Талибанците ќе испратат делегација на претстојниот состанок во Доха за Авганистан

Талибанската влада денеска официјално ја објави својата намера да испрати делегација на претстојниот состанок во Доха за ситуацијата во Авганистан, јави ДПА.

Главниот портпарол на талибанците Забихула Муџахид изјави дека групата верува дека нивното учество во разговорите во Катар ќе биде од корист за Авганистан кога станува збор за хуманитарна помош и инвестиции.

Состанокот чиј домаќин е ОН ќе се одржи на 30 јуни и 1 јули, со цел да се зголеми меѓународниот ангажман со земјата, бидејќи таа се соочува со серија кризи.

Откако се вратија на власт во 2021 година, талибанците ги отфрлија повиците за формирање инклузивна влада и за обезбедување на правата на жените на образование и работа.

Како резултат на тоа, ниту една земја не ја призна нивната влада. Банкарските резерви на земјата се замрзнати на Запад, а високи талибански лидери се на списоците на барани од САД.

Но, Советот за безбедност на ОН ги олесни патните ограничувања за клучните талибански лидери за да можат да го извршат аџилакот во Мека. Дополнително, минатата недела Европската унија објави пакет хуманитарна помош за земјата од 150 милиони евра (160 милиони долари).

Талибанците бараат поголема соработка со ОН - истовремено отфрлајќи ги иницијативите на светската организација.

Во декември, Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се бара од генералниот секретар на ОН да назначи специјален пратеник за Авганистан. Талибанците постојано беа против да има таква бројка за земјата.

Во февруари, талибанците одбија да присуствуваат на сличен состанок на ОН во Доха поради тоа што беа поканети авганистански активисти.

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

 Утрово е најстудено во Берово, -11 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 31 сантиметар, информира УХМР. 

До 08:30 часот се измерени и -8 степени во Крива Паланка и Маврови Анови, -7 е на Попова Шапка и во Битола, -6 во Крушево, Скопје-Петровец, Штип, Велес и Прилеп, -4 во Кавадарци, Виница и Скопје-Зајчев Рид, -3 во Охрид и Претор, како и -2 во Гевгелија и Струмица.

Снег има и во Маврови Анови, 13 сантиметри.

Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе се движи од 4 до 11 степени. И во Скопје преку ден сончево со мала до умерена облачност, слаб ветер од југоисточен правец и максималната температура до 9 степени.

Русија изврши напади со беспилотни летала на Киев и Суми

 Руски беспилотни летала синоќа предизвикаа пожар во Киев, а повредена е една жена и оштетени се неколку куќи во градот Суми во североисточна Украина, соопштија украинските власти.

„Нема повредени во нападот што предизвика пожар во нестанбена зграда во Киев“, напиша градоначалникот Виталиј Кличко во објава на апликацијата Телеграм.

„Триесет и осумгодишна жена е хоспитализирана по напад на руски дрон врз градот Суми, кој е административен центар на Сумиската област“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Игор Калченко. Тој додаде дека се оштетени пет куќи.

Целосниот опсег на синоќешниот руски напад врз Украина се уште се разјаснува.

СДСМ: Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави

Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и едвај врзуваат крај со крај.

Мерките со некакви „кошнички“ доживеаја дебакл. Наместо намалување се случи зголемување на цените на храната, на основните производи, затоа што власта им остави време и простор на трговците да ги зголемат.

Граѓаните беа принудени сами да се организираат и преку бојкот на маркети да кренат глас против високите цени и големите поскапувања.

И наместо веднаш да преземе мерки и да ги намали цените Власта на Мицкоски така си ги остава работите, ништо не прави за намалување на цените. Граѓаните се оставени сами.

Мицкоски вели ќе разгледувале, ќе правеле анализи, ќе презентирале нешто на наредната седница на Влада.

Човекот што троши за една реклама на Фејсбук повеќе од една минимална плата си поигрува со народот кој секој ден плаќа поскапо а има помалку.

Па 8 месеци поминаа допрва ли ќе разгледува Мицкоски? Нели ветуваше дека ќе се намалат цените? Еве цените не се намалија, се зголемија, неспособноста излезе на виделина.

Власта има 6 милијарди евра буџет. Зошто едноставно не ги покачи платите? Што се чека?

Едноставен е одговорот, политиките на Мицкоски се насочени кон заштита на интересите на големите трговци и елитата а граѓаните се оставени сами на себе.

Секогаш кога ДПМНЕ е на власт се зголемува економската несигурност на семејствата, народот има се помалку пари а се богатат само неколкумина во врвот на власта.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

притисни ентер