Талибанците ја презедоа комплетната власт во Авганистан, Западот допрва ке гради став и стратег - Канал 5

Талибанците ја презедоа комплетната власт во Авганистан, Западот допрва ке гради став и стратег

 Молневитото талибанско освојување на Авганистан и особено на главниот град Кабул, и уште побрзото, речиси без никаков отпор, преземање на лостовите на власта, е шок за сите западни демократии  и влади. 

Талибанците ја презедоа комплетната власт во Авганистан, Западот допрва ке гради став и стратег

Овој воен „блиц криг" во земјата во која 20 години Западот, пред се ,САД, вложуваа милијарди и милијарди долари во опрема, техника, персонал и поинаков изглед и развој, за повеќемина западни лидери, медиуми и аналитилари, е најголемото фијаско во историјата на САД и НАТО. Некои медиуми дури оценуваат дека е ова триумф на тероризмот врз западните вредности.

Земјата веќе два дена е комплетно во рацете на талибанците, освен аеродромот во Кабул, каде преостанатите американски војници се обидуваат да го обезбедат повлекувањето на дипломатите и да воспостават каков таков ред во хаосот што од вчера рано утрината го предизвикаа илјадниците Авганистанци, кои сакаат да побегнат од земјата. Откако илјадници Авганистанци трчаа по авионите по пистата, Пентагон донесе одлука за привремено затворање на кабулскиот аеродром. Притоа имаше и загинати, што од истрели на американските војници кон вооружени лица на пистата и околу авионите, што од пад од височина, бидејќи голем дел од нив се обидуваа да заминат обесени на надворешноста на авионите.

Талибанците засега најавуваат дека нема да има одмазада кон ниту еден Авганистанец кој работел за странските војски или бил дел од администрацијата или безбедносните служби на прозападната Влада во Кабул. Заменик шефот на талибанската политичка канцеларија во катарската престолнина Доха, Абдул Салам Ханафи, за авганистанската телевизија „Аријана њуз" изјавил дека сите државни службеници, и мажи и жени, можат да се вратат на своите работни места .

-Талибанците се обидуваат да го отворат патот за коалициска влада и сите Авганистанци ќе бидат вклучени. Ниту еден Авганистанец не треба да се плаши од некој што работел со претходната влада. Ние ќе и служиме на нашата земја. Без разлика дали станува збор за цивилниот или воениот сектор, никој нема да ги загуби своите привилегии, вети Ханафи.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, меѓутоа, вчера го повика Советот за безбедност да ги искористи сите средства што ги има на располагање за да се избори против „глобалната терористичка закана во Авганистан" и да гарантира почитување на основните човекови права во таа земја.

-Добиваме страшни извештаи за сериозни ограничувања на човековите права низ целата земја, рече Гутереш, обраќајќи им се на земјите-членки на Советот за безбедност на ОН.

Тој нагласи дека е особено загрижен за извештајот за зголеменото кршење на човековите права на жените и девојките во Авганистан.

Освен Советот за безбедност на ОН, што во моментов заседава на барање на Естонија и Норвешка, за непредвидливоста на ситуацијата во Авганистан, денеска ќе расправаат и шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ, на онлајн средба во Брисел.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел изјави дека на денешната средба ќе биде дадена само „првичната проценка" и додаде дека Авганистан во моментов се наоѓа „на крстопат", пренесува бриселски Политико.

-Во прашање е безбедноста и благосостојбата на граѓаните на Авганистан, како и меѓународната безбедност, рече Борел.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера телефонски разговараа за ситуацијата во Авганистан, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Во телефонскиот разговор двајцата дипломати се согласиле да продолжат консултациите со Кина, Пакистан и Обединетите нации, пренесуваат британските медиуми.

Западните земји допрва ќе ја градат својата заедничка позиција во однос на ситуацијата во Авганистан. „Стратегијата за градење на односите со радикалното талибанско движење треба да се разработи на меѓународно ниво, ако е тоа воопшто можно", изјави вчера за време на брифинг портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.

Тој пред новинарите кажа дека треба да се разговара за формата на идниот дијалог, дали воопшто е можен таков дијалог и под кои услови.

Претседателот Џо Бајден и натаму ја брани својата одлука за повлекување на американската војска од Авганистан, и посочува дека хаосот што се случува по заземањето на власта од страна на талибанците не е „најлошото сценарио", изјави Џејк Саливан, советник за национална безбедност на Бајден.

-Всушност, сметам дека најлошото сценарио за САД би било околности во кои ние ќе додаваме назад илјадници и илјадници војници да се борат и да умрат во граѓанска војна во Авганистан кога авганистанската армија не е спремна да се бори, истакна тој

Тоа било алтернативниот избор со кој Бајден се соочил.

