Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан - Канал 5

Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан

Талибанците ја отфрлија можноста за враќање на американските сили во воената база Баграм во Авганистан, како што побара претседателот на САД Доналд Трамп.

Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан

- Каков било договор за враќање на поранешната американска воздухопловна база во Баграм е невозможен. Некои луѓе рекоа дека започнале преговори со Авганистан за враќање на воздухопловната база Баграм. Но, договор дури и за еден квадратен сантиметар авганистанска почва е невозможен, одговори Фасихудин Фитрат од Министерството за одбрана, по вчерашната закана на Трамп дека Авганистан ќе се соочи со казна доколку го одбие барањето.

Трамп му се закани на Авганистан со неодредена одмазда, само неколку дена откако за време на неговата посета на Обединетото Кралство, ја покрена идејата Американците да ја вратат контролата врз Баграм.

- Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија, а тоа се САД, ЛОШИ РАБОТИ ЌЕ СЕ СЛУЧАТ!“, објави американскиот претседател на својата платформа Truth Social.

Баграм беше најголемата воздухопловна база на Американците во Авганистан и центар од каде се водеа воените активности на Западот и САД против Талибанците сè до нивното враќање на власт во 2021 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часа

Повеќе од 17000 лица ја напуштиле македонија во последните 24 часа преку ГП Богородица и ГП Дојран кон Грција.

За излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часа

Во истиот период во земјава влегле околу 16000 птници, покажуваат податоците на министерството за внатрешни работи.

Преку Богородица во Македонија влегле 5864 македонски државјани а изглегле 5948, од странски државјани влегле 10249, а излегле 11648.

На Дојран се евиндентирани 399 влегувања и 1104 излегувања на македонски државјани , странци 1295 влегле, 1174 излегле.

Поради големената фреквенција на двата гранички премини се создадени долги колони возила, најголем метеж беше забележан на Дојран, каде колоната возила се протегаше низ целиот Стар Дојран.

Од МВР велат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресусри за побрз проток на патниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово Гостивар

Автобус на компанијата „Дурмо Турс“ денеска се запали на автопатот Тетово Гостивар, предизвикувајќи вознемиреност кај патниците и останатите учесници во сообраќајот. 

Се запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово Гостивар

На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е зафатен од пламен, додека густ чад се издига над коловозот.

Според првичните информации, возачот навреме го запрел автобусот, по што сите патници безбедно биле евакуирани. Засега нема информации за повредени лица, а на местото на настанот интервенирале противпожарни екипи кои го локализирале пожарот. Надлежните институции вршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на огнот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен

Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен-Погледнете што ќе носи популарната „тигрица“.

Видео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен

Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка ја претстави својата облека за престојниот Грен слем УС Опен.

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, ја претстави својата опрема за УС Опен.

Откако неславно го заврши настапот на Вимблдон, таа ретко се појавуваше во јавноста, а сега одлучи да ги израдува навивачите со облеката што ќе ја носи на последниот Грен слем турнир во сезоната.

Брендот „Најк“ и тенисерката од Белорусија овојпат направија чекор понапред. „Тигрицата“ ја брани титулата на УС Опен, откако победи во 2024, а потоа и во 2025 година.

Ако се суди според најавите, ќе гледаме агресивна и енергична Сабаленка, каква што сме навикнати да ја гледаме. Облеката што ја претстави го навести токму тоа.

Сабаленка се одлучи за портокалова боја – маичка и шорцеви, а претходно ќе носи и мрежест фустан.

Иако популарниот бренд досега не ѝ овозможувал на Сабаленка уникатни спортски комплети, овојпат тоа секако ќе се случи. Јасно е дека опремата што ќе ја носи Белорусинката е инспирирана од „Спајдермен“, а се очекува и други тенисерки кои го носат овој бренд да се појават во слични изданија.

Црната мрежа што ја прекрива дводелната спортска опрема е директна асоцијација на филмот, чија премиера е закажана за јули 2026 година. Нема сомнеж дека изданието на Арина Сабаленка ќе предизвика бројни реакции, бидејќи коментарите постојано се менуваат – од позитивни до негативни – само неколку часа по објавувањето на видеото.

Фановите не ја изоставија ниту Наоми Осака, од која очекуваат уште поспектакуларно издание, слично на оние од претходните три Грен слем турнири. Воедно, ова веројатно е последниот Грен слем на кој Сабаленка ќе носи стандардна облека од „Најк“ (Nike) како и останатите тенисерки, бидејќи уште во 2027 година би можеле да ја видиме во персонализирани комбинации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер