Таравари: И премиерот и јас како министер за здравство имаме обврска да ги посетиме пациентите - Канал 5

Таравари: И премиерот и јас како министер за здравство имаме обврска да ги посетиме пациентите

 Не би сакал да ги политизираме овие моменти. За мене како министер за здравство, пред сѐ, и над сѐ, ми е битно пациентите да се живи и здрави во овие кризни моменти. 

Таравари: И премиерот и јас како министер за здравство имаме обврска да ги посетиме пациентите

Јас споделив уште пред неколку денови на социјалните мрежи дека не треба да се злоупотребуваат лицата на пациентите, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари во одговор на новинарско прашање поврзано со посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на македонските пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат од тешки изгореници на Воено-медицинската академија во Белград.

Според Таравари, тој како министер за здравство и премиерот Христијан Мицкоски имаат обврска да ги посетуваат пациентите, појаснувајќи дека за посета на оние кои имаат изгореници од прв степен не треба ништо друго освен маска, додека пак, за оние на интензивна нега има посебни правила.

– Се надевам дека ние како Влада се придржуваме стриктно на ова, ги посетуваме пациентите. Сакам уште еднаш да кажам, и премиерот и јас како министер за здравство имаме обврска да одиме и да ги посетиме пациентите тие кои што се полесни. Тие кои што се полесни, односно опекотини од прв степен, не ни треба ништо друго освен маска, а тие што се на интезивна нега таму има правила и кај нас и во странство и да сакаме ние не можеме да влеземе без да бидеме облечени како што треба, рече Таравари.

Прашан како ги посетиле вчера пациентите во Бугарија, со оглед на тоа дека сите пациенти таму се на механичка вентилација, Таравари рече секаде каде што извршил посета на пациенти бил облечен онака како што треба.

– Секаде каде што бевме, а и тука кога ги посетував во „8 Септември“ и Градска болница бев облечен како што треба. Меѓутоа, не заборавајте дека имаме и лесни пациенти кои што имаат опекотини од прв степен и нив можеме само со маска да ги видиме. Обврска имаме и премиерот и јас секојдневно да добиваме информации за на крај да имаме повторно резултат како што имаме денеска, рече Таравари.

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се водат трговски преговори со неколку земји, вклучувајќи ги Мексико, Јапонија и Кина, и ги опиша како продуктивни.

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Како што јави Си-Ен-Ен, Трамп на мрежата „Трут сошла“ напиша дека разговарал со претседателот на Мексико и со највисоките трговски претставници на Јапонија, додека Кина, како што рече, е меѓу земјите што сакале средба со неговата администрација.

Како што наведе, кинески извори велат дека се отворени за преговори, но под услови на меѓусебно почитување и реципроцитет.

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони денеска отпатува за Вашингтон на разговори во Белата куќа.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска за време на состанокот со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во Москва дека Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

„Нашите односи стануваат се посилни. Неодамна во Доха се одржа меѓувладина комисија и ми се чини дека беше многу корисна. Катар е еден од нашите приоритетни партнери воопшто, а особено на Блискиот Исток“, рече Путин.

Додаде дека во билатералните односи е изградена долгогодишна добра традиција.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали основните каматни стапки седми пат по ред. Одлуката беше објавена денеска на крајот од дводневниот состанок на ЕЦБ за монетарната политика.

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Каматната стапка за депозитите е намалена за 0,25 процентни поени на 2,25 отсто - ниво под кое последен пат беше во декември 2022 година, кога беше 2 отсто. Останатите две водечки стапки - основната стапка на рефинансирање и каматата на маргиналните кредитни средства - исто така се намалени за 0,25 процентни поени - соодветно до 2,40 проценти и 2,65 проценти.

Ова го засили трендот на намалување на каматните стапки, кој почна во јуни минатата година.

Состанокот за монетарната политика на ЕЦБ се одржа во момент кога траат тензиите предизвикани од царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп. И иако стапувањето во сила на дел од нив е одложено, економската состојба останува неизвесна./МИА

притисни ентер