-Ако останавме плус уште една, или уште две години, или уште пет години или уште 10 години, никаква добро спроведена воена обука или квалитетна опрема или потрошени пари или изгубени животи на САД не можеше да ја стави авганистанската армија во позиција да може да ја оддржува таа земја самостојно, истакна Саливан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена облачност и температура до 26 степени

Утрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. 

Сончево со мала до умерена облачност и температура до 26 степени

Според УХМР ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на стабилно време. Во текот денот ќе биде сончево и релативно топло, а во текот на ноќта ведро и тивко. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска доаѓа во официјална посета на Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова

Како што соопшти владината прес-служба, Фон дер Лајен ќе има тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски, по која ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Премиерот Мицкоски во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, во изјава за медиумите повтори дека Владата е подготвена за разговор и решение, отфрлајќи ги обвинувањата на опозицијата дека го кочи евроинтегративниот пат со неотварањето, односно неприфаќањето на уставните измени.

– Нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни. Ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение – истакна Мицкоски.

Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска-Давковa во Вила Водно. Ќе се разговара за европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ.

На средбите се очекува да стане збор и за проблемот со Бугарија и за можностите за негово надминување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 2.октомври 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 2. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 2.октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Се разбиструва маглата во која се чувствувавте по малку загубено. Се поголем е оптимизмот и вербата во поубав љубовен живот.

Кариера

На работното место денеска максимално ќе се служите со интуицијата. Таа одлично ќе ве води и ќе ви ги даде одговорите што ги баравте.

Здравје

Чувствителност на дигестивниот систем.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои тајни би можеле да испливаат на површина и така да ви го разјаснат она што до неодамна ве измачуваше.

Кариера

Сите кои се занимаваат со истражувачка дејност , денеска би можеле да дојдат до интересно откритие.

Здравје

Ќе сонувате интересни соништа.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во текот на денешниот ден ќе почувствувате дека вашиот љубовен живот се поместува од мртва точка на подобро.

Кариера

Можно е денеска да ве обземат нереални амбиции. Потудете се тоа да го сведете на разумна мерка.

Здравје

Ви се зголемува апетитот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И покрај малите незадоволства , препознавате се поголема љубов и радост во вашиот личен живот.

Кариера

Ќе се чувствувате безгрижно и нема да им придавате големо значење на малите грешки во работењето. Ќе сметате дека се неважни.

Здравје

Не претерувајте со благото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вашиот партнер ќе го гледа светот во розово , вие ќе бидете фокусирани на проблемите. Обидете се да гледате на позитивните работи во односот.

Кариера

Ќе успеете да постигнете квалитетен договор поврзан со некаква деловна соработка.Ќе има и такви кои ќе се сомневаат во вашите достигнувања.

Здравје

Помалку јадете , повеќе трошете калории на спортување.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку се уште не сте нашле личност од соништата , добро погледнете околу себе додека сте на работното место. Некои таму ве разгледува.

Кариера

Вашите шефови денеска нема да бидат сигурни што навистина сакаат , но затоа вие и колегите ќе знаете што треба да направите.

Здравје

Најдете соодвета техника за релаксација.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Како што ќе минува денот, се повеќе ќе уживате во скромните погледи и читањето меѓу редови .

Кариера

Оние кои се занимаваат со алтернативни дејности, би можеле да бидат на чекор до големи достигнувања и радост.

Здравје

Бидете среќни.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

На моменти ќе имате потреба на сите да им кажете како се чувствувате , а на моменти сето тоа би го сокриле. Резултатот е збунетост на партнерот.

Кариера

Одличен ден за креативно поврзување со луѓето . Ќе измислите нови специфични начини на комуникација.

Здравје

Опуштете се во разговор.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно со драгите пријатели ќе ги спеделите грижите за вашиот љубовен живот и така ќе си олесните.

Кариера

Ќе заклучите дека доволно сте постигнале во согласност со целите што сте ги поставиле. Тоа ќе биде причина за задоволство.

Здравје

Треба да се биде реален.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Мали надмудрување во врска со доминацијата со партнерот денеска ќе го заземат поголемиот дел од вашето време. Осамените би можеле да најдат љубов на работното место.

Кариера

Конечно ќе се дефинира еден деловен план , според кој ќе се развива и вашата кариера и статусот.

Здравје

Замор.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Влегувате во помирна љубовна фаза. Врската во која се наоѓате почнува да наликува на сите останати , но вие сепак сте среќни.

Кариера

Не поднесувате индиректни пораки , а денеска ќе се соочите токму со нив. Не коментирајте , туку работете.

Здравје

Ќе бидете креативни во изразувањето.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Со задоволство би сакале да се забавувате , но состојбата ќе ја смирува таквата потреба. Вашата врска е коректна со мали предивици.

Кариера

Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински генијалец. Ќе имате одлични идеи.

Здравје

Немојте да се срамите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер