3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
СветТатко и син го извршиле терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј, биле приврзаници на „Исламска држава“Десетгодишно девојче, лице кое го преживеало Холокаустот и млад франуски државјанин кој играл фудбал за македонски клуб Рокдејл Илинден во Австралија се меѓу жртвите во 11-минутниот злосторнички поход на Саџид и Навид АкрамДесетгодишно девојче, лице кое го преживеало Холокаустот и млад франуски државјанин кој играл фудбал за македонски клуб Рокдејл Илинден во Австралија се меѓу жртвите во 11-минутниот злосторнички поход на Саџид и Навид Акрам, татко и син со пакистанско потекло. Австралиските власти нападот врз семејствата на популарната плажа Бонди во Сиднеј, кои ја одбележуваа првата вечер од еврејскиот празник Ханука го оценија за најкрвав во изминатите три децении. Таткото бил убиен во престрелка со полицијата, а синот е тешко повреден и во критична состојба. -Едниот е починат, вториот е во критична, но стабилна состојба во болница во моментот. Напаѓачите се 50 и 24 годишни мажи кои се татко и син. - Мал Лантон – Началник на полиција на Нов јужен Велс. Двајцата поседувале дозвола и при нападот користеле оружје кое било легално набавено, а на семејството му соопштиле дека кобниот ден заминуваат на риболов. Дел од нивните соседите за локалните медиуми велат дека ги познавале како тивки и повлечени луѓе. -Тие беа едноставно чудни луѓе. Не викаа „здраво“ на никого тука. / Би ги опишале како повлечени?/ Да, да, многу тивки луѓе. - Лемантуа Фату – Сосед на напаѓачите. Полицијата за сега официјално не ги соопштува мотивите за нападот, кој е оценет како анти-семитски, а премиерот Албанезе најави законски измени за поседување на оружје во Австралија. Неговиот израелски колега Нетанјаху пак, го обвини дека не презел ништо за спречување на омразата во неговата земја. -Владата е подготвена да преземе било какви мерки. Вклучена во тоа е и потребата од посилни закони за оружје. / Ќе се проверуваат дозволите (за оружје) издадени во одреден период. Околностите на луѓето се менуваат, луѓето можат да се радикализираат во одреден временски период. Дозволите за оружје не треба да се вечни. - Ентони Албанезе – Премиер на Австралија. -Вашата влада не направи ништо да го спречи ширењето на анти-семитизмот во Австралија. Не направивте ништо да ги спречите келиите од рак кои растеа во вашата земја. Не преземавте ништо дозволивте болеста да се прошири и резултатот е страшниот напад врз Евреите кој го видовме,- Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел. Во фокусот на вниманието светската јавност втор ден е 43 годишниот Ахмед, кој херојски му го одзеде оружјето на еден од напаѓачите. Во обидот да го спречи масакрот и самиот бил повреден. Неговиот чин јавно го поздрави и американскиот претседател Трамп. -Многу храбра личност која влезе и директно го нападна еден од напаѓачите и притоа спаси многу животи. Многу храбра личност која сега е во болница, доста сериозно повреден. И имам голема почит кон тој човек кој го направи тоа. - Доналд Трамп – Претседател на САД. Покрај 15 жртви, во нападот повредени се уште четириесетина лица од кои некои се во критична состојба. Знамињата во Австралија денеска се на поливина копје, а на плажата каде се случи масакрот во текот на целиот ден се остава цвеќе за жртвите.Тагови: Австралија Сиднеј Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook