Талески: СДСМ заврши над 90% од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се кити со туѓи перја - Канал 5

Талески: СДСМ заврши над 90% од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се кити со туѓи перја

Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско.

Талески: СДСМ заврши над 90% од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се кити со туѓи перја

Задоволството е поголемо заради огромното значење за граѓаните кој овој пат го има не само за Прилеп и прилепчани, туку и за граѓаните на Битола, Ресен и од целиот Пелагониски регион.

Горди сме затоа што СДСМ во својот мандат заврши над 90% од работите овој проект.

-Завршени беа 2 тунели со вредност од околу 6 милиони евра кои беа најсложени за изградба.

-Асфалтирани беа над 95% од вкупната должнина на патот.

-Изградени беа сите клучни конструктивни елементи: 21 мост, 11 потпорни ѕидови, 15 пропусти, 1 вијадукт, 1 галерија.

Проектот долг 10,2 километри, со вредност над 33 милиони евра, најтешкиот и најкомплексен дел од трасата во Фаришката клисура го заврши Владата на СДСМ.

Тоа граѓаните многу добро го знаат.

Што направи ВМРО-ДПМНЕ?

За цела 1 година да заврши мал дел, да санира само едно свлечиште, да постави бетон од 10 метри, да заврши дел од сигнализацијата и дел од оградите.

И она најважното за нив, да се китат со туѓи перја, да се сликаат пред камерите и да го претставуваат овој проект како свој.

Но сепак добра вест за граѓаните е дека кончено патот е завршен. Дека граѓаните од целиот пелагониски регион добиваат пат значаен за економијата, транспортот и безбедноста.

Со одговорност и посветеност кон реалните потреби на граѓаните СДСМ многу инвестираше, особено во патните проекти.

СДСМ многу инвестираше во различни проекти, особено во патната инфраструктура. Експресниот пат Градско –Дреново е исто така проект на СДСМ, обновата на патната делница кај Плетвар, патот од Прилеп кон езерото, почетокот на реализацијата на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола како дел од Коридорот 10д и така натаму.

Им благодариме на сите вредни градежни работници, инженери, проектантни, на сите кои работеа и учествуваа во реализацијата на овој проект, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се запали автомобил во подземниот паркинг на Кам мол во Ѓорче Петров- посетителите бегаат во паника

Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на КАМ мол во скопската населба Ѓорче Петров, по што биле евакуирани сите посетители на трговскиот центар.

Се запали автомобил во подземниот паркинг на Кам мол во Ѓорче Петров- посетителите бегаат во паника

Според очевидци, со асистенција на полицијата, возилата едно по едно го напуштаат паркингот. На нив се забележуваат траги од чад, а чад излегува и од вентилацискиот систем на објектот.

На местото се присутни полициски екипи и пожарникари, а пред молот се собрани голем број граѓани.

Засега нема официјални информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за тоа дали има повредени лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сојузот на борци му додели признание на новинарот Видиновски за национален активизам

Новинарот и уредник во Канал 5, Александар Видиновски вечерва го доби признанието во категоријата национален борец, како признание за значаен национален релевантен активизам.. 

Сојузот на борци му додели признание на новинарот Видиновски за национален активизам

Признанието му го додели Сојузот на борци во рамките на одбележувањето на 19-ти ноември, денот на ослободувањето на Тетово во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со стареењето се нарушува процесот на чистење на мозокот од отпадни материи

Како што луѓето стареат, тие имаат тенденција да спијат пократко и да се будат почесто во текот на ноќта. 

Со стареењето се нарушува процесот на чистење на мозокот од отпадни материи

Покрај тоа, истражувачите откриле дека процесот одговорен за исфрлање на отпадните производи од мозокот за време на спиењето често е нарушен кај постарите возрасни лица, објави Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ).

Истражувачите откриле дека брановите на цереброспиналната течност (CSF), кои помагаат во исфрлањето на клеточниот отпад од мозокот, се значително послаби кај постарите возрасни лица. Ова оштетување е поврзано со намалување на бавните мозочни бранови, кои нормално се јавуваат за време на длабок сон, откриле истражувачите, и не е само резултат на пократок сон.

Научниците сега се надеваат дека ќе истражат дали нарушениот проток на CSF го зголемува ризикот од невродегенеративни нарушувања и дали некои од моделите на спиење што ги забележале би можеле да се користат за предвидување на индивидуалниот ризик.

- Знаеме дека луѓето стареат на многу различни начини. Некои стареат многу успешно, со одлични когнитивни резултати, додека други развиваат когнитивен пад. „Ако можеме да откриеме кој има поволни траектории на стареење и кои фактори се поврзани со нив, би можеле да го искористиме тоа за да ги предвидиме идните исходи“, вели Лаура Луис, професорка по електротехника и компјутерски науки на одделот, членка на Институтот за медицинско инженерство и наука и Лабораторијата за истражување на електрониката на МИТ и придружен член на Институтот Пикауер за учење и меморија.

Нејзината лабораторија, исто така, планира да истражи дали постојат интервенции што би можеле да го подобрат протокот на CST кај постарите возрасни лица.

Луис е главен автор на студијата, која е објавена во списанието Nature Aging. Сидни Бејлс, постдокторски истражувач во Лабораторијата за информациски и системи за одлучување на МИТ, и Стефани Вилијамс, поранешна гостин-студентка на МИТ која ќе го добие својот докторат од Универзитетот во Бостон во 2026 година, се водечки автори на трудот.

Намалената невроваскуларна спојка и нарушениот проток на крв објаснуваат голем дел од падот на протокот на цереброспиналната течност, но не можеа да објаснат сè, истражувачите развија статистички модел што сугерира дека веројатно постојат и други фактори поврзани со стареењето што придонесуваат за падот на протокот на цереброспиналната течност, велат тие.

„Стареењето е толку сложено и толку многу различни работи се менуваат што е навистина тешко да се издвојат индивидуалните фактори“, вели Бејлс. „Се обидуваме да објасниме некои од механизмите, но секако постојат многу други фактори поврзани со здравјето на крвните садови и начинот на живот. Ако можете да ги измерите сите, можеби ќе можете да ги разложите на различни објаснувања за тоа зошто протокот на цереброспинална течност кај една личност е повеќе или помалку нарушен.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер