Татко и ќерка од Словенија победија на планинарската трка низ Галичица и Охрид

Словенските натпреварувачи Јуре и Јања Облак кои се татко и ќерка се победници на првото издание на Планинарска трка Охрид треил која вчера се одржа низ падините на планината Галичица и градот Охрид.

Делницата од 60 километри Јуре Облак ја помина за 7 часа, 38 минути и 22 секунди, додека Јања финишираше за 9 часа, 55 минути и 21 секунда. Второпласиран во машка конкуренција заврши Дарин Марквард со време (7.39.52), а трет низ целта помина македонскиот учесник Никола Илиевски со време (8.26.49).

Второто место во женска конкуренција и припадна на Сања Најдовски од Македонија со време (9.59.14), а на третото место од пиедесталот се искачи Десислава Цветанова од Бугарија која патеката од 60 километри ја помина за 10.06.45. Трката на 60 километри ја започнаа 49 натпреварувачи, а завршија 41, се наведува во соопштението од организаторите на трката.

Во склоп на Охрид треил се одржа и мала трка на 35 километри. Во машките најдобар беше Марјан Бонев од Македонија кој патеката ја помина за 3 часа, 59 минути и 42 секунди, а помеѓу женските најдобра беше Антонија Бежовска од Македонија со време (5.21.19). На 35 километарската трка на стартот се појавија 81 натпреварувач, а завршија 77.

Пласман:

Машки 60км

1.Јуре Облак (Словенија) - 7 часа, 38 минути и 22 секунди

2.Дарин Марквард (САД) - 7.39.52

3.Никола Илиевски (Македонија) - 8.26.49

Женски 60км

1.Јања Облак (Словенија) - 9.55.21

2.Сања Најдовски (Македонија) - 9.59.14

3.Десислава Цветанова (Бугарија) - 10.06.45

Машки 35км

1.Марјан Бонев (Македонија) 3.59.42

2.Димитар Михаилов Миовски (Македонија) 4.06.28

3.Иван Пешовски (Македонија) 4.13.45

Женски 35км

1.Антонија Брежовска (Македонија) 5.21.19

2.Ана Милосављевиќ (Србија) 6.01.20

3.Катерина Николовска (Македонија) 6.02.12

Силен земјотрес во Србија

Силен земјотрес Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 07:42 часот во Кладовскиот регион, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат дека земјотресот е почувствуван во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор,Белград како и во други градови во источна Србија, а некои велат дека е почувствуван и во Ниш.

Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.

Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг во Индонезија, наредена евакуација

 Вулканот Маунт Руанг во Индонезија денеска повторно еруптираше, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво и наредија итна евакуација во радиус од шест километри.

Ерупцијата на Маунт Руанг, кој се наоѓа во провинцијата Северен Сулавеси, предизвика облаци од пепел и чад во висина од 2.000 метри, соопшти геолошката агенција на Индонезија.

Агенцијата ги повика жителите во погодените области да ги следат наредбите за евакуација и да носат маски за заштита од пепел.

Последната ерупција следува по зголемената вулканска активност која почна во средината на април.

Индонезиските власти претходно издадоа предупредување за цунами и го подигнаа нивото на тревога за вулканот откако имаше повеќекратни големи ерупции, исфрлајќи пепел високи до висина од 3.000 метри.

Тие ерупции ги натераа воздухопловните власти да го затворат аеродромот Сем Ратуланги во Манадо, кој се наоѓа на околу 100 километри од вулканот, за да ги заштитат летовите од опасната вулканска пепел.

Вулканот висок 725 метри е еден од најактивните во Индонезија. Последната голема ерупција на Маунт Руанг се случи во 2002 година, генерирајќи пирокластични текови кои предизвикаа штета на околината.

Во Индонезија, сместена на Пацифичкиот „Огнен прстен“, често има сеизмичка и вулканска активност.

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест.

Причина за незадоволството кај работниците велат дека е неусогласувањето на платите со растот на минималецот, а бараат и разрешување на управниот одбор на Фондот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

притисни ентер