3Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог
ЗдравјеТаравари ќе одлучува дали ќе ја разреши директорката на Детската клиника КозлеОтказот на докторката Веселника Митровска Јосифова од Клиниката за детски болести Козле ја зовре атмосферата помеѓу вработените во болницата. Вработените од оваа болница со писмен допис до медиумите до министерот за здравство Таравари бараат итно разрешување на директорката Каролина Симоновска и враќање на нивната колешка Јосифова која во клиниката работела 22 години. Со молба до министерот Таравари лично во министерството дојде и сопругот на Весленика Ташко Јосифов тој на кратко му објасни на министерот. Министерот Таравари вети дека ќе ја разгледа целата состојба и ќе извести за одлуката. И докторката Јосифова за Канал 5 во телефонски разговор објасни дека таа добила решение да работи во Кабинетот за бронхоскопија и била на 23 декември била во кабинетот каде интервенирала за вадање на страно тело од дишните патишта на дете. Детето било спасено, но докткторката Јосифова вчера добила решение за отказ иако таа била на боледување. На денот на интервенцијата таа била избркана од кабинетот со обезбедување зошто не смеела да биде таму. Јосфиова вели дека била на боледување кога добила отказ. Директорката Симоновска прати писмено соопштение во кое се вели дека секое лошо однесување мора да се санкционира какно не би настанале полоши последици. „Дрското однесување и попречување на работата е недозволено и мора да биде санкционирано без оглед за кого се работи“ се вели во соопштението. Иако ја побаравме за изјава на поставени прашања таа не рече изјави за ова повеќе не сака да дава. СДСМ бара итно разрешување на Каролина Симовска – директорка на Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“. Целото функционирање на единствениот Оддел за бронхоскопија во државата, кој се наоѓа на Клиниката во „Козле“, е доведено во прашање после 40 години поради Симовска а штетата и за децата и за вработените. Во клиниката неколку месеци владее незадоволство од страна на пресоналот дека со доаѓањето на Симновска на оваа позиција веднаш почнале промените раковдоители кои биле со години ги сменила од позицијата и трпеле мобинг од неа. Таравари вети решение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ФудбалБаерн Минхен му нуди на Олисе годишна плата од 25 милиони евра Германскиот гигант Баерн Минхен подготвува понуда за продолжување на договорот на Мајкл Олисе, со што тој би станал најплатениот играч во тимот и би се спречил неговиот трансфер во Реал Мадрид. Според информациите на германскиот „Скај“, францускиот напаѓач би можел да потпише договор до 2032 година, а неговата годишна плата би се зголемила на над 25 милиони евра. Токму толку заработуваат Хари Кејн и Џамал Мусиала, додека моменталната плата на Олисе изнесува 14 милиони евра. Овој потег на баварскиот клуб е директна реакција на интересот од Реал, кој сè уште будно ја следи ситуацијата, пишува шпанскиот весник „АС“. Раководството на Баерн има намера да ги забрза преговорите со Олисе веднаш штом ќе се финализира потпишувањето на новиот договор со Хари Кејн. Сепак, Олисе поставува јасен услов за продолжување на соработката: Бара во договорот да биде вклучена откупна клаузула. Таквата одредба му овозможи да се пресели од „Кристал Палас“ во Минхен за 53 милиони евра во 2024 година, а тој сака да ја задржи контролата врз својата иднина. Иако Баерн вообичаено избегнува вакви договори, агентот на Олисе, Глен Твенебоа, инсистира дека клаузулата е неопходен дел од новиот договор. „Мајкл неверојатно напредуваше кај нас и сега е еден од најдобрите играчи во светот. Многу сме среќни што е со нас. Неговиот договор важи до 2029 година, така што нема притисок. Тој се чувствува одлично во Баерн и во редовен контакт сме. Како што реков, не брзаме“, изјави спортскиот директор Кристоф Фројнд. Вклучувањето на откупна клаузула значително би ја зајакнало преговарачката позиција на францускиот фудбалер. Во Баерн се подготвени да му го понудат статусот на најплатен фудбалер, но истовремено се свесни дека времето не работи во нивна корист. Секоја сезона без нов договор теоретски би можела да ја намали цената на неговиот иден трансфер. Се спомнува дека износот на клаузулата би бил поголем од 200 милиони евра. Во Реал Мадрид проценуваат дека Олисе веројатно ќе остане во Минхен, но исто така признаваат дека нивниот интерес значително ја зголемил цената за продолжување на неговиот договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Принцот Хари исвиркан на натпревар во рагбиПубликата на еден рагби меч изрази негодување кога британскиот принц Хари се појави на големиот екран на стадионот. Принцот Хари е исвиркан за време на рагби-натпреварот меѓу Лестер и Глостер во Обединетото Кралство. Некои навивачи го изразија своето негодување кога неговиот лик се појави на големиот екран на стадионот, поради што телевизиските камери го пренасочија кадарот. The way 🇬🇧sport🌍 is happy to have P.Harry home. They know he draws international media to any events.🤣🤣🤣🤣 — Mansah T(SussexMegHive/BeyHive) (@DaimondSussex29) October 10, 2026 Во петокот, Војводата од Сасекс го следеше натпреварот од трибините во друштво на Андреа Пинчен, извршната директорка на клубот Лестер. Според медиумските извештаи, Хари уживал во пиво и во натпреварот без неговата сопруга, Меган Маркл. Дел од публиката реагираше кога Хари се појави на големиот екран на стадионот. Телевизиската мрежа TNT брзо го префрли кадарот, а коментаторот Ник Малинс забележа дека се слушаат свирежи, пренесува AFP. 🤣Harry booed at English rugby match The Prince was pictured on the big screen at Leicester’s Welford Road, but there were audible boos from spectators before TNT cameras cut away. “Some boos were there”, said TNT commentator Nick Mullins before returning to the match action. https://t.co/9Ai4OvuNjH — HarrysGreySuit (@hrrysgreysuit) October 9, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДали се одлужува Светското првенство ? Се појави голем проблем, а ФИФА сè уште нема решениеСветското првенство во фудбал во 2034 година во Саудиска Арабија се соочува со предизвици поради високите температури. Бидејќи датумот на натпреварувањето сè уште не е потврден, останува прашањето дали Светското првенство ќе се одржи во предвидениот период? Светското првенство во фудбал во 2034 година треба да се одржи во Саудиска Арабија, но датумот на натпреварувањето сè уште не е официјално одреден. Поради високите температури што владеат во таа земја во текот на летото, речиси е сигурно дека организаторите ќе мора да разгледаат некои од постудените периоди во годината. Сепак, изборот на датум носи дополнителни предизвици. Еден од клучните фактори е муслиманскиот празник Рамазан, кој според календарот се очекува во ноември и декември 2034 година. Затоа, една од можностите е Светското првенство да се одржи во јануари 2035 година. Таквото сценарио би значело дека најголемиот фудбалски турнир за првпат би се одржал една година подоцна од планираниот циклус. Сличен проблем со екстремните горештини ФИФА веќе реши пред Светското првенство во Катар во 2022 година, кога турнирот се одигра во ноември и декември наместо во вообичаениот летен термин. Сепак, во случајот со Саудиска Арабија, календарот на верски настани дополнително ја усложнува организацијата. Засега нема официјална потврда дека Светското првенство ќе биде преместено во 2035 година. ФИФА сè уште не ги објавила точните датуми за натпреварувањето, па останува да се види кое решение ќе биде избрано и како тоа ќе се вклопи во меѓународниот фудбалски календар. Саудиска Арабија ги суспендираше плановите за изградба на еден од најамбициозните стадиони во светот, чија вредност се проценува на дури 2,5 милијарди долари. Објектот требаше да биде еден од клучните стадиони за Светското првенство на ФИФА во 2034 година, но иднината на проектот сега е под сериозен знак прашалник. Во декември 2024 година, ФИФА официјално ѝ ја додели улогата на домаќин на Саудиска Арабија, која на тој начин ќе стане првата земја што самостојно ќе го организира Светското првенство со 48 национални репрезентации. Сепак, запирањето на изградбата го отвора прашањето дали сите првично најавени проекти ќе бидат реализирани во планираната форма. „Неом“, еден од најважните мегапроекти на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, претставува централен дел од стратегијата „Визија 2030“, чија цел е трансформација на економијата и намалување на зависноста на земјата од нафта.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook