15 годишно момче од Турција загинало поради морничава шега на другарите, татко му плаче на глас (ВИДЕО) - Канал 5

15 годишно момче од Турција загинало поради морничава шега на другарите, татко му плаче на глас (ВИДЕО)

Стотици луѓе во четвртокот го испратија кон вечното почивалиште Мухамед К. (15), момче од Турција кое починало од морничави повреди нанесени од неговите пријатели .

15 годишно момче од Турција загинало поради морничава шега на другарите, татко му плаче на глас (ВИДЕО)

Стотици луѓе во четвртокот го испратија кон вечното почивалиште Мухамед К. (15), момче од Турција кое починало од морничави повреди нанесени од неговите пријатели - поточно, колеги со кои работел во столаријата каде што го учел занаетот, кои сакале да се пошегуваат со него, објави Сан.

Мухамед починал на 19 ноември од морничави повреди на цревата и внатрешните органи, предизвикани од туркање црево од компресор за воздух во анусот на момчето.

Морничавото насилство се случило на 14 ноември во столаријата, кога двајца колеги, од кои едниот има 19 години, под „изговор дека сакаат да се пошегуваат“ го врзале Мухамед, му ја соблекле долната облека и му турнале црево од компресор во анусот, што потоа го вклучиле.

Голема количина воздух под огромен притисок влегла во телото на момчето, што довело до експлозија на неговите црева и сериозни повреди на сите негови внатрешни органи. По петдневна мачна борба за живот, Мухамед починал на интензивна нега, објавија локалните медиуми.

Телото на момчето било предадено на неговото семејство на 20 ноември, веднаш по обдукцијата, а тие го погребале истиот ден. На социјалните мрежи кружи видео од таткото на Мухамед како седи на тротоарот пред гробиштата, неспособен да се помрдне од тага. Несреќниот човек, кој има уште два сина, потоа беше држен од пријатели додека плачеше и се мачеше да оди до својот автомобил.

По смртта, полицијата ги приведе двајцата колеги кои се обвинети за нанесување тешки телесни повреди што резултираа со смрт. Младиот човек (19) осомничен за кривичното дело првично беше пуштен да се брани од слобода, но поради големиот јавен протест, повторно беше издадена потерница за негово апсење.

Вчера вечерта, во родниот град на Мухамед се одржа голем протест, каде што граѓаните бараа правда за убиеното момче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското еколошко друштво ќе биде домаќин на деветтата средба на „Еуролинкс“ – европска научна иницијатива за евроазискиот рис

Бројни странски и регионални проучувачи на рисот во Европа ќе се сретнат во Вевчани, каде што од 12 до 14 октомври ќе се случува деветтата средба на „Еуролинкс“ во организација на Македонското еколошко друштво.

Македонското еколошко друштво ќе биде домаќин на деветтата средба на „Еуролинкс“ – европска научна иницијатива за евроазискиот рис

„Еуролинкс“ (EUROLYNX) претставува европска научна иницијатива за споделување податоци и знаење за екологијата на движењето на евроазискиот рис, основана во 2018 година. Замислена како просторна база на податоци, „Еуролинкс“ ги чува податоците за евроазискиот рис (Lynx lynx) што засега ги споделуваат 42 групи од 19 земји. Меѓу нив е и Македонското еколошко друштво (МЕД) кое преку Програмата за закрепнување на балканскиот рис веќе 20 години работи на зачувување на овој загрозен подвид на евроазискиот рис.

„‘Еуролинкс‘ е платформа што спојува научници од Европа со иста пасија и научна цел - проучување на рисот. Ова е прилика да се споделат новите истражувања од областа и да се остварат соработки од поголеми размери, со фокус на цели популации на рисот. Така значително се збогатуваат сознанијата и се стекнува подетална слика за трендовите и поврзаностите меѓу популациите на континентално ниво. Средбата е од затворен карактер и е наменета само за членовите на ‘Еуролинкс‘. Тоа што МЕД е домаќин на ваков настан е афирмација на нашата долгогодишна научноистражувачка работа, но и признание од научната фела дека нашата организација е дел од една поголема заедница на научници“, вели Александар Павлов, биолог кој е во тимот на МЕД што работи на закрепнување на балканскиот рис.

