Татко и син загинаа во големиот шумски пожар во близина на Солун - Канал 5

Татко и син загинаа во големиот шумски пожар во близина на Солун

Како што пишува грчки Катимерини, во огнената стихија загинале 66-годишен маж и неговиот 12-годишен син, чии тела биле пронајдени во близина на нивниот дом во селото Лити, северозападно од Солун.

Татко и син загинаа во големиот шумски пожар во близина на Солун

Татко и син загинаа во големиот шумски пожар што се прошири во близина на Солун. Како што пишува грчки Катимерини, во огнената стихија загинале 66-годишен маж и неговиот 12-годишен син, чии тела биле пронајдени во близина на нивниот дом во селото Лити, северозападно од Солун.

Во пожарот повредена била и неговата сопруга и мајка на детето. Грчките служби издадоа наредба за итна евакуација на селото Лити, кое брои околу 4.000 жители, а населението е пренесено на безбедно..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кратко и интензивно невреме во Скопје – предизвикана материјална штета

Кратко, но многу интезивно невреме го зафати Скопје попладнево.

Кратко и интензивно невреме во Скопје – предизвикана материјална штета

За само 10 минути направи вистински хаос, а предизвика и материјална штета. Одиме со слика во Карпош, таму е Михајло Видимлиски.. Михајло како е на терен?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се враќа Смарт во веќе препознатливата форма, премиерата е закажана наесен во Париз

Електричниот мал Смарт #2 моментално е во процес на обемна глобална програма за тестирање пред неговата светска премиера на Саемот за автомобили во Париз во октомври 2026 година. 

Се враќа Смарт во веќе препознатливата форма, премиерата е закажана наесен во Париз

Возилото е тестирано на пат во црно-бела камуфлажа, а тестовите вклучуваат агилност, стабилност, безбедност и нивоа на бучава и вибрации во кабината.

Тешки услови на патот

Инженерите го подложија возилото на тешки урбани сценарија, од ненадејни пречки и итни промени на лентите до лизгави влажни патишта. Суспензијата, управувањето и цврстината на шасијата постојано се подобруваат, така што автомобилот останува послушен и агилен во секојдневното градско возење.

Посебно внимание се посветува на тишината во кабината. Тестовите се спроведени во аеродинамичен тунел, акустична комора и на јавни патишта, со цел да се намали бучавата од ветерот, погонскиот склоп и површината. Различни видови гуми беа тестирани и со цел да се пронајде оптималниот сооднос помеѓу опсегот и нивото на бучава.

Дизајн и безбедност

Смарт #2 наследува препознатлив дизајн со тркала лоцирани на самите рабови на каросеријата, што обезбедува исклучителна агилност во тесни урбани простори. Новата генерација на познатата безбедносна ќелија tridion одржува компактни димензии со високо ниво на заштита на патниците.

Официјалната светска премиера на моделот smart #2 се очекува на Саемот за автомобили во Париз во октомври 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократски Сојуз: Дополнителни мерки и одговорност, без политички влијанија

Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар.

Демократски Сојуз: Дополнителни мерки и одговорност, без политички влијанија

Очекуваме координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго.

Демократски сојуз смета дека треба да се направат и други превентивни мерки, меѓу кои и лабораториски анализи на:

1. Водата што се користи за наводнување,

2. Земјоделските производи, посебно зеленчукот (марула, зелка, пиперки, патлиџани и др), и

3. Почвата.

Врз основа на резултатите да се донесат и соодветни одлуки и насоки за постапување.

Инаку, оваа епидемиолошка состојба и прекинот на снабдувањето со вода на граѓаните во Гостивар е резултат на партизацијата, политичкото мешање при носење на стручни работи, јавашлукот и неодговорноста на неспособните партиски кадри.

Во услови на прогласена кризна состојба, неопходно е брзо дејствување од сите локални и државни институции.

Одговорност мора да има за сите што придонеле за оваа скандалозна состојба, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер