Талибанците војната во Авганистан ја прогласија за завршена и ветија амнестија за сите - Канал 5

Талибанците војната во Авганистан ја прогласија за завршена и ветија амнестија за сите

Откако пред два дена, речиси без никаков отпор, ја освоја целкокупната власт во Авганистан, талибанците вчера војната во оваа земја ја прогласија за завршена.

Талибанците војната во Авганистан ја прогласија за завршена и ветија амнестија за сите

Во своето прво појавување во јавноста преку портпаролот на движењето Забихула Мухаџид, тие ветија амнестија за сите Авганистанци и почитување на дел од западните вредности, што не беше случај при нивното прво неколкугодишно сурово владеење со оваа истоштена земја. Во Кабул е релативно мирно, без поголеми инциденти, што е веќе поздравено од дел од „големите играчи" на светската сцена. И на аеродромот во главниот град се чини Американците го вратија редот и дисциплината, за процесот на евакуација на странците и Авганистанците, кои сакаат да си заминат, да може да тече непречено.

Се уште е непознаница што ќе донесат следните денови и недели и колку Западот може да им верува на ветувањата на талибанците, заради нивото претходно искуство, но, се чини, и САД и Русија , но и ЕУ, полека ја подотвораат можноста за идна, евентуална соработка со нив, само под услов да ги почитуваат меѓународните обврски, на што првично завчеравечер повика Советот за безбедност на Обединетите нации. САД, Русија, Иран и уште неколку земји најавија дека нивните дипломатски претставништа ќе продолжат со работа во земјата и под власта на талибанците, додека тие од своја страна повеќе пати нагласија дека сиот дипломатски имот е безбеден.

Паралелно со овие процеси во Авганистан, меѓу највлијателните земји во светот, но и меѓу членките на НАТО и ЕУ, срамежливо но се погласно почнуваат да се бараат причините за фијаското во земјата на паштуните, како и да се лоцира одговорноста. Почнаа прозивките и префрлањата за одговорност за крахот на системот што се градеше 20 години, а почна да тоне со најавата на американскиот претседател Џо Бајден од 1 мај до крајот на август да почне и заврши повлекувањето на американските и сите странски војски од Авганистан. Планот за повлекување, со договорот од Доха, лани го постигна претходниот американски претседател Доналд Трамп.

Талибанците во своето прво јавно појавување по освојувањето на власта од прозападната влада на Ашраф Гани, објавија дека војната во Авганистан е завршена и дека сите нивни противници ќе бидат помилувани.

„Војната заврши ... лидерот им прости на сите", рече портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, додавајќи дека тие се посветени да им дозволат на жените да работат во согласност со принципите на исламот.

Муџахид на светот му ги соопшти плановите на оваа милитантна група во Авганистан, порачувајќи им на жителите на Кабул дека нема причина да се грижат, но посочи дека нивните постапки биле неопходни поради слабоста на претходната влада.

– За жал, претходната влада беше слаба и не ги исполни ветувањата. На улиците немаше полиција, закон и ред, бандите почнаа да ја преземаат власта во земјата, но името на Исламска држава се уште се користеше. Немавме друг избор освен да дејствуваме и да ги пуштиме нашите војници да влезат во градот, рече Муџахид.

Тој на жителите на Кабул им порача дека немаат причина за паника, и дека нивната безбедност е приоритет.

-Ви ветуваме дека ќе бидете безбедни, бидејќи доаѓаме со најдобра намера, изјави поертпаролот на талибанците.

Откако завчеравечер СБ на ОН побара од талибанците „новата авганистанска влада да биде обединета, инклузивна и репрезентативна", а во неа да бидат вклучени и женски претставници, вчера Европската унија на вонредна средба на шефовите на дипломатиите изгради став дека ќе соработува со авганистанската Влада, по враќањето на талибанците на власт, доколку тие ги почитуваат основните права и го спречуваат тероризмот, изјави високиот претставник на Унијата, Јосеп Борел.

-Соработката со која било идна авганистанска Влада ќе биде условена со мирното и инклузивно решение и почитување на основните права на сите Авганистанци, вклучувајќи ги и жените, девојките и припадниците на малцинствата, рече Борел.

Гаранциите на талибанците дека ќе ја почитуваат слободата на мислење во Авганистан се позитивен знак,соопшти официјална Москва, и додаде дека ги повикува сите страни да се вклучат во дијалогот. Со своја позитивна оценка за првите пораки што доаѓаат од талибанците вчера се појави и Турција.

-Фактот дека талибанците во Кабул прокламираат и во пракса докажуваат дека имаат намера да ги почитуваат мислењата на другите, за мене е позитивен знак, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Русија го поддржува почнувањето на „национален дијалог" во Авганистан „со учество на сите политички, етнички и верски сили" во земјата, додаде тој.

-Гледаме знаци на надеж на страната на талибанците, кои изразуваат желба за влада со други политички сили, рече тој, наведувајќи го како пример ветувањето на талибанците дека ќе го почитува правото на образование на девојчињата.

Но, од друга страна, во јавноста се погласни се критиките за фијаското , неуспехот, крахот, срамот на НАТО во Авганистан. Со критика прво излезе германскиот претседател Франк -Валтер Штајнмаер, кој сето ова што изминативе два дена се случува во Кабул, особено на аеродромот, го нарече „срам за Западот", додека чешкиот претседател Милош Земан изјави дека очекува Авганистан да стане терористички центар под раководство на талибанците, критикувајќи го НАТО за повлекување од земјата погодена од конфликтот.

– Талибанците ќе создадат терористички центар на авганистанска територија. Тоа ќе доведе до продолжување на терористичките напади буквално низ целиот свет, изјави Земан.

Со слична порака е и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој смета дека поради враќањето на талибанците на власт во Авганистан постои закана од меѓународен тероризам, додавајќи дека Алијансата „мора да биде будна за да остане во првите редови на борбата против тероризмот ".

Тој на прес -конференцијата во Брисел призна дека изненадувачка е брзината на колапсот на авганистанската национална армија, по напредокот на талибанците, и дека НАТО може да извлече поуки од тоа, но дека главниот фокус денеска е на извлекувањето на луѓето од земјата.

Ген-секот на НАТО ги повика талибанците да го олеснат заминувањето на сите оние кои сакаат да го напуштат Авганистан и соопшти дека НАТО се согласила да испрати дополнителни авиони во Кабул за евакуација.

Столтенберг призна и дека во нивните редови има незадоволство од неуспехот да се постигнат подобри резултати по толку години ангажман во Авганистан, наведувајќи дека никој не очекувал таков брз колапс на авганистанските безбедносни сили и владата.

-Талибанците мора да го спречат Авганистан повторно да стане жариште на тероризмот. Оние кои сега ја преземаат власта имаат одговорност да обезбедат меѓународните терористи да не ги повратат своите упоришта, изјави Столтенберг пред новинарите во Брисел.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан изјави дека внимателно ги следи случувањата во Авганистан и дека „е најзагрижен поради неодамнешните извештаи за ескалација на насилството во земјата".

Обвинителот нагласи дека ги одразува ставовите изразени во Советот за безбедност во врска со инцидентите, за кои рече дека може да претставуваат кршење на меѓународното хуманитарно право.

Според него, тоа вклучува наводи за „вонсудски егзекуции, како што се убиства од одмазда на затвореници и поединци кои се предале, прогон на жени и девојки, злосторства против деца и други злосторства кои го погодуваат цивилното население".

Американското Министерство за одбрана во саботата испрати војници на аеродромот во Кабул за да ги брани излезните опции, додека талибанските бунтовници влегоа во Кабул по молскавична опсада низ целата земја и ја презедоа власта.

Вчера бројот на американски војници е зголемен од 2.500 на околу 4.000. САД имаат за цел да го зголемат воздушниот сообраќај до ниво од еден полет на час, за да можат дневно да превезат меѓу 5.000 и 9.000 патници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на жртвите во трагедијата во Шпанија, земјата завиена во црно

Бројот на жртви од судирот меѓу два брзи воза во близина на Урда, во шпанската покраина Толедо, се искачи на 74, според Комисијата за истрага на железнички несреќи (CIAF), додека спасувачките екипи продолжуваат да работат на местото на настанот.

Расте бројот на жртвите во трагедијата во Шпанија, земјата завиена во црно

Прелиминарните наоди укажуваат дека технички дефект, проследен со низа човечки грешки, довел до несреќата во Шпанија, објави весникот „Ел Диарио“.

Проблемите започнале околу 8:30 часот наутро во среда, кога софтверски проблем предизвикал системот за контрола на сообраќајот на LZB да престане да работи.

И покрај ова, контролниот центар му наредил на машиновозачот на возот „Ренфе АВЕ“ да продолжи со нормална брзина, што, според медиумските извештаи, било спротивно на протоколите за безбедност на железницата, кои во такви околности бараат возење со брзина прилагодена на видливоста, не повеќе од 40 километри на час.

Слични инструкции му биле дадени и на машиновозачот на возот „Ирјо“, но таа подоцна, во 8:48 часот, го информирала контролниот центар дека нејзиниот воз сè уште е запрен на пругата и не успеал да продолжи да се движи.

Според достапните информации, во тој момент не е забележан друг воз што се движи со голема брзина кон запрениот воз Ирјо.

Истрагата треба да утврди зошто патувањето продолжило под нормални услови и покрај тоа што безбедносниот систем не функционирал, како и зошто возот Ирјо не се движел од местото каде што бил запрен.

Кога системот LZB не работи, управувањето со сообраќајот се префрла на класична сигнализација покрај пругата, додека системот за автоматско сопирање ASFA обезбедува дополнителна заштита. Во такви околности, според железничките правила наведени во извештајот, машиновозачот мора да ја прилагоди брзината за да може да го запре возот ако види пречка.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Силна поддршка за Стојанчо Радичевски во Брвеница!

Во Брвеница се одржа состанок на Извршниот одбор во проширен состав на Општинската организација на Движење ЗНАМ.

ЗНАМ: Силна поддршка за Стојанчо Радичевски во Брвеница!

Во Брвеница се одржа состанок на Извршниот одбор во проширен состав на Општинската организација на Движење ЗНАМ, на кој присуствуваа генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, потпретседателот Павле Арсоски, претседавачот на Централниот одбор Игор Филков, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како и кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски.

На состанокот беше потврдена силната поддршка на Движење ЗНАМ за кандидатурата на Радичевски.

Со координација, меѓусебна поддршка и заедничка посветеност, продолжуваме да придонесуваме кон остварување на приоритетите за развој на Брвеница и подобар живот на граѓаните.

Заедно за Брвеница и за граѓаните!

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четиригодишен брат и неговата двегодишна сестра починаа во сон, истрагата е прекината (ВИДЕО)

Брат и сестра, на возраст од четири и две години, починале од вдишување чад додека спиеле, пишува „Романски обсерватор“.

Четиригодишен брат и неговата двегодишна сестра починаа во сон, истрагата е прекината (ВИДЕО)

Електричен апарат, оставен вклучен за да ја загрее собата, наводно го запалил душекот на креветот, кој потоа почнал да тлее, објави Обсерватор.

Мајката на децата исто така била во куќата, но во друга соба, и ја открила трагедијата предоцна. Она што е особено шокантно е што жената претходно била жртва на семејно насилство и самата се грижела за децата.

Трагедијата се случила синоќа во градот Талмациу, во округот Сибиу. Околу 19:30 часот, службата за итни случаи 112 добила повик дека една соба во куќата е исполнета со чад.

Двегодишно девојче и четиригодишно момче спиеле во собата

Во собата работел електричен грејач. Од сè уште непознати причини, неколку парчиња ткаенина паднале врз жешкиот апарат, се запалиле и зафатиле дел од душекот на креветот.

„Децата си играа и врескаа, викаа. После тоа, кога влегов во куќата, јадев и погледнав низ прозорецот, видов дека пристигнала спасувачката екипа на SMURD“, рекоа мештаните.

Спасувачите кои пристигнаа на местото на настанот ги пронајдоа децата во несвест, со симптоми на вдишување чад.

„Ги слушнав пред малку, си играа во дворот.“ „Ќорбан, неколку чаршафи, не знам, можеби се запали од електричен грејач“, рекоа мештаните.

„Децата беа пронајдени во кардиореспираторен застој поради вдишување чад. Мерките за реанимација беа применети околу еден час“, рече Елена Ангелика Бутанеску, лекар специјалист во Општата болница во Сибиу.

За жал, децата не реагираа, па лекарите беа принудени да ги прогласат за мртви.

„За жал, вечерва се случи трагедија во градот Талмаци. Се надевам дека ова ќе биде предупредување за сите оние кои користат различни извори на греење во текот на студените месеци“, рече градоначалникот на Талмаци, Јоан Оанца.

YouTube video

Децата биле одгледувани само од нивната мајка

Децата живееле со нивната мајка во изнајмената куќа каде што се случила трагедијата. Жената претходно била жртва на семејно насилство и била вклучена во програма за заштита до јуни.

После тоа, таа била оставена сама и продолжила да се грижи за децата.

Кога душекот почнал да тлее, мајката била во куќата, но во друга соба. Според извештајот, таа сфатила што се случува предоцна.

„Секако дека биле под надзор. Таа била со нив цело време. Кога излегла низ портата, ги држела за раце за да не им пречат“, рекле мештаните.

„Причината за пожарот се утврдува“, изјави Андреа Стефан, портпаролка на Инспекторатот за вонредни состојби на округот Сибиу.

„Полицијата презема соодветни мерки за да ги утврди околностите под кои се случил овој настан“, изјави Влад Теодосиу, портпарол на полицијата на округот Сибиу.

Телата на децата се преземени од страна на службата за судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција. Полицијата отвори кривична постапка под сомнение за предизвикување смрт од небрежност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер