Тасулас со сочувство до Сиљановска-Давкова: Грција ќе пружи секаква неопходна помош - Канал 5

Тасулас со сочувство до Сиљановска-Давкова: Грција ќе пружи секаква неопходна помош

Уверување дека Грција ќе пружи секаква неопходна помош, изразил грчкиот претседател Константинос Тасулас во пораката со сочувство за трагедијата во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, јави дописничката на МИА од Атина.

Тасулас со сочувство до Сиљановска-Давкова: Грција ќе пружи секаква неопходна помош

- Претседателот на државата, Константинос Тасулас во својата порака со сочувство до претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, го изрази најдлабокото сочувство на грчкиот народ и лично неговото за жртвите во неописливата трагедија во градот Кочани. Господинот Тасулас им посака брзо закрепнување на повредените и ја увери неговата колешка дека Грција ќе пружи секаква неопходна помош, соопштија од кабинетот на грчкиот претседател.

Сочувство и подготвеност за помош до нашата земја, претходно изразија и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, кој имаше телефонскиот разговор со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

Погба во преговори со Ди Си Јунајтед

Светскиот првак со Франција во 2018 година, Пол Погба (32), кој е надвор од терените веќе 20 месеци, е во преговори за продолжување на кариерата во американскиот клуб Ди Си Јунајтед.

Погба во преговори со Ди Си Јунајтед

Францускиот играч од средниот ред и Јувентус во ноември лани спогодбено го раскинаа договорот и оттогаш Погба поминува многу време во својот дом во Мајами, објавија американските медиуми.

Според истите извори, првиот човек на американскиот клуб Џејсон Левиен одржал неколку разговори со менаџерот на Погба, а еднаш се сретнал и со поранешниот француски репрезентативец.

Сепак, Погба, кој во моментов е без клуб, сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Постојат три опции, да останете во Европа или да замине во САД или Саудиска Арабија. Пред два месеци се шпекулираше дека можеби ќе потпише за Интер Мајами, чиј косопственик е Дејвид Бекам, а прва ѕвезда во тимот е Аргентинецот Лионел Меси.

Суспензијата на Погба од една и пол година, поради позитивен допинг тестот истече во март. Првично му беше изречена четиригодишна суспензија, но во жалбената постапка се утврди дека фудбалерот не знаел каков медикамент користи, па затоа казната му беше намалена. /МИА

Пентагон: САД од средината на март нападнале повеќе од 1.000 цели во Јемен

Американската војска од средината на март погодила повеќе од 1.000 цели во Јемен, каде што Вашингтон спроведува воздушни напади против бунтовниците Хути, соопшти Министерството за одбрана на САД.

Пентагон: САД од средината на март нападнале повеќе од 1.000 цели во Јемен

Хутите, кои контролираат големи делови од Јемен, од крајот на 2023 година напаѓаат бродови во Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, кој е разорен во војната меѓу палестинското движење Хамас и Израел.

Бунтовниците во Јемен ја преземаат одговорноста и за ракетните напади насочени кон Израел, кој тврди дека ги пресретнува.

„Од 15 март, нападите на ЦЕНТКОМ (американска команда за Блискиот Исток) погодија повеќе од 1.000 цели, убивајќи борци и водачи на Хути и намалувајќи ги нивните капацитети“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД: Рударските концесии се форма на неоколонијализам

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Охрид ЅОЅ и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. се противат на Стратегијата за рударство изработена од МАНУ заедно со наводната Оцена на влијанието врз животната средина.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД: Рударските концесии се форма на неоколонијализам

Поттикнати од уништувањето на животната средина, кршењето на човековите права и неодржливите практики на екстракција поврзани со рударството, инсистираме во Стратегијата да се вклучат конкретни мерки за постепена елиминација на рударството во Македонија и негова замена со еколошки поприфатливи алтернативи.

Елиминацијата на рударството како гранка е можеби смела, но сè порелевантна цел имајќи ги предвид долгорочните последици што ги предизвикува, од кои голем дел се безмалку неотстранливи.

Иако оваа цел е можеби подалечна, сепак постојат начини значително и постепено да си ја намалиме зависноста од рударството преку спроведување на следниве практики:

1. Урбано рударство и рециклирање

- Електронскиот отпад и старата инфраструктура се богати со вредни метали како на пример, злато, бакар, литиум и реткоземни елементи.

- Технологиите со кои се овозможуваат ефикасна екстракција и прочистување на овие материјали од отфрлените производи може драстично да ја намалат потребата од рударство на места каде што тоа никогаш претходно не се практикувало.

- Пример: Компании веќе развиваат системи за екстракција на литиум и кобалт од искористени батерии со голем успех и ниска потрошувачка на енергија.

2. Циркуларност

- Реобмислување на производството со тоа што ќе се дизајнираат производи што ќе бидат долговечни, поправливи и повторно употребливи.

- Стандардизирање на компонентите за лесно да може да се реискористуваат.

- Задолжително воведување одговорност на производителот за рециклирање на производите на крајот од нивниот животен век.

3. Напредни техники на производство

- 3D печатењето и производството на адитиви го намалуваат отпадот од разновидни типови материјали и можат како суровина да користат рециклиран отпад.

- Постојат техники, како на пример, молекуларно рециклирање, кои овозможуваат прецизно разградување и обнова на материјалите.

4. Замена на материјали

- Истражувањето на алтернативни материјали (на пр. електроника базирана на јаглерод, биоразградливи полимери, графен) може да замени многу разновидни примени на металите.

- На пример, замена на реткоземните магнети со феритни или развој на натриум-јонски батерии како алтернатива на литиум-јонските.

5. Политики и пазарни сили

- Силна регулација на рударството и субвенции за рециклирање и развој на зелени технологии.

- Јаглеродните давачки и еколошките такси може да ја поместат економската рамнотежа и да ја покажат вистината за загадувачките индустрии – дека се неисплатливи.

- Меѓународна соработка за да се спречи рударството да се префрла во помалку регулирани региони.

Накратко, рударството може во голема мера постепено да се елиминира со комбинирање на технолошки иновации, промена на политиките и економски стимулации за да се даде приоритет на рециклирањето, повторната употреба и приоритетното инвестирање во еколошки прифатливи алтернативи.

Се противиме на секаков обид да се претстави како Оцена на влијание врз животната средина документ кој во суштина е само алатка за прикривање на вистинските последици од Стратегијата за рударство и инструмент за нејзино аминување со сите недостатоци и последици што ќе ги предизвика по нашето здравје и животи. Оцените за влијание врз животната средина се и меѓународно препознаени како слабости во македонската регулатива. Европската комисија директно укажува на про форма оцените на влијанието врз животната средина што се изработуваат во Македонија.

Доста си копавме црни гробови за туѓи бели дворови!

Активисти на Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

притисни ентер