Танде победник во Гармиш - Канал 5

Танде победник во Гармиш

Норвежанецот Даниел-Андре Танде беше најдобар на денешните ски-скокови во Гармиш-Партенкирхен во рамките на новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

Танде победник во Гармиш
Танде освои вкупно 289,2 бода по скоковите долги 138 и 142 метри.

Второто место му припадна на Камил Стох од Полска со 286 бода (135,5 и 143 метри), а трет беше Стефан Крафт од Австрија со освоени 282,4 бода (137 и 140 метри).

По настапите на две од четирите скокалници води Стох со 591 бод, пред Крафт кој има 590, Танде е трет со 585 бода.

Лидерот во Генералниот пласман, Словенецот Домен Превц беше петти по денешното натпреварување, но и натаму е прв во Светскиот куп со вкупно 590 поени. Танде се искачи на второто место со 532 бода, додека трет е Крафт со 491.

Следниот предизвик за ски-скокачите е на 4 јануари за кога е закажан натпреварот во Инсбрук, Австрија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругата

Еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал слави важна лична годишнина.

Фото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругата

Тенискиот шампион Рафа надал го прослави својот 40-ти роденден во интимна атмосфера со сопругата и нивните два мали сина, Рафаел Џуниор и Микел.

Тениската легенда го одбележа својот 40-ти роденден со многу ретки фотографии со сопругата Марија Франциско Перело и нивните две мали деца.

Рафаел зрачеше од среќа на прекрасна фотографија со своето семејство додека го прославуваа посебниот ден дома со чоколадна торта. Поранешниот тенисер, кој ги замагли лицата на своите деца, го држеше својот постар син, тригодишниот Рафаел Џуниор, во скут, додека неговата сопруга го држеше нивниот помлад син Микел во раце.

На друга ретка фотографија, Надал позира со широка насмевка додека во рацете ги држи синовите пред декорација со балони подготвена за да го прослави неговиот 40-ти роденден.

Тој исто така сподели трогателни видеа од неговите најблиски како ја пеат роденденската песна и го прегрнуваат.

„Ви благодарам на сите за желбите за роденденот. Беше многу посебен ден, опкружен со целото мое семејство“, напиша Надал под објавата.

Инаку Рафа и убавата Франциска својата вфрска ја започнаа пред повеќе од две децении во 2005 година.

За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во 2011 година.

Двојката беше заедно 14 години пред свадбата, а судбоносното „да“ го кажаа во Шпанија во октомври 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кинеските електрични автомобили ја освојуваат Канада, но речиси сите носат знак на американски бренд

Канада ги отвори вратите за електрични автомобили произведени во Кина благодарение на нов трговски договор со кој значително се намалени увозните давачки.

Кинеските електрични автомобили ја освојуваат Канада, но речиси сите носат знак на американски бренд

Наместо дополнителна царина од 100 проценти, возилата сега плаќаат само 6,1 процент, но со ограничување од 49.000 автомобили годишно.

Во мај, во Канада беа увезени 2.910 електрични возила кои ги исполнуваа условите за преференцијална царинска стапка. Сепак, според достапните податоци, само 18 од автомобилите не беа модели на Tesla. Ова е теренецот Lotus Electra.

Се верува дека најголемиот дел од увозот се автомобили „Тесла Модел 3“ произведени во фабриката во Шангај, кои компанијата ги извезува на канадскиот пазар. Другите кинески производители сè уште не започнале со испораки во значителни количини.

Тоа наскоро би можело да се промени. Кинескиот гигант BYD планира да отвори до 20 продажни локации во Канада оваа година, додека „Чери“ го подготвува доаѓањето на брендот „Џаеку“.

Групацијата „Гили“, која веќе ги контролира брендовите „Волво“, „Полестар“ и „Лотус“, планира понатамошно проширување преку лансирањето на брендот „Зикр“.

Иако квотата има за цел да го поттикне доаѓањето на кинеските производители, засега „Тесла“ има најголема корист од новиот договор, кој го користи производствениот капацитет во Кина за снабдување на канадскиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: Започна елитната свадбена церемонија на сексапилната Дуа Липа

Пејачката Дуа Липа, која наполни 30 години, и нејзиниот сопруг Калум Тарнер (36), ја започнаа својата свадбена прослава вредна 1,5 милиони фунти со раскошна забава за добредојде за мноштво познати гости на Сицилија. 

Видео-Фото: Започна елитната свадбена церемонија на сексапилната Дуа Липа

Прво, тие организираа интимна граѓанска венчавка во Лондон, која исто така привлече големо внимание.

Двојката организираше прослава во Палацо Валгуарнера Ганга, пишува Дејли Меил, а се шпекулираше дека Дуа ќе оди по олтарот во венчаница од „Ателје Версаче“ изработена по нарачка, благодарение на нејзиното долгогодишно пријателство со Донатело. Извор близок до свадбата изјави за Дејли Меил:

„Ова ќе биде најкул свадбата, а воедно и исклучително гламурозна. Дуа и Калум се многу возбудени и беа вклучени во секој детаљ од организацијата. Тие сакаат сè да биде спектакуларно.“

Донатела изгледаше зачудувачки во златен фустан со реси додека славеше со Дуото на забава во Италија.

За време на прославата, Калум не можеше да го тргне погледот од својата прекрасна сопруга. За нејзиното спектакуларно пристигнување со сопругот, Дуа избра бел фустан од модната куќа „Ботега Венета“, достоен за невеста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер