Талибанците по експлозиите во Кабул, во кои загинаа најмалку 13 лица : Ве предупрeдивме

Новинар на Гардијан објави дека новинар од Кабул му испратил преведена изјава на портпаролот на талибанците Забиула Муџахид во која се наведува дека Талибанците ги предупредиле Американците за можни напади од терористички групи како што е ИСИС.

"Талибанците се посветени на меѓународната заедница и нема да дозволат терористите да го користат Авганистан како база за нивните операции. Талибанците ги предупредија американските војници за можни терористички групи како што е ИСИС", се вели во соопштението на Муџахедин.

На Твитер е објавена фотографија, направена веднаш по првата експлозија.

Најмалку две експлозии се случија во Кабул. Експлозиите биле надвор од аеродромот, а втората пред аеросдромскиот хотел, е потврдено од турскиот министер за одбрана.

Талибанците објавија дека во експлозијата загинале најмалку 13 лица, меѓу кои има и странски државјани и деца, и дека ранети се талибански стражари, објави Ал Џезира.

Германски безбедносен извор за Ројтерс изјавил дека последните германски воени авиони го напуштиле Кабул, со што завршила германската операција за евакуација.

Роналдо за шансите за титула на Арсенал: Нема да ја освојат лигата, о Боже

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо разговараше со промоторот Френк Ворен, навивач на Арсенал, пред боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Украинецот Александар Усик.

Нивниот разговор е снимен на видео емитувано од Ријад. Ворен му рече на 39-годишниот Португалец: „Сè уште те чекаме во Арсенал“. Роналдо се насмеа и одговори: „Нема да го освојат првенството, о Боже“.

Роналдо претходно играше во Англија за Манчестер јунајтед, со кој три пати ја освои Премиер лигата (2007, 2008 и 2009 година).

По 37 кола, Арсенал се наоѓа на второто место во поредокот, со два бода помалку од лидерот Манчестер сити.

Во последното коло, денес лондонскиот тим ќе игра против Евертон, а Сити против Вест Хем. /МИА

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

притисни ентер