Податоците што се достапни преку овој отворен информациски систем овозможуваат да се истражи однесувањето на рисот во неговите живеалишта и да се евидентира како неговите популации реагираат на промена на живеалиштата, разни човекови активности, густината на пленот или методите на одгледување добиток. Со оглед на тоа што ваквите теренски поткрепени информации пристигнуваат од повеќе земји, „Еуролинкс“ дава одлична основа за компаративни теориски и применети истражувања за однесувањето и екологијата на рисот на европско ниво.

Евроазискиот рис е голем грабливец од семејството на мачките (Felidae) и е најголем од шесте вида во родот Lynx. Благодарение на неговиот широк ареал и стабилните популации низ Евроазија, на Црвената листа на загрозени видови на Меѓународната унија за зачувување на природата спаѓа во категоријата „најмала загриженост“ (LC). Меѓутоа, одредени изолирани популации во Централна Европа поединечно се сметаат за загрозени, како што е и популацијата на балканскиот рис која денес населува мала површина од Балканскиот Полуостров. Иако евроазискиот рис се вратил во некои од своите историски живеалишта, сепак не е имун на човековите активности. Меѓу најсериозните закани за него се криволовот, губењето и фрагментацијата на живеалиштата и вкрстувањето меѓу блиски сродници во многу мали популации во Централна Европа, што доведува до генетско ослабување на популациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна Лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „Пулс

Во кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна Лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „Пулс

Во кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „Пулс“.

Продолжува судењето за „Државна лотарија“, во кое обвинети се Артан Груби, Перпарим Бајрами и уште шест лица.Тие се сомничат за злоупотреба на службената положба и проневера на околу 600 милиони денари.

Во случајот треба да продолжи доказната постапка, по сведочењето на директорот Владо Петковски.

Во Кривичниот суд продолжува и судењето против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов.

Треба да сведочат родителите во чиј семеен дом во Неготино беа пронајдени 350.000 евра.Претходно сведочеше Фехми Стафа, кој негираше дека примил 20.000 евра за влијание врз ристов.одбраната тврди дека обвинението нема доволно издржани докази, додека обвинителството посочува дека има материјални и електронски докази.во судницата во „Идризово“ продолжува и судењето за пожарот во дискотеката „Иулс“ во Кочани.Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, а предметот се наоѓа во доказна постапка.по завршувањето на доказите на обвинителството, одбраната треба да започне со изведување на своите докази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се гаси КК „Монако“по 12 години голем успех!

„АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања.

Се гаси КК „Монако“по 12 години голем успех!

Европската кошарка е потресена од шокантна вест: „АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања.

Во официјалното соопштение упатено до јавноста и навивачите, клубот потврди дека се наоѓа во состојба на целосна несолвентност, изразувајќи надеж дека во иднина можеби ќе успее повторно да го активира проектот преку реструктурирање.

„И покрај сите вложени напори, ’АС Монако Баскет’ се најде во состојба на несолвентност“, се вели во соопштението на тимот, кој се надева дека „Рока Тим“ (Roca Team) еден ден повторно ќе заигра во арената „Гастон Медесин“.

Овој пресврт – барем засега – стави крај на проект што постигна историски резултати во француската и европската кошарка во текот на изминатите 12 години.

Во тој период, „Принцовите“ освоија три титули во француското првенство, четири трофеи во „Лидерс купот“, два Купа на Франција и еден Суперкуп.

Нивниот најголем европски успех дојде во 2021 година, кога го освоија Еврокупот, обезбедувајќи ја првата европска клупска титула во историјата на Кнежевството. Потоа, Монако двапати се пласираше на завршниот турнир (Фајнал-фор) во Евролигата, а пред само година и пол играше и во големото финале на елитното европско натпреварување.

Предавање на палката и премин на аматерско ниво Раководството на клубот им се заблагодари на навивачите за поддршката низ годините, нагласувајќи дека заедницата што ја изградиле е нивното најголемо богатство – она што нема да исчезне.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер