енцо Фернандез: Мојот син не е расист, тоа е наш фудбалски фолклорРаул Фернандез, таткото на играчот од средниот ред на Челси, Енцо, тврди дека аргентинскиот првотимец не е расист.Неговиот син сними „лајв“ на Инстаграм во кој се слуша како тој и неговите колеги од репрезентацијата пеат песна со расистички текст против играчите на француската репрезентација. Иако се обиде да ги отстрани трагите и набрзо се извини, тој чин не беше разбран ниту од Фудбалскиот сојуз на Франција, ниту од управата или неговите соиграчи од лондонскиот клуб. -Знам каков е мојот син, не е таков каков што го прикажуваат. На Европејците им е тешко да го разберат нашиот фудбалски фолклор. Снимаше „во живо“ во несоодветен момент, не ни разбираше што всушност се пее, тврди таткото Раул за „Депортес аргентос“. Тој додаде дека тоа не е особено коректно поради начинот на кој ривалите на Аргентина се однесуваа кон играчите на „албиселесте“ во претходните изданија на Светското првенство. -Кога Германија не победи во финалето во 2014 година, тие го имитираа одењето на „гаучосите“ и се однесуваа како да сме неуки. Французите се исмејуваа со висината на Меси во 2018. Никогаш не се жалевме кога не дискриминираа, потенцираше таткото на Енцо Фернандез. Контроверзното видео е направено во автобусот за време на возењето по победата на Аргентина над Колумбија во финалето на Копа Америка во Мајами. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во ГостиварГраѓаните на општина Гостивар со години, додека на власт беше предавничката СДС, пиеја небезбедна вода.И додека гостиварчани се труеја со загадена вода за пиење, талогот на СДС, кој денес глуми загриженост, само за да ќари некој беден политички поен, со години молчеа. Иако тогаш направените анализи, во повеќе наврати во гостиварскиот водовод, утврдија небезбедна вода за пиење и со присуство на зголемен број на колиформни бактерии, никој од тогашната власт на СДС, ниту Филипче, ниту пак нивните локални коалициски партнери не излегол со предупредување да не се користи водата. За ваквата состојба постојат документи, кои, изминатите денови ги споделивме со јавноста и во нив јасно се покажува дека надлежните институции, во време на власт на СДС, располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места. Наместо да преземат мерки за да изнајдат решенија и да ги информираат граѓаните, тогашните власти без никаква грижа на совест дека можат да го загрозат здравјето на граѓаните, ги оставија гостиварци да пијат вода која не ги задоволува условите за питка вода. Имајќи го предвид ваквиот институционалниот и партискиот молк, прашуваме со кое лице и кредибилитет сега бараат одговорност за нешто со години не го решиле, ниту реагирале предавничката СДС и на Венко Филипче? Наместо сега да креираат хистерија и врз здравјето на граѓаните да печалат поени, треба јавно да излезат и да одговорат зошто додека СДС била власт, не ги известиле граѓаните за наодите од анализите и колку од тие случаи биле целосно отстранети? Тоа се истите луѓе кои со години беа власт и ништо не направија, денес да се претставуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставиле зад себе. Таквиот театар на талогот и остатокот во СДС и Венко Филипче, не поминува, граѓаните заслужуваат одговори зошто ништо не направиле додека ја имаа целата власт и институционална моќ во нивни раце. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕксплозии во Ормускиот ТеснецТанкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни.Танкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни и дека не е пријавена штета врз животната средина. UKMTO во известувањето наведе дека инцидентот се случил на околу девет наутички милји (16,7 километри) југоисточно од градот Кумзар во Оман и дека извештајот за инцидентот бил доставен со задоцнување, пренесува Ројтерс. Според центарот, командантот на танкерот пријавил дека слушнал две експлозии додека минувал низ Ормускиот Теснец. अदन की खाड़ी में टैंकर के पास जोरदार धमाका, लाल सागर में समुद्री सुरक्षा खतरे में अदन के दक्षिण-पूर्व में टैंकर के पास धमाका सुना गया। हूती विद्रोहियों द्वारा जहाजों पर हमलों की घटनाओं के बीच लाल सागर में तनाव बढ़ता जा रहा है। क्रू सदस्य सुरक्षित हैं।#RedSea… pic.twitter.com/PjMyZFBxI2 — News 4 Social - Talk About Latest Trend (@newsforsocial) August 6, 2026 Инцидентот се случи во период на зголемени тензии во областа на Ормускиот Теснец, по неодамнешните воени судири меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисГолеми изненадувања во Монтреал! Шок по шок во Монтреал! Големи изненадувања го одбележаа второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал.Мастерсот во Монтреал уште во второто кола остана без првиот и четвртиот ностле. Првиот и четвртиот носител, Александар Зверев и Данил Медведев, се елиминирани од холандски тенисери, а натпреварувањето го заврши и Тејлор Фриц. Третиот тенисер во светот, Александар Зверев, го одигра својот прв меч по поразот од Јаник Синер во финалето на Вимблдон, но веднаш го заврши своето учество во Канада. Германецот беше поразен од Талон Грикспор со резултат 6:7 (3:7), 6:2, 6:4. Холанѓанецот, кој моментално е 69-ти на АТП-листата, пристигна во Канада со само една победа од претходните осум меча на АТП-турнејата, но успеа да ја забележи својата трета победа во кариерата против Зверев. Престојот во Канада заврши и за четвртиот носител, Данил Медведев. Рускиот тенисер во 2 коло загуби од Ботик ван де Зандшулп со 6:3, 7:6 (7:5), со што Холанѓанецот ја оствари својата прва победа во нивните меѓусебни дуели.Тагови: Зверев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter