Пентагон соопшти дека сите хеликоптери, авиони и оклопни возила што останале биле онеспособени, што не ги спречува талибанците да си играат со нив.
На социјалните мрежи се шири видео од група „владетели на Авганистан“ што се вртат на пропелерот на „Црниот јастреб“, трчаат околу него и се забавуваат.
Свесни за вредноста на дури и расипаните хеликоптери, Талибанците, наводно, почнале да ги пренесуваат од Газни на аеродромот Кандахар за поправки.
Во меѓувреме, медиумите јавуваат дека талибанците побарале да се обратат на Генералното собрание на Обединетите нации и со тоа да ја потврдат својата позиција на авторитет во Исламскиот Емират на Авганистан.